RickyLFC9
Модератор
- Член од
- 28 март 2012
- Мислења
- 19.565
- Поени од реакции
- 41.148
Интересно ми почна денот (вторник). Првпат по повеќе од месец дена влегов у автобус на ЈСП и одма контрола. Фино-лепо, нели секад има некои шо се вадат зашто не земале карта и цел автобус ги гледа. Еден од контролорите беше тој што ме фати мене без карта пред две години кога идев на кино (и немав пари за пуканки и пиво
) и од тогаш избегавам државни, а кога идам обавезно си земам карта. И таман се симна контролата, на следна станица влезе еден пијаница, си запали цигара, а внатре пуно пензионери. Замислете ја реакцијата ко некој да активира бомба: "ГАСИ БЕ ШТО ТИ Е НА ТЕБЕ !! ЕЈ ШТО СЕ ЗАМИСЛУВАШ БЕ ТИ ???". Типот си седна до три баби што седеа на оние седишта карши едно со друго што се, и овие за 2 секунди си станаа. Не знам дали типот да го наречам гениј, трол или douchebag.
