Јога

ThA-BiTcH

~*~Blonde Bitch With a Brain~*~
Член од
23 септември 2005
Мислења
4.338
Поени од реакции
57

ЈОГАТА И ЕСТЕТИКАТА


Убавината во јогата има повеќе извори. Постои убавина што извира од знаењето, постои убавина што извира од смиреноста и од хармонијата. Постои убавина што извира од здравјето, од рамнотежата на телото и умот.
Системот на јогата се состои од голем број техники кои не доведуваат поблиску до себе, кои создаваат хармонија во телото и во умот и во нивниот меѓусебен однос.
Онаму каде што постои знаење, мир, задоволство и здравје, постои и убавина. Естетската слика на човекот се засновува врз доброто функционирање на организмот, врз доброто функционирање на нервниот, кардиоваскуларниот и ендокриниот систем. Секое нарушување на здравјето го нарушува и естетскиот изглед на човекот. Болеста, стресот и заморот оставаат видливи знаци врз нашиот изглед. Исто така, врз тоа влијаат погрешните и лошите навики, заморот и недостигот на сон. Недоволната и неправилната исхрана, алкохолот, пушењето и кафето исто така оставаат белези врз нашиот изглед.

Кога умот и телото доживуваат состојба на радост, задоволство, психички мир, спокојство, се забавува нивното стареење. Психичката рамнотежа го зајакнува организмот со тоа што ги зајакнува функциите на одбрана и обнова на организмот, на клетките, и конечно го намалува нивното трошење.
Јогата ја дополнува и помага работата на еден козметичар, но не ја заменува. Но личната заштита, состојбата на телото и на кожата, е и наша работа. Рацете на професионалниот козметичар можат да го почувствуваат и да го именуваат проблемот со самото допирање на лицето. Козметичарот може подобро и полесно да си ја изврши работата ако и ние самите придонесеме за тоа. Колку поотворени и порелаксирани ќе бидеме толку повеќе ќе придонесеме неговата грижа да биде поуспешна.


ЕСТЕТСКОТО ВЛИЈАНИЕ НА ТЕХНИКИТЕ



Сите основни групи техники на хата-јогата имаат естетско влијание. Тука спаѓаат крија -техники на внатрешна хигиена, асаните - телесни положби, мудрите - комбинирани психофизички техники, бандите - невромускулни контракции, и пранајамата - техники на дишење. Списокот може да го заокружиме со техниките на релаксација и медитација и со внимателен начин на исхрана, елементи што играат важна улога за внатрешниот и за надворешниот изглед на човекот.

МЕДИТАЦИЈА
Медитацијата го комплетира и заокружува патот на барањето на убавината. Таа не учи дека изворот на вистинската убавина е внатре во нас, онаму каде што се наоѓа нашето вистинско јас. Таму е нашата вистинска природа. Таму го откриваме изворот на убавината. Само кога некој го открива своето вистинско јас, ја наоѓа и самата убавина. Од тој момент патот на таа убавина однатре кон надвор ќе биде без пречки, директен и спонтан. Ќе ја видиме убавината во очите, во насмевката, во смиреноста, во природноста на сите нешта што ги прави човекот и во она што го зборува. Медитацијата со нејзините различни форми е како враќање дома, враќање кон нашето јас. Претставува пат на враќањето кој ги брка сенките на незнаењето, на несигурноста, сенките на стравот. Стравот најмногу од се друго го блокира осетот за убавина. Треба да ги победиме нашите стравови, свесни или несвесни, стравовите од успехот и од неуспехот. Кога не сме исплашени, не сме стегнати од комплексот на помала вредност. Кога сме немирни, исплашени, незадоволни, тогаш не можеме ниту да дадеме убавина ниту да ја примиме. Стравот не прави неспособни да ја доживееме убавината. Не блокира да ја изразиме кон надвор. Она што една жена или еден маж ги прави поубави е сигурноста, удобноста, смиреноста. Човекот ќе биде допрен од убавото доколку претходно ги победи своите стравови.


ДУХОВНОСТА И УБАВИНАТА



Убавината е израз на духовноста, но и обратно, духовноста е израз на убавината. Со тоа одиме неколку чекора понатаму од она што го наведовме погоре: "Убавината е во окото на оној што гледа". Тука убавината е нешто повеќе. Произлегува од оној што ја има збогатено својата душа по пат на духовна практика, по пат на читање на филозофски текстови. Затоа убавината е во окото на оној што не гледа само околу себе туку знае да гледа и во себеси. И она што може да го направи човекот подобар, може да го направи и поубав. Затоа јогата има примена и во естетиката.


Има некој на форумов кој иде на јога?:wink:
 

Acid

Администратор
Член од
22 јануари 2005
Мислења
34.339
Поени од реакции
31.217
Не, не практикувам Јога, ниту пак Фенг Шуи.

Него, не мислиш дека темава е за во ЗДРАВЈЕ?
Некако не ми штима во МОДА и УБАВИНА...
 

ThA-BiTcH

~*~Blonde Bitch With a Brain~*~
Член од
23 септември 2005
Мислења
4.338
Поени од реакции
57
Acid напиша:
Не, не практикувам Јога, ниту пак Фенг Шуи.

Него, не мислиш дека темава е за во ЗДРАВЈЕ?
Некако не ми штима во МОДА и УБАВИНА...
epa mozes da ja prefrlis, ali poso e joga i estetika zatoa ja staiv tuka:)
prefrli ako mislis deka treba:icon_lol:
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.340
Поени од реакции
3.049
Бибе, а ти вежбаш, практиткуиваш јога.

П.С. обожувам балерини и јогистки, се тегнат како тегнала, имаат извајани фигури, убави тела, често се насмеани, а и се...мммм!!
Велат дека јогата помага за воздигнување на духот, не знам, не сум пробал.
 
Член од
21 ноември 2005
Мислења
4.610
Поени од реакции
227
Ne praktikuvam nitu joga nitu feng-shui! A Tha-BiTch, tekstot sama go napisa ili go kopira od negde?
 
Член од
20 февруари 2006
Мислења
12
Поени од реакции
0
Joga...
interesno megjutoa naporno.
Probav da odam na joga, super e megjutoa ne e toa za mene.
 

I am a bitch

Мачкица
Член од
24 февруари 2006
Мислења
2.016
Поени од реакции
2
Порано одев на јога и супер ми беше. Ама после некако ми се здосади и плус ич немав време и затоа престанав.
 
Член од
19 февруари 2006
Мислења
1.769
Поени од реакции
31
Idev na joga dodeka trenirav odbojka i ne vidov niakov efekt...
Valjda do mene bilo
 

LadyPatron

Temptation
Член од
23 март 2005
Мислења
268
Поени од реакции
1
Јога три дена во неделата,по релаксирачко нешто за мене не постои...
Тоа што ти BabyGirl^^^ не си увидела никаков ефект,не може да е само до тебе,треба и учителот да се погоди...Прв пат кога започнав со јога бев во голема група,ефектот беше многу мал,сега сум во помала група,разликата е огромна...
 
Член од
24 ноември 2005
Мислења
3.230
Поени од реакции
390
Za da praktikuvas Yoga i od toa da imas nekakov rezultat ili uspeh, ne e dovolno samo da odvois vreme za vezbanje na poziciite in ivno praktikuvanje. Yogata e zapravo nacin na zivot, sosema poinakov od voobicaeniot nacin na zivot posebno vo Evropa i na Balkanot. Nevozmozno e da bides tolku posveten na yogata a da ne dojdes vo protivrecnost so okolinata i dnevniot ritam na eden raboten den sto ke predizvika na eden ili drug nacin konflikt, ako ne so okolinata togas so samiot sebe. Yoga sum praktikuval den izvesen period koga za toa sum imal dovolno vreme i moznost da go pravam i na site koi smetaat deka mozat da odvojat dovolno vreme i imaat dovolno resitelnost da se sprotivstavat na segasniot nacin na zaivot ke im preporacam da pocnat. Rezultatite sami ke dojdat i toa dosta brzo. Edinstven problem kaj mene bese sto jas ne uspeav da si gi odrzam uslovite za praktikuvanje yoga na podolg period.
 
Член од
10 мај 2006
Мислења
92
Поени од реакции
5
Garfield напиша:
П.С. обожувам балерини и јогистки, се тегнат како тегнала, имаат извајани фигури, убави тела, често се насмеани, а и се...мммм!!
Велат дека јогата помага за воздигнување на духот, не знам, не сум пробал.
Една моја бивша вежбаше јога. Навистина беше полна со енергија и секогаш весела, знаеше како да ме разведри у било која ситуација. (а тоа што се тегнеше како ластик е сосема друга приказна :wub:)
 

pinky**

..all over again..
Член од
16 декември 2005
Мислења
383
Поени од реакции
4
Gi obozavam Jogata i fitnesot..
 

Mandy

~Carpe florem~
Член од
26 февруари 2006
Мислења
1.578
Поени од реакции
23
Joga e mnooogu dobra rabota..krivo mi e shto prestanav da idam..ama kaj i da e kje prodolzam zasho se osekjav mnogu poubavo..pomirno..i porazdvizeno u sekoj slucaj:)
 

Офчар

The Bite of The Mamba [81]
Член од
24 април 2005
Мислења
3.717
Поени од реакции
57
ЈОГА, благодарам не..

САКАМ ДРОГА..
 

Kajgana Shop

На врв Bottom