ЈСП - случки, прашања, дискусии

RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.148
Интересно ми почна денот (вторник). Првпат по повеќе од месец дена влегов у автобус на ЈСП и одма контрола. Фино-лепо, нели секад има некои шо се вадат зашто не земале карта и цел автобус ги гледа. Еден од контролорите беше тој што ме фати мене без карта пред две години кога идев на кино (и немав пари за пуканки и пиво :( ) и од тогаш избегавам државни, а кога идам обавезно си земам карта. И таман се симна контролата, на следна станица влезе еден пијаница, си запали цигара, а внатре пуно пензионери. Замислете ја реакцијата ко некој да активира бомба: "ГАСИ БЕ ШТО ТИ Е НА ТЕБЕ !! ЕЈ ШТО СЕ ЗАМИСЛУВАШ БЕ ТИ ???". Типот си седна до три баби што седеа на оние седишта карши едно со друго што се, и овие за 2 секунди си станаа. Не знам дали типот да го наречам гениј, трол или douchebag.
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073

Тип за итни расчистувања :)))))))
Баш ми се свиѓаат вакви типови, сакал неќел мораш :)))))
 
A

Avenger99

Гостин
Ме нервира кога се дерат кога прават муабет не телефон стари,наглуви луге:''А да да,Ленче нема ништо за зимање,само за давање,да да Маре'':facepalm: Па немора цел автобус да разбере што Ленче имала за зимање..
 
Cresevo

Внимавај на називот во иднина.
Член од
9 октомври 2008
Мислења
923
Поени од реакции
2.103
Секој вторник нова епизода, овој вторник се случи и тоа цела автобуска се изнасмеа слатко. Чекајќи автобус пред хотел Карпош, негде привечер, дојде 4ка двокатен полн како и секој друг автобус во вторник, и се симна кој се симна се качи кој се качи и затвори врати шоферот и таман да појде од позади трча еден човек стар кој на прв поглед би рекол дека последните сили ги дава за да го стигне автобусот како да ќе нема друг и шоферот го примети застана како секој нормален човек да му искочи во пресрет сепак стар човек, ладно време. Арно ама човекот влегува со едната нога во автобусот со другата надвор и стои во расчекор и се држи за вратата и не го пушта шоферот да ја затвори вратата да појде. Сите се чудат што му е филмот на човеков, да не не му е добро нешто, кога исто така од таму кај што дотрча до автобусот доаѓа една бабичка која мисли дека трча но толку може. Имено човекот го држеше автобусот заложник 2-3 минути за жена му да се качи во него
 
DracevoTheCity

Чиста Македонија !
Член од
7 ноември 2008
Мислења
8.662
Поени од реакции
9.983
. Сите се чудат што му е филмот на човеков, да не не му е добро нешто, кога исто така од таму кај што дотрча до автобусот доаѓа една бабичка која мисли дека трча но толку може. Имено човекот го држеше автобусот заложник 2-3 минути за жена му да се качи во него
Е тоа се вика љубов.
Ништо не разбирате вие младите :icon_mrgr:
 
Зајче

Бело, и тоа!
Член од
13 септември 2008
Мислења
3.439
Поени од реакции
3.945
хахаха да да и јас го видов ова, и бабичкава трча, трча и му вика на стариов: "Само стресови ми правиш". А шоферов се напна, тргни застани, па почна да свири. Па и тој толку не може да почека една минутка.
 
Јефто

@JeftoMKD | Јефто™
Член од
30 октомври 2011
Мислења
2.732
Поени од реакции
1.308

А ако задоцни и ќе му скинат од плата тоа не е важно, важно „децава без родители“ (ова ми го има кажано шофер додека ми се жалеше од нив, се скинав од смеење) може да се влечкаат.
 
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
хахаха да да и јас го видов ова, и бабичкава трча, трча и му вика на стариов: "Само стресови ми правиш". А шоферов се напна, тргни застани, па почна да свири. Па и тој толку не може да почека една минутка.
А што мислиш они немаат определено време и кога треба да стигнат? :) Имам правено муабет со шофер уште пред две години рече тогаш ќе им воведувале систем според кој доколку каснат ќе им се одбива од плата.
 
Јефто

@JeftoMKD | Јефто™
Член од
30 октомври 2011
Мислења
2.732
Поени од реакции
1.308
А што мислиш они немаат определено време и кога треба да стигнат? :) Имам правено муабет со шофер уште пред две години рече тогаш ќе им воведувале систем според кој доколку каснат ќе им се одбива од плата.
Истиот муабет го имам и јас правено. Тоа ливчето (налогот) што го имаат, на него има напишано до минута време кога поаѓаат, но и кога би требало да бидат стигнати.
За најбанални работи ги казнуваат, од неносење на дел од униформата, до кршење на летви во автобуси од страна на „питомите“ браќа, па се до доцнење и сл. А за платите нема да зборам, бидејќи не сакам да им бидам во кожа, кај што им доцнат уште и им кратат.
 
Мене најинтересно ми беше што на еден таму го местеле цело време кога требало да се вози некоја терсене линија, другите се откажувале или земале принуден одмор. Али еден што вози за Бојане, секоја му чест. Ми вика само нека пробаат нешто да ми прават, можам одма да се превртам во Вардар. И јас ќе одам, али и они! :pos:
 
Член од
23 октомври 2013
Мислења
817
Поени од реакции
170
pa okolu centar na grad na primer relacija nerezi do centar ili pak od city mall do centar.
navecer posle 19-20.
Sega e ladno i ne se odi peski a kamo li da se vozi skuter ili tocak.
 
Јефто

@JeftoMKD | Јефто™
Член од
30 октомври 2011
Мислења
2.732
Поени од реакции
1.308
Мене најинтересно ми беше што на еден таму го местеле цело време кога требало да се вози некоја терсене линија, другите се откажувале или земале принуден одмор. Али еден што вози за Бојане, секоја му чест. Ми вика само нека пробаат нешто да ми прават, можам одма да се превртам во Вардар. И јас ќе одам, али и они! :pos:
Хахах, има право човекот, што ќе прави. Што не си земе на 9ка да си биде, кратка но слатка линија. :D
На еден му донесоа ново возило од двокатните од првата тура, кога немаше многу нови автобуси, сиротиот на секој станица стануваше и проверуваше да не му е нешто оштетено оти ќе го јадел, а сега го гледам истиот на 22ка и неделава го затеков на 7ца гајле нема, ми вика цивилизиран народ живее ваму, а не на 9ка. :D

pa okolu centar na grad na primer relacija nerezi do centar ili pak od city mall do centar.
navecer posle 19-20.
Sega e ladno i ne se odi peski a kamo li da se vozi skuter ili tocak.
Кај Ситимол имаш и те како, таму до сега сум ги затекнал едно два-три пати. Мој совет, не ризикувај, за 30/35 денари немој да мораш да платиш 200/300 казна (незнам колку им е точно).
 
Kajgana Shop

На врв Bottom