- Член од
- 17 март 2005
- Мислења
- 11.493
- Поени од реакции
- 1.592
Прв одлучен чекор може да биде и враќање на последниот извештај на Брисел, со објаснување дека содржи неприфатливи грешки! За таков чекор не е доцна
Јажето сé повеќе ни се стега околу вратот, а ние како да не го забележуваме. До скоро имаше претензии дека се работи „само“ за името на државата, ама пукна срамот. Баросо, на прес со нашиот премиер, јавно ни порача дека „идентитетот е важен, ама...“ имало и поважни работи. Не за него и другите, за нив идентитетот е света работа, туку за нас. Не е битно дали оваа бесмислена изјава е последица на објаснувањата на нашиот премиер, или на пошироки влијанија. Во принцип, таква (глупава) идеја не се раѓа во Брисел. Баросо, изгледа, ја најави последната фаза од спорот и прецизира дека проблем се - Македонците.
Некако компатибилно звучи и изјавата на словенечкиот министер за надворешни работи Жбогар: „Словенечко-хрватскиот модел е добар... но тешкоприменлив за спорови што се однесуваат на историјата, во кои причините и последиците се специфични“! Кои последици, според него, треба да бидат специфични? Прекрстувањето на еден народ?
Во меѓувреме, ЕК ни го обезличи јазикот во „државен“, што не е првпат. Ние тоа скоро го превидовме, ангажирајќи се околу примитивна манипулација во ООН.
Очигледно ситуацијата го доживува својот климакс и веќе не трпи неодлучност и пасивност. Државата нема поголем проблем од овој спор. Тој е клучно и надворешно и внатрешно, и политичко и секакво друго прашање. Преку него се минираат: стабилноста и безбедноста на земјата, меѓуетничката издржливост, економскиот развој, социјалниот мир... Иднината.
Макар следните од три до пет години Атина нема да отстапи од неприфатливата максималистичка позиција. Нејзината криза го доведува во прашање опстанокот на еврото, а преку него и на Унијата. Затоа никој од Брисел нема да им врши дополнителен притисок за што било друго. Најмалку за нашиот идентитет, бидејќи на југот има целосен консензус дека не (треба да) постоиме.
Паралелно, НАТО и ЕУ немаат механизми да го променат зацементираниот став: прво името, потоа членство и (датум за) преговори. Дури, во меѓувреме, тие и да ги променат процедурите (што не е веројатно) - од консензус, на сите минус еден (три, или пет) - тоа нема да се однесува на нас. Законите не важат ретроактивно.
Тоа е реалноста со која мораме да се соочиме.
Ако навистина сакаме да опстоиме како народ и држава, мораме што поскоро да тргнеме во акција. Нема повеќе време за чекање. Одбројувањето ни почна уште од Букурешт, во 2008-та. Веќе подолго време ние сме на потег. Судбината е во наши раце. Самите мораме да се избориме НАТО и ЕУ да го променат ставот кон нашата земја. Можности (сé уште!) има. А ако тука нема решение, мора да се бараат други опции. Предизвикот е огромен, ама е и убава шанса да се докажеме: нé бива, или не.
Ако сакаме да успееме, мора веднаш да се формира штаб (тим веќе не е доволен), кој дневно ќе го менаџира проблемот. Итно ни е потребна помош и од врвни странски експерти. Самите не сме кадарни да се соочиме со сите предизвици. Нивното ангажирање веќе не трпи одлагање. Во Охрид, кога Албанците имаа странски адути крај себе, ние се преценивме и дозволивме некои „наши“, правејќи се важни, да ја утнат работата.
Штабот би подготвил стратегија за наше понатамошно дејствување преку осмислена и координирана политичка и дипломатска офанзива. Би почнало со робусна пиар-промоција во светот, кој (воопшто) не го знае проблемот.
Во средината на 1990-тите години, во Европската банка за обнова и развој, во Лондон, беше одржан состанок со претставници на балканските држави за финансирање регионални проекти. Албанскиот амбасадор зборуваше за Косово, што немаше никаква врска со состанокот. Арно ама тоа е права класична дипломатија. Албанија секаде го презентираше својот клучен интерес. И каде што му е местото и каде што не му е! Само така се успева.
Ние не се однесуваме така и затоа сме на ова дереџе. Нашата дипломатија и сите други што комуницираат со светот службено сме обврзани, во секоја прифода, секаде, да информираме за блокадите и за уцените на кои сме изложени. Друг приоритет веќе немаме. Тоа ќе се разбира и почитува и ќе отвора пат за конечен успех.
Штабот би подготвил и кодекс за наше однесување, кој требаше одамна да биде донесен. Во него би било прецизно регулирано дека ние никаде не мораме и не смееме да седиме зад референцата (не дај Боже кратенката). Таа не нé обврзува. Ни беше наметната со грубо прекршување на Повелбата на ООН и ние никогаш не ја прифативме. Сé додека не се согласиме да нé прекрстат, ние сме должни секаде да ја претставуваме Република Македонија. Натписите пред делегациите со референцата треба или да се отстрануваат или да се покриваат со однапред подготвени листови - МАЦЕДОНИА. При нејзино користење секогаш треба да реплицираме дека нашето име е Македонија. На тие што нé фиромизираат треба остро да им се одговара дека таква држава - нема! Ако продолжат, треба да се напуштаат средбите...
Би се регулирало и дека никаде во земјава, во никаква прифода, не смее да се употребуваат референцата и навредливата кратенка, со што се прекршува Уставот. Ако тоа беше веќе направено, немаше министерството, Комората... да испраќаат покани со референцата, Собранието да дистрибуира преведени документи со неа, некои спортски федерации да ја користат на дресовите...
Преку тие грешки покажува(в)ме дека на сé сме подготвени. Затоа вака нé третираат. Без трошка почит.
Со молчење и со траење, нема да успееме. Во меѓународната практика нема такво нешто. Добиваат само тие што се борат.
Прв одлучен чекор може да биде и враќање на последниот извештај на Брисел, со објаснување дека содржи неприфатливи грешки! За таков чекор не е доцна.
Авторот е поранешен амбасадор
Автор: Ристо Никовски
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=121010922264&id=13&prilog=0&setIzdanie=22154