Ај да видам што ќе кажете....
За време на летниот одмор (август), се вклучив во скајп конверзација во која беа дечко ми и еден тип од Чешка (да го наречеме Х). Се уште контактираме групно сите, разменуваме мислења, пуштаме камери, се зезаме, гејмаме заедно (добро они двајца повеќе гејмат јас немам време до толку). Е сега ако дечко ми му беше гејм бади 24/7, јас му бев советник за љубовни проблеми. За Нова Година не канеше да одиме кај него во Чешка, но поради работни обврски јас одбив со договор дека ќе го чекаме да дојде он за наредното лето 2013.
Пред една недела типот раскина со девојка му, и е во тешка депресија. На неколку наврати го наговарав да не направи некаква глупост. Е сега негово решение, за полесно да ја преболи и да излезе од депресијата е, да дојде во Скопје кај мене (дечко ми моментално е во Струмица). Договорот беше да дојде во март (кога ќе дојде и дечко ми), но поради ситуацијата во која е, он инсистира да дојде уште овој викенд. Доколку дојде овој викенд јас ќе треба да сум сама со него во ист стан една недела (пред дечко ми да се ослободи од обврски и да ни се придружи). Бидејќи не сум сама му кажав да разговара со дечко ми и да го праша дали и он се согласува. Разговорот се одвивал вака: Х - Јас сакам да дојдам за Скопје, на Неса ќе и биде поудобно ако и ти си присутен, но искрено јас сакам да поминам една недела со неа, бидејќи знам дека ќе плачам за да ми помине раскидот, а нема да можам да сум слободен пред тебе.
![Лут :mad: :mad:](/styles/default/xenforo/smilies/mad.png)
На сето тоа дечко ми ништо не одговорил, туку мене ми напиша: Епа така ти е кога си преслободна со луѓето. ( и ми прати вакво
![Зелен :D :D](/styles/default/xenforo/smilies/biggrin.png)
)
Ај што не можам него да го дешифрирам дали му е се едно и дали се согласува, од друга страна пак ми е страв Х да не направи некаква глупост, зошто последните недела дена муабетите му се : Немам никој, што правам јас со животот, немам причина да живеам, би било подобро да умрам, си купив пиштол се мислам дали да го употребам.
Знам дека можам да му помогнам, да премине преку раскидот, му помогнав и со претходниот преку скајп, но за овој очигледно скајп не е доволен и му треба малце да се излуфтира.
и ботом лајн ис ШТО ДА ПРАВАМ????