Јас од пред недела дена решив да се возам само со ЈСП. Во приватен јас веќе не стапнувам. Иако темава не е за приватниците, ме изневира еден возач во средата. Се качувам јас од средна во приватен и тој возачот одма ми вика: каде девојче? Се завртев и се симнав без збор да проговарам. Се разбира дека имав намера да платам карта, само врнеше и јас трчав да стигнам до автобусот побрзо да не тргне и да замине, па се качив од средна за побрзо да влезам и планирав да отидам напред и да му платам. Зошто се вакви овие приватнициве бе? За 25 денари
-.-
Еве зошто решив од сега да се возам само со ЈСП
Ја имам прочитано цела тема и мое мислење е дека не сте во право за контролорите дека се арогантни и некултурни.
Пред две години (шесто одд) се качувам во автобус, му подавам на возачот 30 денари за да ми даде карта да ја искуцам, а зад мене една жена и зад неа контролор влегува во автобусот. Ме виде мене дека подавам пари и му рече на возачот: на девојчето не му зимај и не му давај карта. Јас разочарано (тогаш со душа чекав да влезе контрола и да му ја покажам картата
) си ги враќам парите во џеб и одам накај средна за да застанам. Доаѓа контролорот до мене и му викам Вие рековте дека јас не треба
, тој се насмеа.
Не сум сигурна дали навистина не треба да плаќаат децата до шесто одделение, ама јас сум ниска и можеби сум му личела на помала
Поентата ми беше дека не се тие воопшто лоши, нормално е да бараат да си плати казна некој млад или возрасен човек ако не платил карта.
До сега сум немала проблем со ЈСП, а ни со приватните, само ете ме изнервира тој приватникот
Единствено што ме нервира во автобусите - некултурата на народов. Ама ЈСП и приватните не се криви за тоа