Зошто некои машки се однесуваат незрело? Зошто им пречи некоја девојка кога се грижи за нив? Сака се да биде во ред и се бори против злите јазици и се обидуваат да уништат се?
Па нели, се бара искреност и посветено внимание посебно љубов? Нели на сите машки им е преку к*р од спонзоруши? Зошто кога ке налетат на некоја таква искрена девојка бегаат или не им посветуваат доволно внимание?
Што ако некогаш имаш големо право да се лутиш а сепак не го правиш тоа?
На пример, еднаш споменав не вракањето на смс пораки, врака кога може.А мене ме иритира кога го нема, но тоа не е проблемот. Проблем е што мора мене секогаш да ми се префрла вината дури и кога тој е виновен.
Ми се налути за една работа, ваљда и јас претерав во моето однесување но главната вина ја има тој. Не дека јас не сум, можеби н е требаше да му кажам имаш друга затоа те нема некогаш да се јавиш или да вратиш... Тоа вам детско ви изгледа кога низ глава се ти поминува? Зошто е детско? кога имаш право да знаеш што се случува?
Правев се за да опстанеме, некогаш и тој некогаш и јас. Ме запозна со неговите, требаше и тој да дојде и сега се однесува детски а според него јас сум виновна.
Можеби многу замарам ама...не можам да се однесувам ко ништо да не се случило.
Тој се однесува
вака бидејќи и ти се однесуваш
исто. Специфично, бидејќи сметаш дека
ова важи и затоа си си умислила дека имаш полно право
ова да го направиш.
А
што се случило конкретно? Имаш ли некои индикации дека навистина има друга? Од каде знаеш дека има? Само бидејќи не ти вратил на порака кога *ти* си посакала да ти врати?
Овие три работи сфати ги, бидејќи ќе се судираш со нив додека не ги сфатиш:
1. Тој си е сам на себе најважен во животот.
2. Ти не си.
3. Ќе станеш кога *тој* ќе одлучи да бидеш, не кога *ти* ќе посакаш.
Истото тоа важи и од твоја перспектива. Само зашто ти си помислила дека тој ти е најважниот пред тој да одлучи дека ти си за него, немаш никакво право да му се качуваш на глава и да му дигаш тензија во животот. А и самата за себе исто така.
Ти препорачувам да побараш да поразговарате и да му кажеш кога и колку пати сакаш да се слушате, на кој начин и по кои поводи. И сето она што мислиш дека е точно прво *да го дискутирате заедно*, пред да пишуваш по форумов.
Не за друго, нема да издржиш долго; ќе насобереш негативни поени од опомени и ќе добиеш бан пред да успее кој и да е да ти даде саглам совет.
Поздрав и со лесно.