Љубовни проблеми? Потребен ти е совет? Обрати се тука!

S

StormRage

Гостин
Не, седи дома јади и моли се судбината да ти се погоди и да почнат женските дома да ти доаѓаат... ако не денес, утре.
Ако човек се станува во теретана и муда раснат во теретана тогаш си во право. Ако некој те гледа од надвор како изгледаш, а не може да те прочита внатре... која е поентата да си со тој некој?
Плус да, седам дома и јадам и ги поканувам женските на ручек, вечера итн...
 
Член од
27 мај 2012
Мислења
33
Поени од реакции
10
Порано се гледавме два пати неделно, поради неговите обврски за што јас имав разбирање. Потоа почнавме еднаш неделно, а сега еднаш месечно. Причина: неговите обврски. Кога му кажав дека преретко се гледаме рече единствената причина била таа што е зафатен. Но јас искрено не верувам во ова, до толку да се биде зафатен за да не може барем кратко да се види со мене. И секогаш кога ќе има повеќе време преферира да го искористи со другарите и излегувања. Мислам дека нема веќе желба за понатаму, му го реков тоа рече не е точно. Секогаш кога ќе се видиме му викам да ме побара да се видиме ама еден месец да го чекам нема да ме побара морам пак јас. Не сака да имаме ни секс. Секс имаме два пати месечно. Не сака да раскинеме, не е геј, не знам што му е проблемот и што да направам да ги вратам работите како на почетокот кога тој ме бараше секогаш. Чувствувам дека му здосадив а ако не го барам ваљда ќе прекине контактот ама ќе остане се нерасчистено, зашто не прифаќа да раскинеме. Помош?
 
Bitcoin

Член од
24 мај 2005
Мислења
5.530
Поени од реакции
13.903

Нема помош.
Кога во душата ќе осетиш дека партнерот може и без тебе, џабе е секој обид да се зачува врската. Тоа чуство не иде онака... А зборовите од типот "не ти раскинвам, обврски имам..бла бла" - немаат вредност.
Те чува како златна резерва за мал милион задоволства, што не може да ги добие наеднаш од таа "другата" што ја намерил, или веќе ја има.
Ако сте во тинејџерски години, нема и за што да жалиш. Секогаш ке се најде некој што ќе го заслужи твоето внимание.
Ако се подолго време заедно, и ако си решена да зачуваш нешто... пробај. Нема што да изгубиш.
Освен драгоценото време, фала богу :)
 
Gojak YNWA

Ракот на Хелси
Член од
12 јануари 2009
Мислења
1.946
Поени од реакции
866
Ако човек се станува во теретана и муда раснат во теретана тогаш си во право. Ако некој те гледа од надвор како изгледаш, а не може да те прочита внатре... која е поентата да си со тој некој?
Плус да, седам дома и јадам и ги поканувам женските на ручек, вечера итн...
Колку се смешни овие муабети значи чудо едно. Гледам цел град е заљубен у карактерот на нивниот партнер. Може сите се вараат меѓу себе пошо улетал некој со малце подобар карактер. Незнам колку години имаш ама размислувањево ти е ужасно, без навреда. Не растат муда и не се станува човек во теретана, ама расте самодовербата а тоа ти помага во секој сегмент у животот. Без разлика на теретаната, физичката привлечност во 99% од случаите е искра за нешто да се деси. Да не ја труеме темава може по ПП да го допраиме муабетот.
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.131
Поени од реакции
15.966
Порано се гледавме два пати неделно, поради неговите обврски за што јас имав разбирање. Потоа почнавме еднаш неделно, а сега еднаш месечно. Причина: неговите обврски. Кога му кажав дека преретко се гледаме рече единствената причина била таа што е зафатен. Но јас искрено не верувам во ова, до толку да се биде зафатен за да не може барем кратко да се види со мене. И секогаш кога ќе има повеќе време преферира да го искористи со другарите и излегувања. Мислам дека нема веќе желба за понатаму, му го реков тоа рече не е точно. Секогаш кога ќе се видиме му викам да ме побара да се видиме ама еден месец да го чекам нема да ме побара морам пак јас. Не сака да имаме ни секс. Секс имаме два пати месечно. Не сака да раскинеме, не е геј, не знам што му е проблемот и што да направам да ги вратам работите како на почетокот кога тој ме бараше секогаш. Чувствувам дека му здосадив а ако не го барам ваљда ќе прекине контактот ама ќе остане се нерасчистено, зашто не прифаќа да раскинеме. Помош?

Пиши пропало.
Колку и да е зафатен, ќе најде, значи ќе најде време да се види со тебе.
За сексот тоа ми фати око исто, двапати е ко ниеднаш, а машко да не ти бара секс е некако алармантно.
Те вртка и те матка, и гајле му е, овај сеедно му е дали ќе прекинете. Скрати си ги маките и раскини му, ваљда си свесна дека заслужуваш некој кој ќе наоѓа време за тебе.
 
Крусер

Тотем Пума
Член од
4 јули 2008
Мислења
3.552
Поени од реакции
1.606
Порано се гледавме два пати неделно, поради неговите обврски за што јас имав разбирање. Потоа почнавме еднаш неделно, а сега еднаш месечно. Причина: неговите обврски. Кога му кажав дека преретко се гледаме рече единствената причина била таа што е зафатен. Но јас искрено не верувам во ова, до толку да се биде зафатен за да не може барем кратко да се види со мене. И секогаш кога ќе има повеќе време преферира да го искористи со другарите и излегувања. Мислам дека нема веќе желба за понатаму, му го реков тоа рече не е точно. Секогаш кога ќе се видиме му викам да ме побара да се видиме ама еден месец да го чекам нема да ме побара морам пак јас. Не сака да имаме ни секс. Секс имаме два пати месечно. Не сака да раскинеме, не е геј, не знам што му е проблемот и што да направам да ги вратам работите како на почетокот кога тој ме бараше секогаш. Чувствувам дека му здосадив а ако не го барам ваљда ќе прекине контактот ама ќе остане се нерасчистено, зашто не прифаќа да раскинеме. Помош?

Направи листа [1]: што имаш ти што нему му се допаѓа?

Потоа направи листа [2]: што е она што му се допаѓа што може да го најде *кај друга(р)*, освен кај тебе?

Ако [2] > [1], раскини му. Можеш и да ги искористиш зборовите „за твое добро“ или „не сакам да ти претставувам товар“. Ќе помогнат и „благодарам“ и „со среќа“.

Во меѓувреме, сосема независно од ситуацијата, направи листа [0]: што тебе ти се допаѓа кај маж којшто е со тебе?

Со лесно.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.662
Поени од реакции
13.201
Rinaa ако тој не може да стави крај, ти посекако мораш.
И тоа од една и единствена причина: не ти се допаѓа фактот дека преретко се гледаш со него. Ако сметаш дека месец дена е огромна бездна помеѓу вас, тогаш секое одолговлекување е и измачување на самата ти. Можеш чисто да го направиш, по постапка на сериозен муабет. Можеш и прљаво - да го чуваш као златна резерва. Но мислам дека ова второво за тебе ќе биде тешко пошо ти уствари и никад нема да направиш - прво да бараш некој друг па после откако работата ќе е сигурна, да го баталиш овој. Clean death is your best choice. Може при процесот само да го викнеш за последен пат, картите на маса и толку. Но мораш да бидеш категорична. За твое добро.
 
Член од
16 мај 2011
Мислења
158
Поени од реакции
85
Напиша конечно. Се смиривме. Ќе внимавам што зборувам во иднина. :)
 
Член од
24 февруари 2012
Мислења
1.012
Поени од реакции
2.154
Зошто некои машки се однесуваат незрело? Зошто им пречи некоја девојка кога се грижи за нив? Сака се да биде во ред и се бори против злите јазици и се обидуваат да уништат се?
Па нели, се бара искреност и посветено внимание посебно љубов? Нели на сите машки им е преку к*р од спонзоруши? Зошто кога ке налетат на некоја таква искрена девојка бегаат или не им посветуваат доволно внимание?
Што ако некогаш имаш големо право да се лутиш а сепак не го правиш тоа?
На пример, еднаш споменав не вракањето на смс пораки, врака кога може.А мене ме иритира кога го нема, но тоа не е проблемот. Проблем е што мора мене секогаш да ми се префрла вината дури и кога тој е виновен.
Ми се налути за една работа, ваљда и јас претерав во моето однесување но главната вина ја има тој. Не дека јас не сум, можеби н е требаше да му кажам имаш друга затоа те нема некогаш да се јавиш или да вратиш... Тоа вам детско ви изгледа кога низ глава се ти поминува? Зошто е детско? кога имаш право да знаеш што се случува?
Правев се за да опстанеме, некогаш и тој некогаш и јас. Ме запозна со неговите, требаше и тој да дојде и сега се однесува детски а според него јас сум виновна.

Можеби многу замарам ама...не можам да се однесувам ко ништо да не се случило.
 
RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.147

Бегај од луѓе кои не си ја признаваат вината и кога е очигледно дека се виновни. А пак тие што тебе ти ја префрлаат и кога не си ти виновна, сврти им грб и никад не им се враќај.

Да го знаат ова повеќе луѓе, ех...
 
Aма Рики, признавам дека имам и јас дел од вината со тоа што избрзувам со пораките, ама кога се има на тацна, односно она што го барал зошто се однесува вака? Имам право да знам кај е што прави и со кого е, дечко ми е. Јас не барам да ми се јавува на секој пола час и да ми дава детални информации ама сакам да се однесува како што доликува на годините. Ако некој треба да биде лут тоа сум јас, одамна а јас одев до крај и ризикував, за што? За да го гаси мобилниот телефон и да ми ја префрлува вината.

И уште нешто.Не ми пречи тоа што некогаш не ми врака ми пречи што се однесува како дете.
 
Сеа не би можел да дадам добар совет пошто за вакви проблеми треба да се разгледаат двете страни, али ова претходно што ти го пишав за мене е едно од најбитните правила не само у врска, туку општо за животот. Ако стварно си попожртвувана од него, а тој тебе те криви за нешто што он е крив... знаеш што би ти кажал.
 
Крусер

Тотем Пума
Член од
4 јули 2008
Мислења
3.552
Поени од реакции
1.606
Зошто некои машки се однесуваат незрело? Зошто им пречи некоја девојка кога се грижи за нив? Сака се да биде во ред и се бори против злите јазици и се обидуваат да уништат се?
Па нели, се бара искреност и посветено внимание посебно љубов? Нели на сите машки им е преку к*р од спонзоруши? Зошто кога ке налетат на некоја таква искрена девојка бегаат или не им посветуваат доволно внимание?
Што ако некогаш имаш големо право да се лутиш а сепак не го правиш тоа?
На пример, еднаш споменав не вракањето на смс пораки, врака кога може.А мене ме иритира кога го нема, но тоа не е проблемот. Проблем е што мора мене секогаш да ми се префрла вината дури и кога тој е виновен.
Ми се налути за една работа, ваљда и јас претерав во моето однесување но главната вина ја има тој. Не дека јас не сум, можеби н е требаше да му кажам имаш друга затоа те нема некогаш да се јавиш или да вратиш... Тоа вам детско ви изгледа кога низ глава се ти поминува? Зошто е детско? кога имаш право да знаеш што се случува?
Правев се за да опстанеме, некогаш и тој некогаш и јас. Ме запозна со неговите, требаше и тој да дојде и сега се однесува детски а според него јас сум виновна.

Можеби многу замарам ама...не можам да се однесувам ко ништо да не се случило.

Тој се однесува вака бидејќи и ти се однесуваш исто. Специфично, бидејќи сметаш дека ова важи и затоа си си умислила дека имаш полно право ова да го направиш.

А што се случило конкретно? Имаш ли некои индикации дека навистина има друга? Од каде знаеш дека има? Само бидејќи не ти вратил на порака кога *ти* си посакала да ти врати?

Овие три работи сфати ги, бидејќи ќе се судираш со нив додека не ги сфатиш:

1. Тој си е сам на себе најважен во животот.
2. Ти не си.
3. Ќе станеш кога *тој* ќе одлучи да бидеш, не кога *ти* ќе посакаш.

Истото тоа важи и од твоја перспектива. Само зашто ти си помислила дека тој ти е најважниот пред тој да одлучи дека ти си за него, немаш никакво право да му се качуваш на глава и да му дигаш тензија во животот. А и самата за себе исто така.

Ти препорачувам да побараш да поразговарате и да му кажеш кога и колку пати сакаш да се слушате, на кој начин и по кои поводи. И сето она што мислиш дека е точно прво *да го дискутирате заедно*, пред да пишуваш по форумов.

Не за друго, нема да издржиш долго; ќе насобереш негативни поени од опомени и ќе добиеш бан пред да успее кој и да е да ти даде саглам совет.

Поздрав и со лесно.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom