Јога

MaRyJaNe-poison

Beauty in Black
Член од
11 септември 2007
Мислења
2.722
Поени од реакции
166
Имам книга со вежби за јога и одамна ја неам разлистано....деновиве ќе морам :pipi:
 

petar_joker

OLD ROCKER
Член од
5 септември 2007
Мислења
1.249
Поени од реакции
57
Ај да ја обновам малку темава, гледам доста време никој немат пишано. Во последно време наеднаш ми се створи голема желба да почнам со јога. Видов пред некој дена низ Охридов имаше плаката за јога, си зедов бројче, па планирам деновиве да почнам, ако е можно.
 

~windy~

urban hippie
Член од
10 септември 2008
Мислења
774
Поени од реакции
119
Bahkti yoga и рower yoga, минимум 4 пати неделно. Духовно и ментално прочистување, детоксификација на умот и телото. Совршено функционира кај мене веќе 3 месеци.
Chanting е исто вклучено на почетокот и крајот на секоја јога сесија.
Bahkti yoga е посветеност и пронаоѓање на личен Бог, пријател, партнер, родител. Комбинација на вежби, пеење и играње!
Power yoga е малку поинтезивен вид на јога. Вежбање и работење со себе а не против себе. Хранење на духот и егото, создавање и ослободување енергија, виталност и слобода. Физички и ментален баланс. Престануваш да мислиш, се смируваш, престануваш да контролираш и почнуваш да слушаш. Ги слушаш и задоволуваш потребите на телото, не му кажуваш ти што треба да прави.

When you spill something on the floor, you clean it up, right? You don't want to live with that mess. Well, that's all yoga is designed to do: bring awareness to the mess and give you direction to help start the cleanup.

Покрај ментални и духовни секако дека има и физички придобивки. По две три недели туку оп ќе забележиш дека имаш мускулчиња онаму каде што не си ни помислувал дека може да се оформат...лавли!
Јас отсекогаш сум била флексибилна и не ми требаше многу време д го навикнам и прилагодам телото на различните twisting poses ама со баланс сеуште си имам мака. Не можам бре таа пуста warrior 3 поза да ја изведам правилно и долго колку што треба! Но, јогата е предизвик ама во никој случај напор. Може да ги модифицираш позите онака како што му одговара на твоето тело и градба, сите сме различни.
Затоа пак нозе позади врат и уши ставам без мака!
It all takes time!
Namste!

Тревис, го обожавам!:pipi:
Вака отприлика изгледа еден power yoga class , постојано движење, потење ко коњ и дишење, најбитниот дел!

То!
 

Kvendolin

чупе од бурдите
Член од
24 март 2007
Мислења
1.003
Поени од реакции
75
^
Таа power jogа-ta е била ептем кул, оти си цело време во движење (за потемпераментни). Ние поќе на стречинг бевме, и по некоја асана чат-пат. Кул источњачки (спиритуални музичиња), само за време на релаксација имавме. :(
И лудница ми беше после секое едно мало истегнување на мускулчињата ко ќе речеше инструкторкта `сега одморете се`. :pos: Ама во то е финтата со `жолтите`. Не си ја расфрлаат енергијата, како нас `западњаците`. И секое движење е сконцентрирано. Ама признавам дека ти треба подолг временски период од збуфтан коњ да се претвориш во смирен јогин-тип на човек.
Ама најверојатно се исплаќа. Пак ми се оди. :vozbud:
 

~windy~

urban hippie
Член од
10 септември 2008
Мислења
774
Поени од реакции
119
Кул стварно! Јас додуша уште се тресам чат-пат на стоечките пози, реков ми треба уште пракса за да го постигнам посакуваниот баланс! Многу смешна работа е тоа тресењето мајку му, не можеш никако да го контролираш:pos:
Спиритуалните музичиња се составен дел од секој час, на почеток и на крај! Chanting and mantras : Om shanti om, Om namah shivaya, Jaya ma...Јас и цедиња си набавив и на Харе Кришна паради у први редови сум:pipi:Инаку цело време вежабаме на музика. Bob Marley, Matisyahu, Coldplay, Oasis, John Buttler Trio, Damien Rice зависи од инструкторот. Fantastic!!!
Леле какво одмарање, само правилно дишење и еднаш до два пати child's pose во саат и пол збревтање и downward facing dog цело време. Многу поинтезивно вежбање е power yoga-та, ама реков, имаш слобода да ги прилагодиш позите на твоите способности! Во никој случај не смееш да се форсираш и дa креваш нозе ако не можеш!
Јас ги обожавам позите на земја, лева нога-десно уво, стапала на врат и многу сакам да станам некогаш и да видам како изгледаат 20 напупени задници. Тамал душата ни ја вади и многу често измислува пози и туку ќе го слушнеш :" Well, I'm not sure if this is a yoga pose, but lets try! What the fuck Tamale??И тогаш се извртуваш на најневозможниот начин и си бараш кај ти е стапалото:pos:
Ќе ми фали оваа јога мајке ми!

И да ојш Квендолин, јас се преродив. Прекрасна зависност е!
 

Justice for All

Tempus fugit
Член од
17 јули 2008
Мислења
1.373
Поени од реакции
82
Не ми се верува дека немаме на форумов тема за јога.
Ок. Ајде да ја разглобиме.
Кажете што знаете за неа! Ја практикувате ли? Каде точно одите? Колку пати неделно? Чувствувате ли промена, функционира ли? Може ли да се комбинира со боди билдинг?

Едноствно, се што знаете и се што сакате да знаете за јогата...
Повелеле!
 

Justice for All

Tempus fugit
Член од
17 јули 2008
Мислења
1.373
Поени од реакции
82
windy кажувај брзо кај одиш на тренинг, колку плаќаш....
 

~windy~

urban hippie
Член од
10 септември 2008
Мислења
774
Поени од реакции
119
Power Yoga Studio - 2nd Street and santa Monica Blvd.
Bhakti Yoga Shala - 2nd Street and Arizona Blvd.
Sunset Yoga - Ocean Park and Ashland Avenue
Таму одам.

Нема одредена цена туку оставаш донација со што се достапни за сите. Затоа тука јогата е на многу поразвиено ниво отколку кај нас. Јас искрено за кај нас немам појма. Ако некој знае каде има студија ќе го замолам да ми каже, посебно велешани. Јас испратив меил на една од инструкторките во Велес со кратки и прецизни прашања и никогаш не ми одговори. Не знам од која причина, ама тоа ме навед да мислам дека не се отворени за соработка и промени.

Hatha yoga, чинам е единствениот вид на јога која се практикува кај нас. Тоа се традиционални и основни асани.
Мене повеќе ме привлекуваат другите видови јога и малку поалтернативен пристап на целата таа филозофија.
Одам на power yoga секој ден која ми ги задоволува потребите за физичка активност, а кога сакам малку посмирено и спокојно практикување одам на bhakti yoga. И двата видови се vynasa yoga што значи динамично движење и преминување од една во друга поза во согласност со дишењето. Ако сакам кардио вежби одам еден здив една поза, што е многу динамично. Ако имам потреба да се стабилизирам и приземјам се задржувам во позите по 2-3 максимум 5 здива.
Телото функционира секој ден различно. Некогаш можам да вежбам и по 3 саати, а некогаш тешко ми е и оној редовниот саат и пол да го издржам. Најважно е да се слушате себе. Ако коленото ми вика да не правам pigeon pose зашто не може да се свитка под агол од 90 степени, ќе ја модифицирам позата и ќе ја прилагодам на енергијата. Танц со енергија, тоа е јогата и совршена е онаква каква што вие ја изведувате. Секоја поза во која вие се чувствувате удобно е правилна. Ако јас можам да се свиткам до земја и да ги ставам нозете позади врат а Трајанка не може, не значи дека не е способна да практикува јога.

Во Индија, асаните(физичкиот дел или позите) се застапени само еден процент. Останотото е духовна посветеност, медитација и киртан кој е неизоставен аспект на јогата, а кај нас го нема. Јас одам два до три пати месечно на киртан собиранки во bhakti yoga студиото, покрај секојдневното неколку минутно chanting пред секоја пракса. Да објаснам, киртан е јога на звукот. Произведување на звучни бранови и способност да се поврзеш и соединиш со нив. Способност за момент да се дистанцираш и оддалечиш не само од надворешното опкружување туку и од своето тело. Пеење на мантри, кои пак се едноставни свети зборови.

Кога имам многу енергија одам на trance yoga dance со Shiva Rea. Генерално умствено чистење. Ова е оној алтернативен и малку посовремен пристап на јогата кој е многу популарен тука и полека преминува во тренд. Јога движења поттикнати од современа музика. Најчесто движењата се слободни и можеш да правиш што ти доаѓа. Се опушташ и забораваш дека најверојатно им изгледаш како идиот на оние кои само набљудуваат и се далеку од екстатична состојба. Дишиш...дишењето или pranyama делот од јога- праксата никогаш не смееш да го заборавиш. И кога се загреваш, тегнеш, ја доживуваш кулминацијата на праксата, се задржуваш или излегуваш од позата кога нозете те убиваат. Секогаш.
Сепак, луѓето кои јас ги запознав и кои ме воведоа во целиот овој начин на битисување се далеку од трендсетери. Урбани јогини, целосно посветени на она што го работат.
А јас ја впив целата нивна енергија и дел од знаењето.
It's a way of life and it feels good.

Yoga trance dance

Kirtan
Една од мантрите..спокој!
И..малку подинамично

Говиндас и Рада, инструктори во едно од студијата. Не можеш да не засакаш и да не се навлечеш на јога покрај вакви луѓе и ваква енергија.
Толку од моите јога искуства и учители.
:salut:
 
Член од
29 февруари 2008
Мислења
370
Поени од реакции
13
Обожавам јога. Денот не ми е асален дур не се опуштам со јога макар само 20 мин. :wink:
 
Член од
7 мај 2007
Мислења
156
Поени од реакции
106
Дали некој има слушнато за Спиритуална Јога? И дали ја има практикувано?
 
S

smart ass

Гостин
Не ми се верува дека немаме на форумов тема за јога.
Ок. Ајде да ја разглобиме.
Кажете што знаете за неа! Ја практикувате ли? Каде точно одите? Колку пати неделно? Чувствувате ли промена, функционира ли? Може ли да се комбинира со боди билдинг?

Едноствно, се што знаете и се што сакате да знаете за јогата...
Повелеле!

Проба????




:pos2::pos2::pos2:
 
Член од
3 март 2009
Мислења
601
Поени од реакции
177
Луѓе знае некој курсеви тука во Скопје, и дали се добри јогините таму што ги учат, по колку пари се... Пошо џабе да идам нели, ако учителот го работи тоа само за пари... Ве молам информирајте ме ако знае некој нешто.
 
Член од
3 март 2010
Мислења
654
Поени од реакции
319
da ne znae nekoj vo bitola koj joga drustva postojat i nivna web strana ili kontakt
 

Kajgana Shop

На врв Bottom