јогааа... мммм... практикувам - да, и супер ми е! навистина се приметуваат позитивни разлики, и во телото и во духот
земам едно списание од јога друштво, па еве ви една содржина, во склоп на темава :smir:
Сугестии за креативен и здрав живот
Според ајурведата, во одржувањето на здравјето навиките играат многу важна улога. Природниот живот е живот регулиран според индивидуалната конституција (според припадноста на вата, пита или кафа). Најдобро е ако имаме дневна рутина во која се вклучени сите дневни активности, почнувајќи од моментот на станувањето, прочистувањето и утринската медитација.
Наутро, најдобро е да станеме пред изгрејсонце и да ги отстраниме отпадните материи од себе, да ги исчистиме забите и устата, а потоа и јазикот, очите, носот и грлото. По ова, пиењето на топла вода ќе помогне да ги прочистиме бубрезите и танкото црево. За да го исчистиме јазикот користиме гребалка. Така ќе се измасираат јазикот и внатрешните органи што се поврзани со различни делови на јазикот.
Потоа треба да си го намачкаме телото со масло и да се искапеме. Ова ќе развие чувство на свежина и будност. Потоа во лесна облека треба да правиме вежби, дишни техники и медитација. По вежбањето се одмараме на грб со раздалечени раце и нозе и дишеме со долниот дел на стомакот.
Следува појадокот. Ручекот треба да биде пред пладне, а ако е можно вечерата пред зајдисонце. Најдобро е да си легнеме пред 22:00 часот.
Овој режим на навики го следи природниот тек на енергијата во телотот и во надворешната околина. На оваа основна рутина може да се додадат други практики, зависно од индивидуалнта конституција. На пример, за луѓето со вата-конституција препорачлива е масажа со масла навечер.
Препорачливи се и одредени навики во спиењето. Бидејќи левата страна на човекот содржи лунарна, т.е. женска енергија, а десната соларна, т.е. машка енергија, положбата во која некој спие и дише има значаен ефект врз конституциите и балансот на енергиите во телото.
Ако некој секогаш спие на левата страна, тоа ќе ја потисне лунарната, а ќе ја зголеми соларната енергија. Влошувањето на соларната енергија може да создаде пита (дигестивен орган) во телото. Затоа луѓето со пита-конституција треа да спијат на десната страна. Ако се спие на левата страна, лунарната енергија е потисната, а соларната енергија е отворена. Во оваа положба се препорачува да спијат луѓето со вата и кафа-конституција.
Редовни навики
- Будете се пред изгрејсонце
- Празнете ги мочниот меур и цревата по станувањето наутро
- Капете се секојдневно за да се чувствува телото свежо
- Практикувајте пранајама наутро или навечер за свежина на умот и на телото
- Не појадувајте по 8:00 часот
- Мијте си ги рацете пред оброците и по оброците
- Измијте си ги забите по секој оброк
- Петнаесет минути по земањето оброк излезете на кратка прошетка
- Јадете во тишина, со свесност за храната
- Јадете бавно
- Секојдневно масирајте си ги забните венци со прстите и сусамово масло
- Гладувајте еднаш неделно за да го помогнете исфрлувањето на токсините од телото
- Легнувајте си пред 22:00 часот
Исхрана и варење
- Едно мало лажиче рендан свеж исиот (џинџер) со малку сол е добро пред јадење
- Пиењето на матеница со штипка исиот или ким во прав го помага варењето
- Лажиче ги со ориз го помага варењето
- Чаша пресно и топло млеко во кое има малку исиот, земено пред спиење, е хранливо за телото и го сморува умот
- Јадењето по главните јадења не е здраво
- Пиењето при јадење има лош ефект врз варењето
- Продолженото гладување не е здраво
- Консумирањето на прекумерни количества вода може да предизвика дебелење
- Внесувањето на големо количество ладни пијалаци ја намалува отпорноста и предизвикува вишок на слуз
- Дремењето по оброците ја зголемува тежината
Телесна хигиена
- Ако е можно, гледајте во изгрејсонцето по пет минути дневно за да ви се подобри видот
- Гледањето десет минути во неподвижен пламет (тратак) наутро и навечер го подобрува видот
- Триењето на табаните со сусамово масло пред спиење го прави сонот посмирен и поспокоен
- Нанесувањето на масла на главата го смирува умот и поттикнува добар сон
- Масажата со масла ја поттикнува циркулацијата
- Не спијте на стомак
- Читањето в кревет го оштетува видот
- Неправилното дишење може да предизвика опстипација, лошо варење, нечиста уста и токсини во цревата
- Лошиот мирис на телото упатува токсини во организмот
- Петнаесетминутно лежење на грб (шавасан) го смирува умот и го релаксира телото
- Силното дување низ носот може да ги повреди ушите, очите и носот
- Пукањето на зглобовите може да го повреди телото
- Загреано млеко со сурови индиски оревчиња и нерафиниран шекер ја зголемува силата и ја зачувува сексуалната енергија по водењето на љубов
Ментална хигиена
- Стравот и нервозата ја растураат енергијата
- Посесивноста, лакомоста и врзаноста влијаат штетно
- Грижите го ослабуваат срцето
- Омразата и бесот создаваат токсини во телото
- Прекумерното зборување ја расфрла енергијата