Квентин Тарантино, Квентин Тарантино...
Квентин Тарантино е во моите 5 омилени режисери. Не знам кои се останатите четворица.
Некогаш ги ставам неговите филмови и оние на Родригез на купче, како да ги правеле заедно. Разлики има, но овие двајца очигледно си разменувале многу идеи. Една заедничка работа им е насилството. Ќе речете, филмовите на Тарантино и Родригез се премногу насилни. Во право сте и не сте во право. Има илјадници други филмови кои се насилни, на сите можни начини. Но насилството во филмовите на овие двајца има печат. Знаеш дека филмот го направил некој од нив, препознатливо е. Го очекуваш, и ако го нема, нешто ќе фали. Втора заедничка работа често пати им се почетните сцени. Често пати филмовите почнуваат со долг муабет, како во Reservoir Dogs, Pulp Fiction и Inglorious Bastards. Не знам како го прави тоа, ама почетните сцени во филмовите на Тарантино имаат моќ да те натераат максимално да се посветиш на филмот, без разлика што често зборуваат најобични глупости. Исто, не знам од каде му се јавува потребата да илустрира обични ликови кои дрндаат обични рандом глупости, но прв пат кога го видов Тарантино на филм, како актер, тој беше лик кој дрндаше глупости. Ова во еден мал, можеби независен филм со наслов Sleep With Me кој на времето играше на МТВ секоја втора недела, Тарантино нешто збореше како Top Gun бил геј филм
И кога пишува сценарио остава свој печат. Пример за ова е култната сцена во True Romance. Кога го гледав филмот не знаев кој е режисер, но кога ја изгледав сцената се сеќавам дека прво што помислив е дека филмот е на Тарантино. Тој филм го изгледав релативно подоцна откако имав изгледано повеќе негови филмови. Некаде прочитав дека еден од омилените филмови му е The Good, The Bad and The Ugly, кој исто така има долга сцена која е една од најдобрите кои сум ги видел. Можеби од тука му е опсесијата за снимање на долги сцени. Иако во овој филм сцената е завршна, па можеби едноставно научил нешто од Копола, кој исто така го започна Кум.
Бесните кучиња ми се и веројатно ќе ми останат омилен филм од неговиот репертоар. Не сакам голем фан на насилство во филмови, освен ако не се работи за хорор, и ако филмот не е на Тарантино.
Се надевам на повеќе вакви фрикови во филмската индустрија кои ќе прават препознатливи работи со свој печат и потпис, затоа што гледаме дека убедливо доминираат copy/paste режисери и сценаристи. Затоа и нема повеќе што да се види...