Јеховини сведоци

Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
lele vone pa sto tie tebe...sekta...haha
jeh.svedoci se trudat da im ja kazat nivnata vistina na site luge...toa e nivna rabota...da propovedaat...isus rekol odete i pravete ucenici...
Не си разбрал..секта се однесуваше за Црна Ружа...беше одговор на тоа кој се тие самоубијците...инаку следбениците на таа секта треба да извршат самоубиство..сега кога како и зошто, не ме прашувај, не знам.
.....познавав на времето еден будала што влезе во Црна ружа...се занесе се изгуби целиот..и ете го горе во Бутел...
 
Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.344
Хммм...тоа се значи онаа сектата, или ватевр, што даваат весничиња да си прочитал човек...
Обично ѕвонат дома во некое безвеза време кога НЕ САКАМ да ми ѕвони некој на вратата, фино облечени, насмеани, и велат дека сакаат да поразговараат за Бог...
И, мене автоматски ми станува јасно колку е часот, па по автоматизам им кажувам еден од следниве неколку кратки зборови: „гит“, „в'с“ или „деф“ и си ја затварам вратата, без тресок.
Ме нервираат бе такви...ќе ми дојде сега и ќе ме замара...ебаго!
 
Член од
8 декември 2007
Мислења
254
Поени од реакции
9
Толку многу секти па и овие уште ни фалеја. Нови а толку нападни.,ги има по кафани,по паркови,по стадиони,по приватни станови.
Нова секта(добро де помлада),предводена,или основана од трговец,Чарлс Тазе Расел роден фебруари 1852 во Питсбург Пенсилванија УСА. Не бил ни свештеник ни теолог,но го бива за придобивање на луѓе. Наши иселеници кои престојуваат таму,не имајќи своја црква ,ја посетуваат оваа секташка црква и после враќање од таму ете ти беља,сега се како плева и кај нас.

Коринтјаните:11:19 ,,Неизбежно е и меѓу вас да се појават групи што ќе се отцепат од вас. Но така ќе се види кој се држи до вистината.,,

Малку се слични на адвентистите на кои му е водач некој си Милер но прават големи грешки со рачунањето на доаѓањето на Спасителот ГИХ. По Милер (адвентистот)доаѓањето ке било 1843или1844г. а по овој Јех.Сведок Расел израчунал прво 1874г па после било тоа грешка, па прорекол 1914год. Но сега го извртел своето рачунање и се поправил,затоа што ГИХристос навистина дошол 1914 ама невидливо.

Во право се зборовите од Св.Писмо:
,,Ќе се појават и многу лажни пророци и ќе заведат мнозина.,,

А ние православните да си останеме на нашето и да ги разбереме зборовите:
Лука:21:8 А Тој им рече: „Чувајте се да не бидете заведени. Мнозина ќе се појават под Моето име и ќе тврдат: ,Јас сум вистинскиот Месија!‘ и ,Дојде времето!‘ Не одете по таквите
 
Моето_е_поголемо

муа не ме лазе
Член од
22 јули 2005
Мислења
475
Поени од реакции
21
Секта е помала група верници која се одвоила од главната верска заедница (црквата). Тоа би дошло исто као нашите политички партии кои што на секои избори се цепкаат и се формираат нови помали партии. Секој си има прво на определба во што ќе верува и каде ќе припаѓа, впрочем, поради тоа се разликуваме од ангелите кои што се создадени да му служат на Бог, а нам ни е дадена слободна волја. За сектите е напишано и во библијата: "Тие излегоа од нас но не беа наши, бидејќи ако беа наши ќе останеа со нас, но се јавија за да се знае дека сите не се наши" Јов. 2,19
 
Dobro rasuduvawe,so tebe sum.
No bez niv,nema da znaeme kade gresime. Gavolot, se veli e kako lav koj odi niz pustinata barajki nekogo da progolta. I mnogu gi najduva.
 
Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
lele vone pa sto tie tebe...sekta...haha
jeh.svedoci se trudat da im ja kazat nivnata vistina na site luge...toa e nivna rabota...da propovedaat...isus rekol odete i pravete ucenici...
Епа женете се и правете, не ве брани никој :pos: и така само тие ќе ве слушаат.
 
Член од
21 септември 2008
Мислења
1
Поени од реакции
1
Одговарам на сите прашања

Бидејќи имате желба да зборувате на оваа тема, спремен сум да Ви одговорам на сите Ваши прашања. Јас сум Јеховин сведок. Не стигнав да ги прочитам сите коментари. За оние што ги прочитав ќе се обидам љубезно и културно да одговорам.
Значи, Јеховините сведоци се луѓе кои го обожаваат Бог, онака како што тој тоа го назначил во Библијата. Сите ставови се замени од Библијата или како резултат на начела од Библијата.
Всушност, за секое прашање ќе се обидам да Ви кажам по некој стих од Библијата, кој директно одговара на Вашето прашање. Сепак, јас не сум надчовек за да можам сам наеднаш да одговорам на Вас, кои сте во поголем број. Освен тоа не ја знам напамет Библијата за да веднаш го цитирам стихот. Иако немам многу време, ќе се обидам да Ви одговорам. Се надевам дека ќе имате разбирање за овие ограничувања.
Ние сме христијанска религија, што значи дека сме следбеници на Исус. Тоа значи, го правиме она што Исус го правел и го заповедал. Тој одел од град во град и од куќа до куќа и на луѓето им зборувал за Божјето Царство. Тоа сигурно сте го гледале и во филмот „Исус од Назарет“ ако не сте ја читале Библијата. И во тоа време имало синагоги каде Евреите го славеле Бог и ја читале Библијата, како што и денес има цркви, ама Исус одел кај луѓето од врата до врата. Потоа, ги праќал апостолите да одат кај Евреите и им дал упатство како да го прават тоа. Во Матеј 10:7 пишува: „Додека одите проповедајте: ,Се приближи царството небесно`“ Во Матеј 10:8 вели: „Бесплатно добивте, бесплатно давајте“. Во Матеј 10:11-13 вели: „А штом ќе влезете во некој град или село, побарајте го во него оној што е достоен да Ве прими Вас и Вашата порака и останете таму додека не си заминете. Кога ќе влезете во куќата, поздравете ги домашните. Ако куќата е достојна, нека дојде на неа мирот што и го посакувате, но ако не е достојна, Вашиот мир нека Ви се врати Вам.“ Во Матеј 28:19-20 Исус им заповеда на неговите следбеници: „Затоа, одете и правете ученици од луѓето од сите народи, крштавајќи ги во името на Таткото и на Синот и на светиот дух, учејќи ги да држат се што Ви заповедав.“ Од овие стихови можете да заклучите дека Исус одел кај луѓето и им зборувал за Божјето царство, апостолите оделе кај луѓето и им зборувале за Божјето царство. Исус дал заповед и во иднина да се прави тоа, заповед за неговите следбеници. Значи, вистинските следбеници на Исус, т.е. вистинските христијани, треба да одат од куќа на куќа и да проповедаат за Божјето царство.
За нареден пат можеме да видиме и други два аспекта:
1 Тоа треба да се прави бесплатно.
2. И прво да прават ученици, а потоа да ги крштаваат.
 
Член од
25 јуни 2008
Мислења
451
Поени од реакции
5

Ова треба да ти биде со ГОЛЕМИ БУКВИ.
 
Член од
25 јуни 2008
Мислења
451
Поени од реакции
5
Е ќе ми одговориш тука како го објаснуваш овој стих.
Филипјаните 2/6 и 7
Кој, иако е во Божјо обличје, не го сметаше како грабнато - тоа што е еднаков со Бога, туку се лиши Самиот Себе, и зеде обличје на слуга станувајќи сличен со луѓето.

Римјаните 9/5
чии се и татковците, од кои потекнува и Христос по тело, Кој е Бог над сите, благословен во сите векови! Амин!
 
Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Бидејќи имате желба да зборувате на оваа тема, спремен сум да Ви одговорам на сите Ваши прашања. Јас сум Јеховин сведок. Не стигнав да ги прочитам сите коментари. За оние што ги прочитав ќе се обидам љубезно и културно да одговорам.
Значи, Јеховините сведоци се луѓе кои го обожаваат Бог, онака како што тој тоа го назначил во Библијата. Сите ставови се замени од Библијата или како резултат на начела од Библијата.
т.е поедноставено земени се ставовите кои ви одговараат, демантирај го ова ако можеш.
Всушност, за секое прашање ќе се обидам да Ви кажам по некој стих од Библијата, кој директно одговара на Вашето прашање.
Како што сите прават кога се во небрано... невермајнд, се надевам ќе имаш стих за мене.
Сепак, јас не сум надчовек за да можам сам наеднаш да одговорам на Вас, кои сте во поголем број. Освен тоа не ја знам напамет Библијата за да веднаш го цитирам стихот. Иако немам многу време, ќе се обидам да Ви одговорам. Се надевам дека ќе имате разбирање за овие ограничувања.
Имаме, додуша и да го немаме, кој прашува и онака спамирате по сандачињата и тропате по вратите.
Во Матеј 10:7 пишува: „Додека одите проповедајте: ,Се приближи царството небесно`“ Во Матеј 10:8 вели: „Бесплатно добивте, бесплатно давајте“. Во Матеј 10:11-13 вели: „А штом ќе влезете во некој град или село, побарајте го во него оној што е достоен да Ве прими Вас и Вашата порака и останете таму додека не си заминете. Кога ќе влезете во куќата, поздравете ги домашните. Ако куќата е достојна, нека дојде на неа мирот што и го посакувате, но ако не е достојна, Вашиот мир нека Ви се врати Вам.“ Во Матеј 28:19-20 Исус им заповеда на неговите следбеници: „Затоа, одете и правете ученици од луѓето од сите народи, крштавајќи ги во името на Таткото и на Синот и на светиот дух, учејќи ги да држат се што Ви заповедав.“
Како што реков погоре... земате што ви треба и си составивте вон контекст анојинг библија.
Од овие стихови можете да заклучите дека Исус одел кај луѓето и им зборувал за Божјето царство, апостолите оделе кај луѓето и им зборувале за Божјето царство. Исус дал заповед и во иднина да се прави тоа, заповед за неговите следбеници. Значи, вистинските следбеници на Исус, т.е. вистинските христијани, треба да одат од куќа на куќа и да проповедаат за Божјето царство.
За нареден пат можеме да видиме и други два аспекта:
1 Тоа треба да се прави бесплатно.
2. И прво да прават ученици, а потоа да ги крштаваат.
Нешто налик на вас кој наоѓате оправдување во тие стихови... ооо за бесплатно, бесплатно е, ама и нападно и напорно, за тоа околу делкањето материјал т.е правење ученици... имам пишано над тебе, прочитај...

Удри ме со стихови.
 
Член од
25 јуни 2008
Мислења
451
Поени од реакции
5
т.е поедноставено земени се ставовите кои ви одговараат, демантирај го ова ако можеш.

Како што сите прават кога се во небрано... невермајнд, се надевам ќе имаш стих за мене.

Имаме, додуша и да го немаме, кој прашува и онака спамирате по сандачињата и тропате по вратите.

Како што реков погоре... земате што ви треба и си составивте вон контекст анојинг библија.

Нешто налик на вас кој наоѓате оправдување во тие стихови... ооо за бесплатно, бесплатно е, ама и нападно и напорно, за тоа околу делкањето материјал т.е правење ученици... имам пишано над тебе, прочитај...

Удри ме со стихови.
Веќе ја имаат
 
Kajgana Shop

На врв Bottom