Не ја оправдувам.. Но ја користам.
Бидејки сеуште сум основно... Така да со џепарлак од родителите, и шо соберам нешто пари, не се купуваат оргинали..
Со цените на оргиналите на музика и филмови не сум запознаен.. Но можам да кажам за игри и софтвер..
Игрите се прескапи.. 50 $.. Но од друга страна, за тие 50$ вие добивате игра што ке ја играте.. Многу.. (имам играно игри по 6-7 саати на ден, за време на распуст..). Сега.. Како расте пиратеријата, така растат и цените...
Доколку се зголеми купувањето на оргиналите, секако дека цените би се намалиле за 10-15$...
Околу стандардот во Македонија..
Секако дека 50$ за игра е прескапо.. Но мора токму таа игра да ја играте?
Колку што знам, има Кантер за 500 денари.. Има варкрафт(која сигурно не е 50$).. Има некои попусти и промоции.. Има комбинации( Orange box, или пак gold edition на некоја игра.. игра + expansion поевтино)... Има и многу freeware игри (баш играта што ја имам играно 6-7 саати дневно е бесплатна), кои се многу интересни... 70% сум сигурен дека на мојот пост ке има коментари како „и ти користиш пиратерија, блабла“. Да.. Јас користев... Но сепак со игри престанав (се откажав од гејминг, сега можеби ке играм некоја браузер базирана, или некоја free mmo).. Исто така и достапноста е проблем... Сеуште не сум видел да се продаваат оргинал игри во Куманово, а да не зборувам за софтвер...
Околу софтвер... Претерано е премногу...
Но сепак размислете од друга гледна точка... Софтверот што е 1000$ е користен од огромни компании кои прават 1000 пати поголем профит... Така да тука е логично... Доколку гледаме што се можат да направат тие парчиња софтвер.. Вредни се за својата цена.. За тие што сакаат да се учат дома, или сакаат да работат како хоби или нешто слично.. Има многу алтернативи... Познавам многу искусни дизајнери кои преферираат GIMP над Photoshop... Може да се користи Linux наместо Windows... И има мноооооогу кои го преферираат Linux над Windows(и јас сум еден од тие)..
За крај.. Гласав Не, но користам пиратски производи.
Користам freeware софтвер, и не играм игри веќе.. Но сепак ја имам целата дискографија на Eminem во пц, и неколку филмови..
Доколку некој планира да ме цитира, или да ме накривува... Нека наведе зошто... Да има некоја поквалитетна дискусија...