Natural-girl
Morphine
- Член од
- 16 октомври 2007
- Мислења
- 3.462
- Поени од реакции
- 5.246
Ова е уствари целата "наука" на врскаџиските ЗРЕЛИ релации.Направи листа [1]: што имаш ти што нему му се допаѓа?
Потоа направи листа [2]: што е она што му се допаѓа што може да го најде *кај друга(р)*, освен кај тебе?
Ако [2] > [1], раскини му. Можеш и да ги искористиш зборовите „за твое добро“ или „не сакам да ти претставувам товар“. Ќе помогнат и „благодарам“ и „со среќа“.
Во меѓувреме, сосема независно од ситуацијата, направи листа [0]: што тебе ти се допаѓа кај маж којшто е со тебе?
Со лесно.
Секој треба да се биде со некој кој е доволно еднаков на она што го бара од партнер, И истовремено да биде доволно еднаков на она што неговиот партнер го бара.
Романтична релација може да се има со секој трет, идејата е да се има зрела врска.
И да се сака може секој еве трет, ама не значи дека е сроден партнер за споделување на животот.
Поентата ми беше да се надоврзам на постот бидејќи факт е дека зрелата врска си бара математика, пресметување компатибилност и потенцијално идно однесување.
@Саншајн може типот почувствувал дека сакаш да го "врзеш". Всушност машките, дури и оние што личат мрзливи и чил, самоиницијативно преземаат чекори кога им се сака. Ама мораш да остаиш простор за да осети дека му се сака. Ако му се нудиш на тацна и тоа за озбилно, не може да разграничи колку е навистина со тебе од своја, а колку од твоја желба.
Освен тоа, ако се познавате кратко, нереално е да му се нудиш на тацна за озбилно, и на него му доаѓаат хинтови дека врската не е зрела туку е под дејство на околности (needy).
Во зрелите врски не се потребни романтични ветувања, тешки љубовни изјави, очекувања и желби да се промени другиот.
Ако го имаш идеалниот, тогаш не ти е важно колку време минувате заедно, туку ботно ти е само што постои и е со тебе во врска, тоа е веќе огромна работа.
Малце избегав офтопик:/
он топик: Типот ако е зрел сам треба да биде свесен дека барем еднаш дневно треба да ти се јави и порака да пише (вака буквално ги поставив за да знаеш дека да бараш повеќе од ова може е неприкладно). Исто така, ако знае дека сакаш риплај навремен на смс, треба да одговори доколку не е на работа, во следните 4,5 саати. Доколку е на работа, ќе почекаш да се врати.
Неодговарање на ѕвонење на телефон и некажување каде е и со кој се незрели однесувања кои досега требало да ги приспособи на тебе која си го барала тоа, дури и да му било навика првично да не се замара со телефони.