ЈСП - случки, прашања, дискусии

демнач

Неафирмиран кајганџија
Член од
11 август 2008
Мислења
1.621
Поени од реакции
412
Ја претеравте со бабиве и дедовциве, аман веке!
Брат не ја претеравме ја претераа они,колку е мачно кога ќе седнеш и гледаш од сите врати влагаат дедовци и баби како да е геријатриа и што е најстрашно се ствара таква гужва што нема каде да се иде.
Ќе каже чоек ги разбирам без пари,они цела недела нема да идат пример некаде и го чекаат логично петок,мора да се најде некое чаре,не иде
 

Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.395
Поени од реакции
16.622
Брат не ја претеравме ја претераа они,колку е мачно кога ќе седнеш и гледаш од сите врати влагаат дедовци и баби како да е геријатриа и што е најстрашно се ствара таква гужва што нема каде да се иде.
Ќе каже чоек ги разбирам без пари,они цела недела нема да идат пример некаде и го чекаат логично петок,мора да се најде некое чаре,не иде
А размислуваш дека еден ден и ти ќе бидеш таков?
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.479
Поени од реакции
7.947
Сигурно нема да малтретира дечиња по автобуси, почесто ќе се бања, нема да јаде лук... Доволно?
 
Член од
28 април 2009
Мислења
1.831
Поени од реакции
253
Влегува старец у петок на задна и вика: Мали ајде бегај ова е за пензионери :uvo:
 

аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.381
Поени од реакции
2.522
Влегува старец у петок на задна и вика: Мали ајде бегај ова е за пензионери :uvo:
LOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOL

хахахахахахахахахахахахахаха ме насмеа.. ова е само за пензионери !!! а ти шо не му рече ЧИКА ОВА НЕ Е ПЕНЗИОНЕРСКИ ДОМ ! ОВА Е АВТОБУС !!!!1
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.915
Поени од реакции
73.244
Во претходниот пост заборавив да спомнам, дека минатата недела кога заврна здраво еден ден, попушти покривот и почна да врне и внатре. Па фино лепо си отворивме чадорите и завршена прича :pos:
Вчера кај без светло, уште и вратите ми ги отвори ширум. Сам во автобус од Пржино до Градска, кој филинг беше :vozbud:
 
Член од
23 септември 2010
Мислења
645
Поени од реакции
385
може малце сум офтопик

Има еден тип вози 23 металец е, и еден ден влагам и го гледам си јаде туна со капачето од конзервата:lud: , опнал слушаки на уши и цепа иначе најбрз шофер е од сите
 

Красулка

Replay & Undo
Член од
3 јануари 2009
Мислења
1.508
Поени од реакции
1.157
Случкава не е баш во автобус него на билетара.
Не ми е јасно, како луѓево не сфаќаат дека сите ставаат маркици за слободните на 1-ви и дека тогаш е најголемата гужва.
Не ми е јасно, како може да има толку напната раја, која упорно вреска зашто има толку гужва и упорно се обидува да се убута преку ред.
Размислував и дојдов до еден заклучок и предлог, а тоа е како што имаат пензионерите слободен ден во петок, така на шалтериве да се направи и посебна колона или посебен шалтер за нив, каде што слободно ќе си чекаат и ако ништо друго ќе се распрааваат меѓу себе а не со остатокот од народот.
Благодарам.
 
M

MacedoniaGirl

Гостин
Хахаха и овој петок помина :)
Автобус фул, пензионерите се буткаат на врата и викаат: - чекајте уште јас да влезам ... :)
Влегуваат со полни торби и кеси, се буткаат, се караат за седиште, се буткаат кога се симнуваат, еден вика чекајте да не паднам :pos:
На железничка се испразни малку автобусот, таму се симнаа повеќе пензионери :)
Пред железничка една жена вика: - неможеше уште некој пензионер да се качи? :) јас викам епа бесплатно им е денес и ... она вика сега за цела недела пазарат :) :toe:
Сто пати не препрашаа ние што стоевме на врата, ќе се симнувате ли тука? :uvo: Едно дете им вика ќе ви напраам место без грижа :)
Едни двајца средношколци си праат муабет, едниот вика: брат ај се симнеме на следната станица, подобро пешки отколку да се расправаш со старциве тука :pos:

И така јас решив следен петок да си цепам пешки од школо до дома :)

Јас ги разбирам бесплатно им е, ама нека не претеруваат. :)
 

Manga

Golem alat
Член од
21 април 2006
Мислења
7.750
Поени од реакции
5.003
Петок го делитнав од ден за авантура со ЈСП :vozbud:
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.479
Поени од реакции
7.947
Денес среќа времево многу лошо па малку пензионери имаше во мојот бус, дури и место за седење начекав. Неверојатно, но вистинито.
 

Таруно

Еким
Член од
9 јуни 2010
Мислења
2.610
Поени од реакции
2.505
И да врне, и да вее, и бура да коси, секој петок пензионер бесплатно се вози. ;)
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.749
Поени од реакции
12.207
Јас ги разбирам бесплатно им е, ама нека не претеруваат. :)
Ами како, пар непар по куќни броеви...њама, реков најбоље од понеделник до недела. Ќе им досади, ќе се изморат или ќе ги потрошат парите уште првата недела :)
 
H

HITCH

Гостин
Ами како, пар непар по куќни броеви...њама, реков најбоље од понеделник до недела. Ќе им досади, ќе се изморат или ќе ги потрошат парите уште првата недела :)
Сигурен си дека ќе им здосади?! А што ќе прават дома?! Вака ќе се возат, ќе утепаат 2 саати во денот. Јас мислам дека, ако направат за пензионери да биде бесплатен превоз, тогаш ќе биде бетер! Треба да направат да биде бесплатно сабота и недела, па нека се возат колку сакаат! :toe:
 

аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.381
Поени од реакции
2.522
Сигурен си дека ќе им здосади?! А што ќе прават дома?! Вака ќе се возат, ќе утепаат 2 саати во денот. Јас мислам дека, ако направат за пензионери да биде бесплатен превоз, тогаш ќе биде бетер! Треба да направат да биде бесплатно сабота и недела, па нека се возат колку сакаат! :toe:
АПСОЛУТНО ТОЧНО!!!

еднаш баш слушнав ваков муабет меѓу 2 дедовци.. Кај одиш бе . Еве бе до зелен пазар да земам нешто за по дома.. - па што волку касно си отишол што не си отишол порано - Ај бе гајле ти е што ми е друга работа и онака ми е бесплатно восење денеска!!!


П.С имам другарче контролор и баш ми вика Петок шверцај се слободно нема контрола
- како бе нема - Не бе кој ке се расправа со бабите и дедовците.. ти му бараш карта он ти дава лична карта па ти број колку години има ако немаш попаметна работа : ) ) ) ) )

и контролорите се откажаа камо ли ние
 

Kajgana Shop

На врв Bottom