Љубовни проблеми? Потребен ти е совет? Обрати се тука!

Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
Направи листа [1]: што имаш ти што нему му се допаѓа?

Потоа направи листа [2]: што е она што му се допаѓа што може да го најде *кај друга(р)*, освен кај тебе?

Ако [2] > [1], раскини му. Можеш и да ги искористиш зборовите „за твое добро“ или „не сакам да ти претставувам товар“. Ќе помогнат и „благодарам“ и „со среќа“.

Во меѓувреме, сосема независно од ситуацијата, направи листа [0]: што тебе ти се допаѓа кај маж којшто е со тебе?

Со лесно.
Ова е уствари целата "наука" на врскаџиските ЗРЕЛИ релации.

Секој треба да се биде со некој кој е доволно еднаков на она што го бара од партнер, И истовремено да биде доволно еднаков на она што неговиот партнер го бара.

Романтична релација може да се има со секој трет, идејата е да се има зрела врска.
И да се сака може секој еве трет, ама не значи дека е сроден партнер за споделување на животот.

Поентата ми беше да се надоврзам на постот бидејќи факт е дека зрелата врска си бара математика, пресметување компатибилност и потенцијално идно однесување.

@Саншајн може типот почувствувал дека сакаш да го "врзеш". Всушност машките, дури и оние што личат мрзливи и чил, самоиницијативно преземаат чекори кога им се сака. Ама мораш да остаиш простор за да осети дека му се сака. Ако му се нудиш на тацна и тоа за озбилно, не може да разграничи колку е навистина со тебе од своја, а колку од твоја желба.

Освен тоа, ако се познавате кратко, нереално е да му се нудиш на тацна за озбилно, и на него му доаѓаат хинтови дека врската не е зрела туку е под дејство на околности (needy).
Во зрелите врски не се потребни романтични ветувања, тешки љубовни изјави, очекувања и желби да се промени другиот.
Ако го имаш идеалниот, тогаш не ти е важно колку време минувате заедно, туку ботно ти е само што постои и е со тебе во врска, тоа е веќе огромна работа.

Малце избегав офтопик:/

он топик: Типот ако е зрел сам треба да биде свесен дека барем еднаш дневно треба да ти се јави и порака да пише (вака буквално ги поставив за да знаеш дека да бараш повеќе од ова може е неприкладно). Исто така, ако знае дека сакаш риплај навремен на смс, треба да одговори доколку не е на работа, во следните 4,5 саати. Доколку е на работа, ќе почекаш да се врати.

Неодговарање на ѕвонење на телефон и некажување каде е и со кој се незрели однесувања кои досега требало да ги приспособи на тебе која си го барала тоа, дури и да му било навика првично да не се замара со телефони.
 
W

Werther

Гостин
Тој се однесува вака бидејќи и ти се однесуваш исто. Специфично, бидејќи сметаш дека ова важи и затоа си си умислила дека имаш полно право ова да го направиш.

А што се случило конкретно? Имаш ли некои индикации дека навистина има друга? Од каде знаеш дека има? Само бидејќи не ти вратил на порака кога *ти* си посакала да ти врати?

Овие три работи сфати ги, бидејќи ќе се судираш со нив додека не ги сфатиш:

1. Тој си е сам на себе најважен во животот.
2. Ти не си.
3. Ќе станеш кога *тој* ќе одлучи да бидеш, не кога *ти* ќе посакаш.

Истото тоа важи и од твоја перспектива. Само зашто ти си помислила дека тој ти е најважниот пред тој да одлучи дека ти си за него, немаш никакво право да му се качуваш на глава и да му дигаш тензија во животот. А и самата за себе исто така.

Ти препорачувам да побараш да поразговарате и да му кажеш кога и колку пати сакаш да се слушате, на кој начин и по кои поводи. И сето она што мислиш дека е точно прво *да го дискутирате заедно*, пред да пишуваш по форумов.

Не за друго, нема да издржиш долго; ќе насобереш негативни поени од опомени и ќе добиеш бан пред да успее кој и да е да ти даде саглам совет.

Поздрав и со лесно.
:cuc:
 
Член од
24 февруари 2012
Мислења
1.012
Поени од реакции
2.154

Зошто незрело Крус? Затоа што сакам да му се јавам да му го слушнам гласот и да го прашам како си поминал на работа? Да го прашам како е, дали има некој проблем и дали му треба нешто како до сега?
Како да не се сомневам во него кога некој пат знае да не ми отклопи, да не ми врака на смс пораки и да го нема долго?
Значи да се разбереме, му се јавувам еднаш во денот доколку го нема, а кога веке ја премина границата и да не ми возврака мене ми пукна филмот, кој и да е ке му скурчи.Не само мене.
Заслужив ли вакво однесување од негова страна?
И не е прв пат да не врати..Последните два месеци не врака. Зарем нема место за сомнежи?
И не е само тоа проблемот, воопшто не ми придава внимание како на девојка, како што доликува.
Поентата не е да се лути и да го исклучива телефонот. Туку да разговараме, а како да разговарам кога не го отклопува телефонот и го гаси?
Постојано јас виновна, а тој е жртвата. Како да не.
Претерав со пораките како што тој претерува со игнорот.

@Саншајн може типот почувствувал дека сакаш да го "врзеш". Всушност машките, дури и оние што личат мрзливи и чил, самоиницијативно преземаат чекори кога им се сака. Ама мораш да остаиш простор за да осети дека му се сака. Ако му се нудиш на тацна и тоа за озбилно, не може да разграничи колку е навистина со тебе од своја, а колку од твоја желба.

Освен тоа, ако се познавате кратко, нереално е да му се нудиш на тацна за озбилно, и на него му доаѓаат хинтови дека врската не е зрела туку е под дејство на околности (needy).
Во зрелите врски не се потребни романтични ветувања, тешки љубовни изјави, очекувања и желби да се промени другиот.
Ако го имаш идеалниот, тогаш не ти е важно колку време минувате заедно, туку ботно ти е само што постои и е со тебе во врска, тоа е веќе огромна работа.

Малце избегав офтопик:/

он топик: Типот ако е зрел сам треба да биде свесен дека барем еднаш дневно треба да ти се јави и порака да пише (вака буквално ги поставив за да знаеш дека да бараш повеќе од ова може е неприкладно). Исто така, ако знае дека сакаш риплај навремен на смс, треба да одговори доколку не е на работа, во следните 4,5 саати. Доколку е на работа, ќе почекаш да се врати.

Неодговарање на ѕвонење на телефон и некажување каде е и со кој се незрели однесувања кои досега требало да ги приспособи на тебе која си го барала тоа, дури и да му било навика првично да не се замара со телефони.[/quote]

Не да го врзам туку само сакам да ми отклопи, да врати или да ми каже што се случува а не да го чекам по цели денови и кога нему му се сака тогаш да ме побара.
Од мене го добиваше тоа што сакаше..Внимание, љубов, почит и искреност.
Веке 7 ипол месеци заедно, со запознавање на родителите и све то.
Од него не побарав апсолутно ништо. Туку само малку внимание. Многу ли барам?
 
Крусер

Тотем Пума
Член од
4 јули 2008
Мислења
3.556
Поени од реакции
1.612
Зошто незрело Крус? Затоа што сакам да му се јавам да му го слушнам гласот и да го прашам како си поминал на работа? Да го прашам како е, дали има некој проблем и дали му треба нешто како до сега?
Како да не се сомневам во него кога некој пат знае да не ми отклопи, да не ми врака на смс пораки и да го нема долго?
Значи да се разбереме, му се јавувам еднаш во денот доколку го нема, а кога веке ја премина границата и да не ми возврака мене ми пукна филмот, кој и да е ке му скурчи.Не само мене.
Заслужив ли вакво однесување од негова страна?
И не е прв пат да не врати..Последните два месеци не врака. Зарем нема место за сомнежи?
И не е само тоа проблемот, воопшто не ми придава внимание како на девојка, како што доликува.
Поентата не е да се лути и да го исклучива телефонот. Туку да разговараме, а како да разговарам кога не го отклопува телефонот и го гаси?
Постојано јас виновна, а тој е жртвата. Како да не.
Претерав со пораките како што тој претерува со игнорот.

Поради ова се случува ова.

Очигледно тој има свој живот без тебе... А ти без него?

Ако нема муабет со него, побарај муабет со други. Излегувај, дружи се, оди на курсеви, на фитнес, што и да е и пополни си го времето без него. Штом веќе не сака да троши време на тебе, веројатно не си му потребна. Не гледам зошто па тој би ти бил толку потребен тебе.

Затоа, во овој период, создади си живот без него. Во ретките моменти кога ќе се одмараш, тој ќе треба да биде покрај тебе и да ти биде поддршка, инаку не ти е потребен некој којшто дополнително ти ја арчи енергијата. И биди спремна да му раскинеш, кога ќе се изградиш до тоа ниво да не ти е потребен тој.
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.147
Поени од реакции
16.082

Дај и совет, ова твоево да ништо не и вреди, плус си надвор од темава. :свиркам:

Саншајн, ако те нервира дечко ти, кажи му дека те нервира. Ете, толку е едноставно. Ако те игнорира, игнорирај и ти. Уво нека не те боли бе, зашто ти да се нервираш за некој, уствари зашто ти да се нервираш за било кој?
Јас ќе ти кажам дека не вреди.
Ако те замара за некои глупи ситници, и тоа често ептен и ти се лути за глупости, не верувам дека ќе го трпиш многу време.
Кулирај и не се нервирај многу, ако тој мрчи, остај го нека си мрчи, оди напиј си се кафе ти или лакирај си се.

Остај ги сите филозофии за како требало да тече една врска, па дали е ок да го бараш 10 пати на ден или не, се' се сведува на тоа - ако те нервира дечко ти повеќе од што те прави среќна, ова на подолга релација, откачи го.
Не си тепај време бе за џабе.
Од 5-6 месеци колку што одите, ти веќе трет пат пишуваш како не одат работите ти ко што сакаш. Јас не викам да не се трудиш за врската да успее, но кога гледаш дека не оди, ондак не оди. Мед и млеко нема никаде, али еден основен компромис бе, тоа може секогаш да се направи.
Не се трескај од земја само, со ладна глава размисли си ТИ што сакаш и дали е таа врската со која си задоволна.
 
Z

Zoza

Гостин
Ako nemoze da odeli 1 min.za poraka ili poziv neznam zosto uporno si go trosis vremeto so nego i go gusis so poraki ednostavno ignore i ne se zamaraj so nego....
 
blue ladybug

Фанг ловер
Член од
5 февруари 2013
Мислења
5.210
Поени од реакции
11.803
Aма Рики, признавам дека имам и јас дел од вината со тоа што избрзувам со пораките, ама кога се има на тацна, односно она што го барал зошто се однесува вака? Имам право да знам кај е што прави и со кого е, дечко ми е. Јас не барам да ми се јавува на секој пола час и да ми дава детални информации ама сакам да се однесува како што доликува на годините. Ако некој треба да биде лут тоа сум јас, одамна а јас одев до крај и ризикував, за што? За да го гаси мобилниот телефон и да ми ја префрлува вината.

И уште нешто.Не ми пречи тоа што некогаш не ми врака ми пречи што се однесува како дете.
Саншајн, да ти споделам една работа која ја научив за мажите. Тие секогаш ќе останат деца. Поголеми деца од нив нема. Треба само, како и со секое дете, да им ја најдеш цаката и да ја користиш секој пат кога ќе ти се понаша како дете. Проверено ми е, успева секој пат. ;)
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.134
Поени од реакции
83.767
Саншајн, да ти споделам една работа која ја научив за мажите. Тие секогаш ќе останат деца. Поголеми деца од нив нема. Треба само, како и со секое дете, да им ја најдеш цаката и да ја користиш секој пат кога ќе ти се понаша како дете. Проверено ми е, успева секој пат. ;)
Веројатно не си имала среќа со партнерите.
Верувај, не се сите така лесни за одгатнување.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom