Излегував со една девојка изминатиов период. Отприлика тоа траеше неколку недели, нешто повеќе од месец. Според мене се одеше супер, и навистина мислев дека кје произлезе врска од ова. Но на последниот "дејт" со неа, на крајот на вечерта пред да ја испратам, ми кажа дека не била подготвена за врска, и поради претходните лоши и токсични врски, не сакала да се повреди повторно. Јас тука ми застана срцето за момент, бидејќи пред 10 минути се беше супер, и наеднаш ова? А таман мислев дека оди ова кон подобро. Немаше тука што да правам, чим едниот нејќе јебига. И реков дека разбирам како и е. Она сакаше да останеме пријатели, се согласив (имаме и доста заеднички пријатели а и така се знаеме всушност). Нема лутење тука, и двајцата сме во фаза на крајно созревање (јас 20, она 18 г.)
Е сега, не разбирам зошто пробува да остане во контакт со мене. Немаме исто друштво, иако некад знаеме да се склопиме. Јас не можев да дојдам неколку пати на такви склопки и она прашувала мои пријатели да не сум лут или нешто слично. Се случило и мене да ме праша дали е се во ред бидејќи сум бил "ќутлив", а обично кога сум бил со неа сум бил "зборлив". Се е во ред само јас не ја гледам поентата да се остане пријател со некој што ти се допаѓал а они тебе назад не. Не разбирам зошто некогаш ме вика на искачања со нејзино друштво (има добри пријатели, може асален муабет да се направи со нив).
Навраќајки се сега на изминатите настани дур излагавме, мислам дека сфатив каде згрешив. Или сум згрешил или и било досадно па ајде да си поиграм малце со типов. Се надевам не е второто ама јебига,Секое искуство е корисно во животов.
А за тоа дека не била подготвена за врска, ја намирисав уште од тогаш кога ми го кажа тоа дека е лага. Сум го слушал и претходно од девојќи. Првиот пат кога го слушнав бев наивен и поверував, се дур таа првата не си фати дечко откога ми кажа дека не е подготвена. Сега се преправам дека верувам бидејќи не вреди да се расправам и да расипувам "пријателства". Еве и последнава не беше подготвена за врска па ја гледам искача со некој моментално. Ах бре жени, што ве кошта да бидете искрени еднаш?