Крусер
Тотем Пума
- Член од
- 4 јули 2008
- Мислења
- 3.556
- Поени од реакции
- 1.612
[1] Став на место. Година дена сте заедно, сте поминале низ сито и решето заедно (повеќе изгледа ти си поминал) и уште имаш некакви чувства за неа. Доколку до толку сакаш да си со неа, ќе бидеш со неа, макар и те мотала околу малиот прст цело време.Свесен сум за се...но,не знам дали ова што потсвесно сакам да ја вратам,е тоа што стварно сакам да бидам со неа,или само завист...бидејќи,она се смени...5-6 месеци е баш онаква каква што треба да биде..без ниту една грешка,без ниту една маана.Ако ме разбираш...не знам дали стварно човек може да се смени,или тоа се само лаги за тие што сакаат да задржат нешто што сфатиле дека вреди..сите што зборев,ми кажуваат дека само барам причина ад бидам со неа,и си ја измислувам таа причина дека е сменета и дека сега е"добра".Не сакам да погрешам,и да изгубам нешто што вреди...бидејќи и поркај нејзините грешки,јас пројдов...дома ми кажуваат,ко у стил,[1]чим си прошол-а сега е она ОК,тогаш зошто раскинуваш? но не знам дали стварно можам да заборавам на се,и ајде тоа,ќе заборавам,бидејќи секој месец беше се подобро и подобро,ама дали она може воопшто да се смени,или се е само глума...и да биде уште по трагично,не и раскинав јас,иако и признав дека веќе не ми е тоа тоа,дека ја отсакувам..после недела-две,[2]она ми раскина,со изговор дека така ќе било подобро за мене,да сме виделе како ќе биде,не ме заслужувала,нејќела ради неа ад се нервирам бидејќи не вредела и слично...
збунки ме маваат,жими се.А знам дека тие што така ми зборат,ќе почуствуваат на своја кожа..бидејќи и јас серев на другари така,ама еве сега и јас паднав во бунарот...и,свесен сум дека можам да имам други,кои што од СТАРТ ќе ценат...ама ете,неможам,се приврзав за неа премногу..
На тебе е да процениш: дали повеќе ти значи твојата гордост за да не дозволи да се однесува како сака со тебе (дури и со можноста да оди во друг град за потенцијално да се мува со муваторот) па да останете раскинати, или ќе се погазиш себе си за да бидеш со неа.
[2] Според ова, нејзе ѝ е поважно да има физички контакт со некој којшто повеќе сака да има само физички контакт, отколку да има некој дечко којшто ќе се обидува да ѝ угодува и да има врска со него. Моментот „не те заслужува“ е веројатно точен: ти си далеку позрел отколку што е таа и нејзе ѝ треба време за да достигне до твоето ниво. Ти си видел потенцијал кај неа и гледаш дека сега ѝ се остварува, но таа ти раскинала, а ти во тој момент си прифатил. Крај на приказната. Барај друга девојка.
Целото ова време ти си мислел дека таа е совршена *за тебе*. Во ниту еден момент не ти текнало дека таа прво треба да биде совршена *за себе*, т.е. за неа самата, пред да може да биде совршена за кој и да е друг. Ѝ требало време за да се најде; можеби се нашла и можеби сфатила дека не сака да биде совршена за тебе, туку за некој друг. А можеби ѝ треба уште време - сепак има само 16 години, а ти 18.
А луѓето се менуваат, верувај. Но прашање е дали тоа ќе се случи сега за вас - луѓето се менуваат откако ќе научат некои работи од животот и ќе направат *промислена* одлука што да прават со тоа свое знаење. Со самиот факт што ти си знаел од почетокот дека таа е вистинската за тебе, ти си започнал многу посреден емоционален живот од неа. Но *таа* не била спремна да стаса на тоа рамниште. И треба да го почитуваш тоа, бидејќи таа е човек за себе и треба да се развие како што *таа* мисли дека треба.
Можеш да се најдеш со неа за последен пат и да ѝ кажеш дека навистина си сметал дека таа е вистинската и дека дури сега, после толку многу перипетии, таа според тебе станала совршена. И дека ти е жал дека нема да биде совршена за тебе и дека не сте успеале поради какви и да се причини, но дека се надеваш дека ќе биде совршена за некој друг, бидејќи, и покрај сè, сакаш да биде среќна.
И потоа остави ја да си оди со својата среќа, бидејќи тоа е единственото нешто што можеш да го направиш: да ја пуштиш да биде среќна.
Велат, ако некого/-ја сакаш, пушти го/ја да си оди. Ако не се врати, не бил/-а за тебе. Ако ти се врати, твој/-а е засекогаш.
Со лесно.