Денеска на излагање од трамвај ми приоѓа една постара жена и ми почна муабет со “дали сум од тука“.. мислев ја интересира нешто да најде, меѓутоа тоа и беше само почетна реплика за да отвори муабет, дали сум бил побожен..иии што мислам за ова она, па дали би дозволил да ми подари книга, мене и на моите најблиски. За да сум размислел
Неможев да бидам..брутално неучтив, па откако едвам ја оттарасив после 30 минути, почна да роси па најдов изговор, поминав 10тина метри и книгата слета во канта.
Незнам која им е стратегијава на привлекување на “верници“ со убедување по улици, делење книги и флаери, кога тоа го прават на толку досаден начин и немааѕ обѕир кон нечии обврски, па играат на карта на љубезен пристап за да биде потешко да се извлечеш.
Иако самите знаат дека нема да ме разубедат.