Јажето околу вратот ни се стега, мора жестоко да се реагира

Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.592
Прв одлучен чекор може да биде и враќање на последниот извештај на Брисел, со објаснување дека содржи неприфатливи грешки! За таков чекор не е доцна

Јажето сé повеќе ни се стега околу вратот, а ние како да не го забележуваме. До скоро имаше претензии дека се работи „само“ за името на државата, ама пукна срамот. Баросо, на прес со нашиот премиер, јавно ни порача дека „идентитетот е важен, ама...“ имало и поважни работи. Не за него и другите, за нив идентитетот е света работа, туку за нас. Не е битно дали оваа бесмислена изјава е последица на објаснувањата на нашиот премиер, или на пошироки влијанија. Во принцип, таква (глупава) идеја не се раѓа во Брисел. Баросо, изгледа, ја најави последната фаза од спорот и прецизира дека проблем се - Македонците.

Некако компатибилно звучи и изјавата на словенечкиот министер за надворешни работи Жбогар: „Словенечко-хрватскиот модел е добар... но тешкоприменлив за спорови што се однесуваат на историјата, во кои причините и последиците се специфични“! Кои последици, според него, треба да бидат специфични? Прекрстувањето на еден народ?

Во меѓувреме, ЕК ни го обезличи јазикот во „државен“, што не е првпат. Ние тоа скоро го превидовме, ангажирајќи се околу примитивна манипулација во ООН.

Очигледно ситуацијата го доживува својот климакс и веќе не трпи неодлучност и пасивност. Државата нема поголем проблем од овој спор. Тој е клучно и надворешно и внатрешно, и политичко и секакво друго прашање. Преку него се минираат: стабилноста и безбедноста на земјата, меѓуетничката издржливост, економскиот развој, социјалниот мир... Иднината.

Макар следните од три до пет години Атина нема да отстапи од неприфатливата максималистичка позиција. Нејзината криза го доведува во прашање опстанокот на еврото, а преку него и на Унијата. Затоа никој од Брисел нема да им врши дополнителен притисок за што било друго. Најмалку за нашиот идентитет, бидејќи на југот има целосен консензус дека не (треба да) постоиме.

Паралелно, НАТО и ЕУ немаат механизми да го променат зацементираниот став: прво името, потоа членство и (датум за) преговори. Дури, во меѓувреме, тие и да ги променат процедурите (што не е веројатно) - од консензус, на сите минус еден (три, или пет) - тоа нема да се однесува на нас. Законите не важат ретроактивно.

Тоа е реалноста со која мораме да се соочиме.

Ако навистина сакаме да опстоиме како народ и држава, мораме што поскоро да тргнеме во акција. Нема повеќе време за чекање. Одбројувањето ни почна уште од Букурешт, во 2008-та. Веќе подолго време ние сме на потег. Судбината е во наши раце. Самите мораме да се избориме НАТО и ЕУ да го променат ставот кон нашата земја. Можности (сé уште!) има. А ако тука нема решение, мора да се бараат други опции. Предизвикот е огромен, ама е и убава шанса да се докажеме: нé бива, или не.

Ако сакаме да успееме, мора веднаш да се формира штаб (тим веќе не е доволен), кој дневно ќе го менаџира проблемот. Итно ни е потребна помош и од врвни странски експерти. Самите не сме кадарни да се соочиме со сите предизвици. Нивното ангажирање веќе не трпи одлагање. Во Охрид, кога Албанците имаа странски адути крај себе, ние се преценивме и дозволивме некои „наши“, правејќи се важни, да ја утнат работата.


Штабот би подготвил стратегија за наше понатамошно дејствување преку осмислена и координирана политичка и дипломатска офанзива. Би почнало со робусна пиар-промоција во светот, кој (воопшто) не го знае проблемот.

Во средината на 1990-тите години, во Европската банка за обнова и развој, во Лондон, беше одржан состанок со претставници на балканските држави за финансирање регионални проекти. Албанскиот амбасадор зборуваше за Косово, што немаше никаква врска со состанокот. Арно ама тоа е права класична дипломатија. Албанија секаде го презентираше својот клучен интерес. И каде што му е местото и каде што не му е! Само така се успева.

Ние не се однесуваме така и затоа сме на ова дереџе. Нашата дипломатија и сите други што комуницираат со светот службено сме обврзани, во секоја прифода, секаде, да информираме за блокадите и за уцените на кои сме изложени. Друг приоритет веќе немаме. Тоа ќе се разбира и почитува и ќе отвора пат за конечен успех.
Штабот би подготвил и кодекс за наше однесување, кој требаше одамна да биде донесен. Во него би било прецизно регулирано дека ние никаде не мораме и не смееме да седиме зад референцата (не дај Боже кратенката). Таа не нé обврзува. Ни беше наметната со грубо прекршување на Повелбата на ООН и ние никогаш не ја прифативме. Сé додека не се согласиме да нé прекрстат, ние сме должни секаде да ја претставуваме Република Македонија. Натписите пред делегациите со референцата треба или да се отстрануваат или да се покриваат со однапред подготвени листови - МАЦЕДОНИА. При нејзино користење секогаш треба да реплицираме дека нашето име е Македонија. На тие што нé фиромизираат треба остро да им се одговара дека таква држава - нема! Ако продолжат, треба да се напуштаат средбите...

Би се регулирало и дека никаде во земјава, во никаква прифода, не смее да се употребуваат референцата и навредливата кратенка, со што се прекршува Уставот. Ако тоа беше веќе направено, немаше министерството, Комората... да испраќаат покани со референцата, Собранието да дистрибуира преведени документи со неа, некои спортски федерации да ја користат на дресовите...

Преку тие грешки покажува(в)ме дека на сé сме подготвени. Затоа вака нé третираат. Без трошка почит.
Со молчење и со траење, нема да успееме. Во меѓународната практика нема такво нешто. Добиваат само тие што се борат.

Прв одлучен чекор може да биде и враќање на последниот извештај на Брисел, со објаснување дека содржи неприфатливи грешки! За таков чекор не е доцна.

Авторот е поранешен амбасадор

Автор: Ристо Никовски
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=121010922264&id=13&prilog=0&setIzdanie=22154
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Па супер се знае што е што име не менуваме во НАТО и ЕУ не одиме и сега слободно може да се вратат војниците наши кои што се таму заради туѓи интереси и да се прекине моронското гласање на законите кои по диктат ни ги диктира Курвата вавилонска.
 

iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.184
Не го дочитав цел текст зашто знам дека се е веќе срање, сите го тупат за промена на нешто, за некакви си компромиси и сл. Дали после сите срамни работи или политики што ни ги направија ЕУ, САД и НАТО ние сеуште сакаме да бидеме дел од тие институции? ( освен САД нормално :pos2: ) Значи ем не не сакаат таму како Македонија и Македонци, ем ние упорно правиме реформи, донесуваме закони и разни срања за да влеземе. Која иронија...
 

Принцезичка

courage is contagious
Член од
12 декември 2008
Мислења
1.556
Поени од реакции
348
И не дипломатијата не е заникаде ...
Јеп тоа добиваш кога ставаш куп деца и партиски војници во дипломатски редови. Пратете уште една манекенка ве молам :)
 
Член од
8 август 2008
Мислења
1.309
Поени од реакции
151
неможеш да дадеш гол ако си во одбрана само, мора и во напад да отидеме малку, поддршка за Никовски и кешки да има повеке како него, вистински професионалци ама ретко има.........доста со симната глава и свиткан рбет
 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Прв одлучен чекор може да биде и враќање на последниот извештај на Брисел, со објаснување дека содржи неприфатливи грешки! За таков чекор не е доцна
Това ке биде прецедант. :toe:
Политичката елика,сака да наметне,дека проблема за името не е проблем на РМ,но видимо е + некоj сака да се изкара како жртва-добре работи.
Дори држави како Словениja,кои имат висок реjтинг мегу граганите на РМ и са близки,не разбираш што се дешава во РМ...
http://media.a1.com.mk/members/prikazi80WM.php?klip=vesti/vestia2.wmv&naslov=Internet TV
 
Член од
16 јули 2008
Мислења
1.858
Поени од реакции
1.034
Това ке биде прецедант. :toe:
Политичката елика,сака да наметне,дека проблема за името не е проблем на РМ,но видимо е + некоj сака да се изкара како жртва-добре работи.
Дори држави како Словениja,кои имат висок реjтинг мегу граганите на РМ и са близки,не разбираш што се дешава во РМ...
http://media.a1.com.mk/members/prikazi80WM.php?klip=vesti/vestia2.wmv&naslov=Internet%20TV
Да не очекуваш некој да гледа што мислат А1?Досега на сите им стана јасно кои се А1 и која игра ја играат.А за преседани немора нас да ни кажуваш.Досега 100 преседани ни направија гомнарите од Еу.Влезот во ОН,сега за Нато и ЕУ,преседани колку сакаш,па никој не се чуди.

Мислам дека кај нас прво треба да се распише референдум,пошто не е јасно дали народов сеуште сака членство во организации кои му го негираат најосновното човечко право. Мислам дека на овие "анкети" кои покажуваат 67% поддршка за ЕУ\Нато членство,не треба да им се верува. Како и дека секој 10-ти во Македонија бил Геј. Народот беше заслепен од медиумите,им се прикажуваа само позитивните работи од унииве. Се креираше една илузија. Сега сите гледаат дека не течело мед и млеко по улиците. Впрочем,само во членките на унијава секојдневно во некој град се штрајкува,се пали по улици,па дури и жртви паѓаат. Не била баш розова како што ни ја прикажуваа. Од 2008 до сега верувам дека поддршката за членство е опадната под 50%,само тоа уште долго ќе се прикрива со оглед дека повеќете анкети се спроведени од Евростат или платени од Сорос.

Искрено во последно време ретко сретнувам некој Македонец што се уште сака влез во ЕУ. Дури и тие што сакаат, неможат да кажат една позитивна работа што треба да ја очекуваме од зачленувањето.А доколку истиве ги прашаш дали би го жртвувале идентитетот за (ПРЕГОВОРИ,никој не ни гарантира ВЛЕЗ) сите се едногласни - НЕ. Барем јас до сега не сум сретнал Македонец со 3 чисти во главата да каже дека членството му е поважно од идентитетот. Мислам дека Македонија прво треба да си ги преиспита приоритетите (пошто ЕУ според мене не треба да ни биде приоритет).

На крај краева ЕУ, разочарана од Бугарија и Романија, одамна го избриша проширувањето од приоритетна листа.
 

Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
Јажето сами си го ставивме. Што ако енергијата која ја потрошивме за ЕУи НАТО, пола од неа искористевме за развој на односите со истокот со акцент на Русија. Нашата поизција ќе стануваше појака, ветото од Грција за ЕУ и НАТО од глава ќе им се удараше. Кај нас ЕУ и НАТО е параван за безидејност. Цели политички кариери се изградија врз тоа прашање со докторат, папагалско поватарање на важноста од нашето членство во ЕУ и НАТО. На нам ни треба анти-НАТО и анти-ЕУ политичка партија која ќе распали по нивното лицемерие и по овие безидејните.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.832
Поени од реакции
12.333
Хм, нели овој човек беше амбасадор, а можда и какви се не други функции...зошто тој период не влијаел така во јавноста и на своите претпоставени (претседателот рецимо Глигоров). Башка истиот поддржа Република Македонија Вардар, негов наводно личен став (личен став, со функција на советник на претседател)...за сега да ги промени колумните
http://www.time.mk/story_1588987009.html
http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=110027
http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=25B36DB2EA772845886798FAF2F98A90
Изјавите на Никовски според кои се гледа дека размислува за промена, дека воопшто размислува за предлог за сега одеднаш да ги заврти изјавите за 180
ЗА НИКОВСКИ СИТЕ ГЕОГРАФСКИ ОДРЕДНИЦИ ПРЕД ИМЕТО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, СЕ БЕСМИСЛЕНИ. НО МОЖЕ ДА СЕ РАЗМИСЛУВА ЗА ПРЕДЛОГ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ВАРДАР, А ЕВЕНТУАЛНА ПРОМЕНА НА УСТАВОТ ЌЕ ЗАВИСИ ОД ТОА ШТО ЌЕ БИДЕ ПОНУДЕНО НА ПРЕГОВАРАЧКА МАСА.
- Ова е индикација дека се размислува, дека се сфати оти Северна Македонија е апсолутно неприфатливо име. Тоа е мал чекор напред. Тоа е добра основа за размислување, вели Никовски.
Можеби сега е пореално да одиме со Република Македонија (Вардар) и дури сум напишал дека ние се сметаме за Вардарска Македонија, имаме песна „Ој Вардаре“ итн., меѓутоа, ако се дојде до такво решение што ќе биде пак само за надворешна употреба без да се менува Уставот, дури и да се смени Уставот со такво нешто, но без никакви други ограничувања.
Ние после да си останеме Република Македонија насекаде на конференциите, дури и да го ставиме во Уставот Република Македонија (Вардар), де факто тоа ништо не менува, ништо апсолутно, само е една додавка од географија.
На вакви луѓе не можам и да сакам да им верувам...тогаш ќутеше и земаше дневници, сега се засили со колумни.

Колумна од Ф. Петровски за бившиот потсекретар и амбасадор
Напротив, во интерес на вистината, референцата е измислена во Британија. Ексклузивен кум, според тоа, е Британија. А, случајно или не, тогаш во таа држава македонски амбасадор беше токму господинот Никовски. Интересна коинциденција.
Можеби текстот е добар, но човекот...одамна требаше да го каже ова, пред 20 години.
 

Милојко

Идем Куме Кући
Член од
17 ноември 2008
Мислења
3.072
Поени од реакции
554
Ебати светот во кој некој треба да си го смени името а од друга страна на велико се продава демократија. Срање е све луѓе. И нашиве политичари се за метак.
 

karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.720
Ебати светот во кој некој треба да си го смени името а од друга страна на велико се продава демократија. Срање е све луѓе. И нашиве политичари се за метак.
Еден по еден. Да гледаат какви г...а се.
Македонија сеуште не е во позиција да реагира така жестоко наспроти вавилонската курва. Но секако треба да се изнајдат "помеки" начини да им се покаже дека не сме толку ретардирани како што тие мислат.
 
Член од
13 октомври 2007
Мислења
3.175
Поени од реакции
434
Јажето сами си го ставивме.
Што ако енергијата која ја потрошивме за ЕУи НАТО, пола од неа искористевме за развој на односите со истокот со акцент на Русија.
Нашата поизија ќе стануваше појака, ветото од Грција за ЕУ и НАТО од глава ќе им се удараше.
Кај нас ЕУ и НАТО е параван за безидејност.
Цели политички кариери се изградија врз тоа прашање со докторат, папагалско поватарање на важноста од нашето членство во еу и нато.

На нам ни треба анти нато и анти еу политичка партија која ќе распали по нивното лицемерие и по овие безидејните.
Не се согласувам со тебе ,освен дека јажето сами сме си го ставиле, од причина што реалноста е сосема друга.

Прво, ние сме и во НАТО и во ЕУ ама на начин различен од членките. Тоа ве превод му доаѓа да ги запазиш сите нивни критериуми во општеството,да пушташ наши деца во окупаторските мисии на НАТО, да мора да ги почитуваш хомосексуалните диктати од закони, да те прогласат за недомократ тие кои ги кршат сите демократски вредности, да ти окупираат медиуми и преку соросоидни нво-а да ти поставуваат стандарди по нивна мерка.

Е се' тоа да, ама бенефит како членките - не. Па види го процентот за поддршка за влез во ЕУ и НАТО, зарем тоа е одраз на демократија ???? Тоа е поголемо едноумие и од сталинизмот, чисто испрани мозоци.

И сега те прашувам,за каква енергија ти пишуваш, нашата енергија се троши во обид да стенкаме. Они не дупат, а не ни даваат да писнеме.

Русија ??? Не биди смешен,кај што Русите немаат интерес никаков за нас,од нив тргнува проклетството на поделена Македонија, маката со татарите и гејците и спорот на сврбите со МПЦ.

Не спорам дека треба да соработуваме со другите држави надвор од ЕУ,ама во тој случај ние сме во ЕУ и не може, замисли дека некој политичар наш може да изгуби фотеља и власт за таков потег. Таков ризик е неприфатлив, не ги даваме нашите фараони, они се најважни па и поважни од државните интереси, или партиските лидери се најголем државен интерес .
 
Член од
29 декември 2008
Мислења
1.505
Поени од реакции
43
Јажето сé повеќе ни се стега околу вратот, а ние како да не го забележуваме. До скоро имаше претензии дека се работи „само“ за името на државата, ама пукна срамот. Баросо, на прес со нашиот премиер, јавно ни порача дека „идентитетот е важен, ама...“ имало и поважни работи.
Не дека не забележуваме.Забележуваме и тоа како но се правиме слепи при очи па не сакаме да видиме дека нас не сакаат в село да не видат а ние ја побаравме од попот ќерката.Ние бараме прием кај тие што пред 100 години не распарчија.И сега се лутиме на машата(Грција) оти некој не изгорел?

--- надополнето ---

Зер Желко Кацин и Зоран Талер за тебе са А1?! Това дека били тамо е друго прашане. Извини,но Зоран Талер е известовач за РМ во ЕП.
Кога те слушам, това на дипломатически jaзик звучи вака:"Мора да вземиме друг курс и да бараме алтернатива". Многу пати сум прашал,ама никоj не ми отговори,дали има субект во РМ,коjто да не се залага за интеграциja во ЕУ и НАТО? Вие глумите тука лажна алтернатива,коja не е изjaвена от ни еден субек... гола работа е това без да има субект....:toe:
И што треба сега да направиме?

Тој што некогаш помислил дека Словенците ни се големи пријатели гадно се излагал. Што Македонија како држава, па и ко бевме во федерација видела аир од Словенците?

Јас уште кога ги одбраја Талер и Шакимарикакис или како го викаја, да се плукнам во него, знаев дека еден ден ќе дојде до ова. Но добро е што конечно го видовме и лицето на Словенците без маска. И немој да ми ги фалиш овде како биле европратеници или кој знае што. И Дорис Пак е европратеник па видовме како без влакна на јазикот му плесна се' во лице.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom