Другари, потребен ми е совет. Ќе поминам веднаш на главното. Се скаравме со сопругата за банална расправија и дојдовме до развод. Не се разведовме само на муабет развод. Сме имале и порано многу посериозни расправии и сме ги решиле еден со друг, но овој пат ги вмешавме и родителите. Проблемот е сега нејзиниот татко не сака да чуе за мене бидејќи таа му кажала многу лоши работи за мене и не дозволува да продолжиме. Ние се сакаме, се состануваме тајно оваа недела како тинејџери, а јас морам да си одам за три дена бидејќи работам во Германија. Бев дојден всушност да ја зеѓаѓ неа со детето. Како да постапам со нејзиниот татко ?
Ве молам за совет
Let me get this right...
Имаш сопруга, имаш дете... и кога се скаравте ги вмешавте родителите? АЛО?
И како тоа за банална расправија се доаѓа до развод? Ако е банална расправијата и од таква се доаѓа до развод седни и клај си го прстот на глата дали сакаш да си во брак со таква особа... (ако е до неа, а ако е до тебе... Господ да ти е напомош).
Мешање на родители... глупост од невероватни размери. Што очекувавте? Некој што е 25-40 години разлика од вашите да размислува исто како вас? Да ви ги сфати проблемите, потребите, недоразбирањата? На крај краева да ви даде корисен и паметен совет?
На крај, тајно состанување како тинејџери... со кој памет?
Ако мислите дека сте еден за друг, парталите и на страна. Дали во Германија или не знам јас каде едноставно одите некаде на страна без родители и нивно мешање.
Малку покомплицирани се работите него што ги имаш пишано во постираното изгледа пријателе

Ум во глата и мисли на детето, со „сопругата“ очигледно сте ја заебале работата (од памет, ... твој, нејзин - најверојатно нејзин пошто не се плачи пред родители... ако си кадарен да се мажиш и да имаш деца ќе бидиш кадарен и бракот да го тераш без влијание од страна), сега останува да се крпат последиците за тоа дете кое го спомнуваш... помеѓу вас е прашање што и како но според мене треба да пресечите и да не ја влечкате работата. Или сте или не сте заедно. Ende.
Има една девојка се знаеме од деца и некако се зањубив во неа. Собрав храброст да и кажам дека ја сакам. На таа ми рече дека не е можно зошто таа ме чуствувала како БРАТ!!! Ама пред некое време ми праќа некои чудни сигнали што не ги сваќам. Од типот на да шегување, контрање за ситници мислам смешно.
Шо велите на ова!!!?
Sent from my 5010X using Tapatalk
Како што вели чика Саша Матич (кој сум сигурен дека го слушаш): „Тражи нову љубаФ“...
Размислувам многу долго време,премногу сум збунета и имам потреба за различни совети и мислења, па одлучив да го направам тоа овде.
Пред неполна година започнав врска на далечина со дечко кој ги исполнуваше критериумите што ги сакам кај некоја личност.
Врска како врска, се состои од караници и смирувања.
Знае да ми попушти во ситуации каде што некој друг не би толерирал и би ставил крај.
Пред неколку дена бевме заедно, отидов во неговиот град како што договоривме претходно и да го поминеме денот заедно бидејќи за некој ден ќе оди на печалба.
Наместо да го искористиме денот, тој речиси 3 часа од како пристигнав си седеше на интернет, мрмореше, и речиси не ми посветуваше внимание.
Наместо да ги искористиме деновите што ги имаме пред да замине, налетав на доста ладен однос кон мене.
Се почуствував вишок, си ги собрав работите, му реков да продолжи да седи на интернет и јас си отидов.
Поминав долг пат за да се случи тоа.
Додека чекорев по улиците разочарана, без сознание, тој ме бараше на телефон и ме преколнуваше да се вратам, јас не се вратив. Пристигнав на автобуската станица, ниту сама не знаев како но тој ме уценуваше дека би било крај за нас доколку не се вратам, доколку не поработам на моето однесување и правење инциденти.
Инцидент? Затоа што си отидов дома само заради тоа што нему не му бил денот, а мене ме третираше како предмет? Доста не фер работа од него иако и јас имав удел затоа што си отидов.
Ги средивме некако проблемите, но од друга страна не.
Од тогаш, постојано ми префрла за тоа, постојано е нерасположен, постојано се однесува со мене ладно, незаинтересирано, сеедно.
Сето тоа го проголтав бидејќи не сакам да создавам тензии пред неговото заминување.
Во себе си велам - ете сега ќе отиде во туѓина, и така ќе олади, а од нашата врска нема да има ништо.
Можеби навистина е до мене, не знам.
1. Врски на далечина во скоро 80% од случаите не функционираат и секогаш доаѓа до крај (јбг, во такво време живееме).
2. Ако те трпел во ситуации кога друг не би ни те толерирал тогаш запрашај се пак да не имаш нешто укакано, а ти да си мислиш дека е сè океј.
3. Штом си била кај него дома и не ти обрнувал внимание тогаш мора да има дебела причина или едноставно таков е карактер...
either way паметно што стана и си замина пошто тоа е понашање на деца од 13 години. Возрасните луѓе отворено разговараат за проблемите, ако можат да ги решат продолжуваат напред - ако не можат крај. Нема потреба од премногу драма.
4. На 28 години, како што пишува тука дека имаш, ако не знаеш дали е до тебе или до него и ако после вакво шиканирање си спремна да продолжиш врска, ПЕКИ.
Во секоја врска имаш кавги и недоразбирања кои ги решаваш со компромис и разговор, а после тоа и добар секс. Ако било што од овие работи не функционира, плукни се и продужи даље. Ваљда на твои 28 треба тоа да ти е доволно јасно според животното искуство од претходно...
Со лесно.