Уште ова ми фалеше денеска и да бидам комплетна...
Пред малку гледам 2 пропуштени повици на телефонот и кога што ќе видам - после 3-4 неделно игнорирање на дотичната јавна и славна личност и текна да ме бара...Се шокирав...Се уклучив на фб и го гледам онлајн...И конверзацијата започна...
(немав баш храброст за телефонски муабет, зашто гласот ќе ме издаде)...
Значи како што и му личи на него - крајно дипломатски, тактички и ладнокрвно во негов префинет стил, ме покани да се видиме...И тоа вечерва...-"Му викам ајде утре, многу ми се спие, главоболка имам"...Ми вика - "и мене ми се спие, уморен сум ама имам енергија за све...Утре не можам на службен пат сум..."
Шокорана сум...
Му реков од понеделник тогаш...
А можев да излезам...Ама тоа ќе биде цунами за мене...Минатиот пат се видовме во 18 саат попладне и бевме во едно супер урбано локалче тука во Скопје, наменето пред се за дневни седенки и уживанции...А сега он ме вика во 22 00 навечер, во петок, а дур се спремам и излезам 23 00 ќе биде...И кај ќе ме носи? Плус сите го знаат многу добро и он со плавуша од 176 см во петок навечер во некој преполн кафич...? Нема шанси...Премногу е тоа за него...Ќе ги разочара обожавателките или некој папарацо ќе се најде околу нас...
Така да доаѓам до заклучок дека сигурно сакаше да бидеме сами јас и он, а тоа е ОПАСНОО...
И така драги мои јас него го одбив...Собрав храброст и му реков НЕ...
А он без никакви убедувања или изливи на каење го прифати тоа многу ладно и како прав џентлмен...Исто како кога ме покани - во негов стил...
Ми рече "имај убава ноќ, јас ќе гледам филм па ќе спијам..." Му пратив вакво смајли - :* и рече само благодарам...
И еве ме фркна глава, мигрена ме фати...
Ама не паднав искушение...