Mi treba pomos premnogu sum sramezliv i polecen u sebe i nemozam da najdam devojka
За да се победи срамежливоста, треба пред се многу самодоверба. За да си ја зајакнеш самодовербата, нормално дека треба да правиш некои работи кои што се поврзани со ризици и да го победиш тој страв кој води до срамежливост.
Убаво ти пиша погоре
Jagod4e - без ризик, нема шизик.
Да им дадеш на знаење на другите дека си срамежлив исто така не е лошо. Затоа што така всушност ти ќе се опуштиш повеќе и полесно ќе ти биде да разговараш со нив.
Кога си до женско, мораш да ја тргнеш таа глупава мисла, и тој глупав страв од главата „Еј јас сум срамежлив, што да правам? Што да зборам?“...
Токму ова е патот кој не води никаде. Кога си со женско или другарка или што јас знам, првото што треба да го помислиш е како да бидеш креативен, забавен и да најдеш добар разговор кој секој сака да го слушне.
Сигурно, првото што ќе се прашаш е како да го најдам тој разговор? За да го најдеш, тргни го стравот на страна, и вклучи го мозокот да работи.
После само ќе треба да се надоврзуваш.
Верувај, подобро е да тресеш глупости, него да бидеш ќутук и да не збориш ништо.
Страв од тоа да не те одбие некој, никако не смееш да имаш. Да те одбие пријател, нема шанси.
Девојка може да те одбие, ама зошто да се плашиш од тоа?
Сите не одбивале, па пак сме се обидувале, па нови доаѓале и какви ли не ствари. Тоа не е ништо страшно, тоа е нормално. Ќе доаѓаат нови и нови девојки, таман работа да се фаќаме за една цел живот
Инаку гледам дека си почнал да работиш на самодовербата. Тоа го заклучив преку овој пост што си го пишал тука. Ама ти треба многу многу повеќе самодоверба.
Имаш среќа што си во раните години. Сеуште имаш 16, па ова може да биде брзо поправено и да си ги оформиш карактерот и особините до 18тата година.