мене не ме ипресионира оваа сцена со Мајкал Медсен,по што е многу површна барем за мене(ај види скалперот дека е чист после отсекувањето на увото хаха)
Некако не ми е својствена неговата кнтраверзност и цензурата...(ако сечи уво да видиме како тоа ке изгелда)
Инаку Квентин и неговите еврттини прказни повеќе добиле на популарност на саундтракот околку на самиот филм...неговите филмови се само комерцијала.
Јас сепак мислам дека човек без школо не може да се мери со останатата фела во Холивуд.
Океј, секој со свој вкус.
Обично не се фаќам за ситници како што се ,,чист скалпер'' во ваков добар филм. Всушност, Reservoir Dogs е направен со многу мал буџет.
Како и да е, сцената е далеку од површна, има неверојатна тензија, голема неизвесност додека типот лежи, крвари и се бори за живот. Од друга страна додека Медсен игра на Stuck in the middle With You, лично кај мене ( а и кај поголемиот дел од публиката) се создава она чувство на страв, верувам дека тука Тарантино успешно успеа да ме внесе во филмот и да се ставам во ситуација на цајканот. Целиот ,,хорор'' расте многу бавно, тензично, а после сценава, песната поинаку ја доживувам, што е доказ дека ми има оставено голем впечаток.
Во Reservoir Dogs, а и уште во неколку филмови на Тарантино, секоја сцена е како некое поглавје од книга, што ни дава јасна слика за приказната која е во тек. Точно низ целиот филм се формира една супер целина. Многу критичари го имаат оценето како еден од најталентираните режисери во Холивуд, а школото... има некои работи за кои што си роден, а за тоа не ти треба школо.