Крусер
Тотем Пума
- Член од
- 4 јули 2008
- Мислења
- 3.556
- Поени од реакции
- 1.612
[1] Да, ти си била таа со којашто тој научил да сака. Ти си го научила како изгледа некој него безусловно да го сака и сè да направи за него. Ти си била лекцијата што нему му била потребна.Нормално дека ке ја советував да продолжи со животот..Свесна сум за се, се трудам да продолжам сама, секое утро со надеж дека ке биде подобро но мене ми е се полошо...и да прееемногу ми е глупо а и тешко претешко после сите понижувања, молења, солзи, неисполнети ветувања од негова страна.. ама [1]криво ми е што знам дека некогаш ме сакал, бил добар со мене и ми бил единствена потпора а сега више го нема и сум сама препуштена на себе, има друга на мое место па дури и [2]ми рече дека живеам во сон од кој мора да се разбудам и да сватам дека е крај, и иако сеуште малце ме сакал немаме заедничка иднина... ја незнам како ке го заменам со друг или ке го заборавам..како што рече баба ми бог да ја прости,, првата љубов никогаш не се заборава ,, .
Сега знаеш што сè си спремна да направиш за човекот што го сакаш. Искористи го тоа знаење и следниот партнер гледај да биде некој којшто *за тебе* сè ќе направи и ќе те сака безусловно. Од твоја страна ти си спремна за вистинска љубов (тој бил лекцијата што ти си ја совладала, т.е. како 100% да се сака маж). Сега е време да дозволиш да те најде човекот што вистински тебе ќе умее да те сака.
[2] До некаде е во право; не живееш во сон, туку во минатото. А минатото не се враќа. И сè додека сакаш пак да се вратат работите како што биле, ќе те боли и ќе си го губиш времето напразно.
Тоа неговото „малце сакање“ е фактот што ти ја кажал вистината директно и во лице. На тој начин, се обидува да ти помогне да останеш своја, на свои нозе, и да продолжиш со својот живот. Замисли да беше некој којшто ќе се обидувал на секој начин да ја саботира твојата среќа; зарем ќе си била посреќна?
Како што реков: фактот што ти веќе не си со него отвора простор да го запознаеш човекот на твојот живот, којшто ќе те сака и цени 100% и сè ќе направи за тебе, како што ти веќе знаеш сè да направиш за човекот когошто го сакаш 100%. Треба само твоето знаење во љубовта кон човекот на твојот живот да ја пренесеш од бившиов на следниот што ќе дојде, т.е. што ќе му дозволиш да те најде.
Со лесно.