Хахаха и овој петок помина
Автобус фул, пензионерите се буткаат на врата и викаат: - чекајте уште јас да влезам ...

Влегуваат со полни торби и кеси, се буткаат, се караат за седиште, се буткаат кога се симнуваат, еден вика чекајте да не паднам

На железничка се испразни малку автобусот, таму се симнаа повеќе пензионери
Пред железничка една жена вика: - неможеше уште некој пензионер да се качи?

јас викам епа бесплатно им е денес и ... она вика сега за цела недела пазарат

Сто пати не препрашаа ние што стоевме на врата, ќе се симнувате ли тука? :uvo: Едно дете им вика ќе ви напраам место без грижа

Едни двајца средношколци си праат муабет, едниот вика: брат ај се симнеме на следната станица, подобро пешки отколку да се расправаш со старциве тука
И така јас решив следен петок да си цепам пешки од школо до дома
Јас ги разбирам бесплатно им е, ама нека не претеруваат.
