Јога

Член од
24 ноември 2005
Мислења
3.230
Поени од реакции
390
Офчар напиша:
ЈОГА, благодарам не..

САКАМ ДРОГА..
Шо збориш бе? Ти си имал прилика со ептен „навлезен“ јогин да праиш муабет? Па исти се како да се џанк, само „бесплатно“...з`ш немет платно, разбираш.
 
Член од
6 мај 2006
Мислења
1.891
Поени од реакции
4
Acid напиша:
Не, не практикувам Јога, ниту пак Фенг Шуи.

Него, не мислиш дека темава е за во ЗДРАВЈЕ?
Некако не ми штима во МОДА и УБАВИНА...
тука се согласувам , јога јок не е за мене
едноставно не ја ценам
 

Kvendolin

чупе од бурдите
Член од
24 март 2007
Мислења
1.003
Поени од реакции
75
Одам на јога веќе два месеци и пополека станувам зависна од вежбите. Инаку се работи за лесни вежби, во јогата нема никаков напор затоа што тој е спротивен на филозофијата на јогата. Ја препорачувам на секоја нервозен човек кој има проблеми со трпеливоста.Мене ми помогна да бидам поопуштена, а секако ако продолжам да одам верувам дека ќе имам уште подобри резултати.
 

*LiL Mermaid*

part of our world...
Член од
3 јули 2007
Мислења
352
Поени од реакции
6
hmm..idev negde 6 meseci i radi "nemanje"na vreme se otkazav..jogata e preubavo nesto so na site bi vi go preporacala...se osekate relaksirano rastegnato ,energicno,smireno,razdvizeno......:toe:
 

Slatka_Mala

devoid of concept
Член од
15 февруари 2006
Мислења
477
Поени од реакции
11
Па еве сестра ми оди и имам прилика лично да видам резултати од практикување на јога вежбите :helou:
Значи малата по цели денови ми соли памет како е сега посмирена и бла бла...Се затвара у соба, се тегне и нешто ми кажува за некои асани и што ти јас знам - дури донесе и едно списание наменето за сите оние што практикуваат јога и листајќи го списаниево сфатив по нешто за јогата и јога друштвата кај нас, а тоа е:
1. Јогата не е само обично практикување на вежби за подобар изглед и подобро да се чувствувате, туку е цел еден начин на живот, значи секој што практикува јога треба и да се стреми активно и свесно кон создавање на похармонично и подобро ЈАС
2. Мислам дека донекаде баш заради тоа што јогата се поврзува со цела една филозофија која пропагира хармонија на телото и духот, јогата се уште (донекаде) е контроверзна појава (а особено кај повозрасниот дел од популацијата) и се поврзува со секташки друштва, што е жалосно зошто на многу луѓе им се скратува можноста да ја испробаат убавината на јогата и
3. Поврзано со темата, т.е. естетиката која ја пропагира јогата, секако дека се чувствува воопшто подобрување на надворешниот изглед на личностите што практикуваат јога, бидејќи нели внатрешната убавина е предуслов за надворешната. Голем удел за постигнување на внатрешна хармонија има правилната исхрама, што автоматски значи и надворешен поубав изглед, па нема сомнеж во тоа колку е здрава јогата за телото и духот.
 
Член од
27 септември 2007
Мислења
1.011
Поени од реакции
440
Одамна сакав да идам на јога али немаше кај нас(кавадарци):tapp: и сега конечно има, вчера зедов број и одма одам.:pipi:
 
Член од
27 јуни 2007
Мислења
2.157
Поени од реакции
506
јас си вежбам по дома!тоа е нешто прекрасно!те опушта и релаксира!
 

BrownEye

And so it is...
Член од
10 јули 2007
Мислења
158
Поени од реакции
0
јогааа... мммм... практикувам - да, и супер ми е! навистина се приметуваат позитивни разлики, и во телото и во духот :pipi:
земам едно списание од јога друштво, па еве ви една содржина, во склоп на темава :smir:


Сугестии за креативен и здрав живот

Според ајурведата, во одржувањето на здравјето навиките играат многу важна улога. Природниот живот е живот регулиран според индивидуалната конституција (според припадноста на вата, пита или кафа). Најдобро е ако имаме дневна рутина во која се вклучени сите дневни активности, почнувајќи од моментот на станувањето, прочистувањето и утринската медитација.
Наутро, најдобро е да станеме пред изгрејсонце и да ги отстраниме отпадните материи од себе, да ги исчистиме забите и устата, а потоа и јазикот, очите, носот и грлото. По ова, пиењето на топла вода ќе помогне да ги прочистиме бубрезите и танкото црево. За да го исчистиме јазикот користиме гребалка. Така ќе се измасираат јазикот и внатрешните органи што се поврзани со различни делови на јазикот.
Потоа треба да си го намачкаме телото со масло и да се искапеме. Ова ќе развие чувство на свежина и будност. Потоа во лесна облека треба да правиме вежби, дишни техники и медитација. По вежбањето се одмараме на грб со раздалечени раце и нозе и дишеме со долниот дел на стомакот.
Следува појадокот. Ручекот треба да биде пред пладне, а ако е можно вечерата пред зајдисонце. Најдобро е да си легнеме пред 22:00 часот.
Овој режим на навики го следи природниот тек на енергијата во телотот и во надворешната околина. На оваа основна рутина може да се додадат други практики, зависно од индивидуалнта конституција. На пример, за луѓето со вата-конституција препорачлива е масажа со масла навечер.
Препорачливи се и одредени навики во спиењето. Бидејќи левата страна на човекот содржи лунарна, т.е. женска енергија, а десната соларна, т.е. машка енергија, положбата во која некој спие и дише има значаен ефект врз конституциите и балансот на енергиите во телото.
Ако некој секогаш спие на левата страна, тоа ќе ја потисне лунарната, а ќе ја зголеми соларната енергија. Влошувањето на соларната енергија може да создаде пита (дигестивен орган) во телото. Затоа луѓето со пита-конституција треа да спијат на десната страна. Ако се спие на левата страна, лунарната енергија е потисната, а соларната енергија е отворена. Во оваа положба се препорачува да спијат луѓето со вата и кафа-конституција.

Редовни навики
  • Будете се пред изгрејсонце
  • Празнете ги мочниот меур и цревата по станувањето наутро
  • Капете се секојдневно за да се чувствува телото свежо
  • Практикувајте пранајама наутро или навечер за свежина на умот и на телото
  • Не појадувајте по 8:00 часот
  • Мијте си ги рацете пред оброците и по оброците
  • Измијте си ги забите по секој оброк
  • Петнаесет минути по земањето оброк излезете на кратка прошетка
  • Јадете во тишина, со свесност за храната
  • Јадете бавно
  • Секојдневно масирајте си ги забните венци со прстите и сусамово масло
  • Гладувајте еднаш неделно за да го помогнете исфрлувањето на токсините од телото
  • Легнувајте си пред 22:00 часот
Исхрана и варење
  • Едно мало лажиче рендан свеж исиот (џинџер) со малку сол е добро пред јадење
  • Пиењето на матеница со штипка исиот или ким во прав го помага варењето
  • Лажиче ги со ориз го помага варењето
  • Чаша пресно и топло млеко во кое има малку исиот, земено пред спиење, е хранливо за телото и го сморува умот
  • Јадењето по главните јадења не е здраво
  • Пиењето при јадење има лош ефект врз варењето
  • Продолженото гладување не е здраво
  • Консумирањето на прекумерни количества вода може да предизвика дебелење
  • Внесувањето на големо количество ладни пијалаци ја намалува отпорноста и предизвикува вишок на слуз
  • Дремењето по оброците ја зголемува тежината
Телесна хигиена
  • Ако е можно, гледајте во изгрејсонцето по пет минути дневно за да ви се подобри видот
  • Гледањето десет минути во неподвижен пламет (тратак) наутро и навечер го подобрува видот
  • Триењето на табаните со сусамово масло пред спиење го прави сонот посмирен и поспокоен
  • Нанесувањето на масла на главата го смирува умот и поттикнува добар сон
  • Масажата со масла ја поттикнува циркулацијата
  • Не спијте на стомак
  • Читањето в кревет го оштетува видот
  • Неправилното дишење може да предизвика опстипација, лошо варење, нечиста уста и токсини во цревата
  • Лошиот мирис на телото упатува токсини во организмот
  • Петнаесетминутно лежење на грб (шавасан) го смирува умот и го релаксира телото
  • Силното дување низ носот може да ги повреди ушите, очите и носот
  • Пукањето на зглобовите може да го повреди телото
  • Загреано млеко со сурови индиски оревчиња и нерафиниран шекер ја зголемува силата и ја зачувува сексуалната енергија по водењето на љубов
Ментална хигиена
  • Стравот и нервозата ја растураат енергијата
  • Посесивноста, лакомоста и врзаноста влијаат штетно
  • Грижите го ослабуваат срцето
  • Омразата и бесот создаваат токсини во телото
  • Прекумерното зборување ја расфрла енергијата
 

Kvendolin

чупе од бурдите
Член од
24 март 2007
Мислења
1.003
Поени од реакции
75
Одам на јога веќе два месеци и пополека станувам зависна од вежбите. Инаку се работи за лесни вежби, во јогата нема никаков напор затоа што тој е спротивен на филозофијата на јогата. Ја препорачувам на секоја нервозен човек кој има проблеми со трпеливоста.Мене ми помогна да бидам поопуштена, а секако ако продолжам да одам верувам дека ќе имам уште подобри резултати.
Сам себе цитирал :pos:. Го сменав мислењето за јогата. После четири месеци одење на јога станав посамокритична, поемотивна, поаналитична, ама за чудо, помалку ефективна и сконцентрирана во извршувањето на секојдневните активности. Кој ми е зборот, можеби кратко време вежбам јога, ама ако јас денес размислувам, анализирам се себекритикувам и се сепнувам од сопствената емотивност, ќе немам време бе една домашна задача да напишам. Како небаре пред да почнам да одам на јога бев малку емотивна. Сакам да кажам дека јогата не е за секој. Исто и колку да ме убедуваат таквиот начин на живеење складен со филозофијата на јогата не кореспондира со модерното време и брзиот начин на живеење. Ако во јогата се бара бавност, концентрација и размислување за секој чекор пооделно како тоа би се поклопило со брзите инстинкти и реакции кои се потребни за денес да можеме да завршиме било каква работа и да ни остани време. Мене повеќе ми се допаѓаше бунтовникот-јас.
 
Член од
22 февруари 2007
Мислења
1.852
Поени од реакции
1.382
Сакам да пробам такфо нешто за смирување и мислам дека би било супер али незнам колку му личи на машко да иде на такфи стфари , овде едноставно менаталитетот не е такоф и затоа би те исмефале ..
 

зунза

Модератор
Член од
27 јануари 2006
Мислења
3.301
Поени од реакции
59
Сакав да пробам т.е имав решено да одам од наредната недела, ама искрено Квендолин ми го смени мислењето сега.
Не сакам да ја практикувам ако се состои од такво перење на мозок -срање.
 
Член од
1 март 2008
Мислења
503
Поени од реакции
18
Јога....
Ми го промени животот-на подобро. Ја практикувам веќе 5 години. Најубаво нешто што го сторив за себе.
 

a n g e l c e

^ Poison Girl ^
Член од
25 јануари 2007
Мислења
1.202
Поени од реакции
4
Ја вежбам јога 2 пати неделно задолжително понекогаш се случува и повеќе пати во неделата.Инаку тоа е нешто најубаво според мене :pipi:
 

a n g e l c e

^ Poison Girl ^
Член од
25 јануари 2007
Мислења
1.202
Поени од реакции
4
Сакам да пробам такфо нешто за смирување и мислам дека би било супер али незнам колку му личи на машко да иде на такфи стфари , овде едноставно менаталитетот не е такоф и затоа би те исмефале ..


Идат и машки на јога во моја група има од различни генерации и не е битно за нашиот назаден менталитет туку за тоа како ти се чуствуваш и што тебе те исполнува. Така да пробај :wink:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom