ЈСП - случки, прашања, дискусии

С

сашенко

Гостин
Боби[Мкд];3821687 напиша:
Ме нервираат возачите во 24-ка кои не отвараат задна врата да влезнеш, и карта ти бараат за да поминеш а немаат ингеренција за тоа.:nerv:
Исто и 13-ка.На автокоманда ја чекав за накај школо и секогаш застанува на крај на автобуската.Ке застане пред сендвичарите таму и ке отвори предна врата ке се сврти шоферот и проверува карти на сите.Разбирам дека треба тој да проверува карти ама сепак 30 ученици за накај школо и овој отворил само предна врата и на сите проверува обавезно.Тука губи 10 минути како ништо и после на сите автобуски отвара последна врата да немое човек да се потрпе на раат...
А имаат право да бараат карти т.е ти си должен кога ке влезеш да му ја покажеш ама па кога е гувжа треба да се има малку разбирање...
 

аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.381
Поени од реакции
2.522
ЈСП случки кои ме нервираат... Офф од утре почнувам на факултет да одам со автобус... ке има бајаги „интересни“ работи...
 

Hurin

Pokerface bastard
Член од
3 јуни 2009
Мислења
8.540
Поени од реакции
14.673
се имам возено 1-2 со старите пред 2-3 год. автобусот преполн а возачот гази до даска, требаше со две раце да се држам да не летнам низ прозорецц
 
Член од
1 октомври 2010
Мислења
368
Поени од реакции
30
nemam komentar redoven smrdes na mandza miris na kantarion vo utroto razocaranje pogolemo od ova nemam a plus i licata nad 60 godini se ponasaat ko niven da e avtobusot
 
Член од
7 јануари 2008
Мислења
69
Поени од реакции
8
Бабите и дедовците ја гласаат власта :toe: затоа се возат со бус...///

а у последно време ме нервира тоа што некои приватни праат проблем за со слободна :uvo: што им е нив проблемот незнам... а бесплатно е и за државен и за приватен...

Обрати се во секторот за образование при градот Скопје.


и за приватен е бесплатно? од каде тоа? го иима некаде со законска регулатива? член овој оној нешо потврда некаква???
ја мислам дека е само за државните...

Секако дека важи и за приватните. Не шири дезинформации.
 

аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.381
Поени од реакции
2.522
Секако дека важи и за приватните. Не шири дезинформации.
добро дај да видам кај пишува дка важи и за приватниве ја незнам за ова... мора да е утврдено некаде со некој закон член шо ти ја знам таму...
 
Член од
7 јануари 2008
Мислења
69
Поени од реакции
8
добро дај да видам кај пишува дка важи и за приватниве ја незнам за ова... мора да е утврдено некаде со некој закон член шо ти ја знам таму...

Мене ме информираа од ЈСП, а еве ти и еден цитат од веродостоен извор.


Возачите на приватните автобуси и годинава продолжија со ланската тактика- не сакаат да ги возат средношколците само со слободен билет кој важи и за приватните и за државните автобуси. Им бараат пари или воопшто не сакаат да ги качат во автобус. Ова се случува секој ден кога мојот син и неговите другари одат на училиште, вели Синиша Младеновиќ, од скопската населба Ченто.

“На сабајле ги симнуваат или им бараат да платат билет“, вели Синиша Младеновиќ.

Приватните превозници се обврзани да ги возат средношколците кои ќе покажат слободен билет. За тоа се договорени со Градските власти од каде и добиваат средства за услугата. Но, Младеновиќ вели дека возачите постојано наоѓале изговори за да земат пари за билет од средношколците. Неколку пати пријавиле во дирекцијата на приватниците, но решение нема.
 
Член од
16 август 2008
Мислења
3.293
Поени од реакции
637
Уште еднаш некој од приватен да не сака да ме качи во автобус, ќе запишам регистрација и ќе го пријавам. Оваа нивна тортура веќе не се трпи.
 
T

Tetro

Гостин
Вчера се возев со некој од приватните и забележав. Иако секогаш плаќам откако ќе влезам, мене ништо не ми значи ова, ама забележав дека имало а сега нема апаратче.

ИМАШ БИЛЕТ, ПЛАТИ КАРТА
ИАКО ИМАТЕ БИЛЕТ ЗА ВОЗЕЊЕ ВО ПРИВАТЕН АВТОБУС, ТЕШКО ДЕКА ЌЕ ГО ИСКОРИСТИТЕ, ЗАШТО АПАРАТИТЕ НЕ РАБОТАТ.

09:00 | 11.11.2010 | Автор: Шпиц
Во дел од приватните автобуси не функционираат електронските апарати за поништување билети, а во други воопшто нема такви апарати. И покрај тоа што имаат купено билет за повеќе возења граѓаните кога ќе влезат во автобус не можат да го искористат и мора одново да платат за возењето. Купениот билет ќе си го чуваат за кога ќе проработат апаратите.
Од компаниите „Макекспрес“ и „Слобода превоз“ признаваат дека во некои автобуси нема електронски апарати, но оти наскоро оваа услуга ќе биде достапна во сите автобуси.
- Дефектите на електронските апарати се многу ретки, и кога и да се случи некој дефект се поправа истиот ден - велат оттаму.
Скопјанецот Иван Петревски, кој секојдневно се вози со приватна „19“, е револтиран од услугите на превозниците.
- Разочаран сум од приватните превозници до бескрај. Уште пред година-две си купив електронски картички и од „Макекспрес“ и од „Слобода превоз“, ама парите што ги уплатив на нив не можам да ги искористам. Дури 80 отсто од автобусите немаат наплатувачи, а од тие што имаат, кај 80 отсто не се вклучени. На возачите им е помил кешот, па затоа не ги вклучуваат. А мене парите ми стојат на картичките неискористени. Лут сум и оти чув дека од Нова година ќе се воведува единствена електронска картичка и за приватните превозници и за ЈСП. Јас за да ги купам сегашните картички дадов 220 денари. Сега ќе треба да купувам и нова. Аман веќе - раскажува триесетгодишниот скопјанец.
Директорот на „Слобода превоз“ Ленин Јовановски додава дека во автобусите во кои има апарати, тие се исправни и ако се расипат, во рок од 40 минути се поправаат. Возачот е должен да го пријави дефектот.
- До сега не е пријавено дека некој од апаратите не функционирал. Може да се случи да нема систем за наплата во некој автобус, но сите што ги има се во добра состојба. Ако навистина се случило на човек кој имал картичка, а немало каде да ја поништи да му биде наплатена друга карта во автобус, тогаш тоа најверојатно го сторил возачот на своја рака - вели Јовановски.
Милорад Димитриовски, еден од сопствениците на „Макекспрес“, вели дека проблем има затоа што во дел од автобусите не е сменета електричната инсталација.
- Се трудиме да ја смениме во сите 20 автобуси, но се уште не сме успеале. Се надеваме дека за петнаесетина дена во сите автобуси ќе биде променета електричната инсталација и граѓаните ќе можат без проблем да ги користат нашите услуги - вели Димитриовски.
Тој додава дека ако се случи апаратите да не работат, дефектот веднаш се регистрира во мрежата. Според него, досега два пати бил пријавен дефект кој бил поправен истиот ден.
 

GoD.HateUSaLL

Фар акрос д диштанс
Член од
30 март 2008
Мислења
8.339
Поени од реакции
8.238
Највише се фурам коа у петок ќе влезе баба од средна врата, притоа дур да седне ќе изведе каскадерска точка, и после седнување, првиот до неа ќе го праша:
- Кое бројче е синко?


Е тука брат... how could i just kill a man.
 

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Секој ден по една дешавка значи. Многу ми е интересно кога на ден како денес, во автобусите врне појше него ли надвор. Ниту прозори можат да се затворат, ниту капацине одозгора што не се спуштаат или пак ако се спуштаат не дихтуваат како што треба, ниту пак хармоника-делот не е залепен онаму каде што има дупки, па по автобусиве Нијагара од сите страни.
И да, мрзам пензионери кои и да е празен автобусот ќе ти речат да им станеш затоа што не можат да седат на друго столче, туку мораат на тоа твоето ти кај што седиш. Среќа малку инаетлив сум си, па седнуваат на другите празни места.
Уште петок малку им било... ех, бреее....
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
1.104
Поени од реакции
359
Секој ден по една дешавка значи. Многу ми е интересно кога на ден како денес, во автобусите врне појше него ли надвор. Ниту прозори можат да се затворат, ниту капацине одозгора што не се спуштаат или пак ако се спуштаат не дихтуваат како што треба, ниту пак хармоника-делот не е залепен онаму каде што има дупки, па по автобусиве Нијагара од сите страни.
И да, мрзам пензионери кои и да е празен автобусот ќе ти речат да им станеш затоа што не можат да седат на друго столче, туку мораат на тоа твоето ти кај што седиш. Среќа малку инаетлив сум си, па седнуваат на другите празни места.
Уште петок малку им било... ех, бреее....
i od kaj sijalicite tece nemoj da zaboravis :)
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.495
i od kaj sijalicite tece nemoj da zaboravis :)
Тоа не се више сијалици, тоа се празнини исполнети со прљавштина од пред 30 години, светло слабо да искача :D
 

Kajgana Shop

На врв Bottom