Ѕвезда на тапет (Вес Андерсон)

Член од
21 август 2011
Мислења
5.064
Поени од реакции
5.665
Еве ви лош филм кој го правеле Тарантино и Родригез заедно. Кога го гледав си мислев кај им бил паметот. Уствари кај им бил паметот на тие кои го одобриле буџетот за ова. Еден од најглупавите филмови кои ги имам гледано во животот.
Инаку еднаш Тарантино изјави дека ги мрази оние филмови кои ги режирал, а кои ги направил се со цел да си изгради базен во куќата.
Претпоставувам дека мислел на овој филм :)
Ти и двата ги имаш гледано?
Многу му е поразличен Death Proof од другите негови филмови но мене приказната ми се свиѓа, а Planet Terror e на Родригез и полош е да. Мислам дека со овие два филмови експериментирале и сакале да пробаат нешто ново.
 
_The Great_

Il Genio
Член од
18 јуни 2008
Мислења
5.955
Поени од реакции
3.318
мене не ме ипресионира оваа сцена со Мајкал Медсен,по што е многу површна барем за мене(ај види скалперот дека е чист после отсекувањето на увото хаха)
Некако не ми е својствена неговата кнтраверзност и цензурата...(ако сечи уво да видиме како тоа ке изгелда)

Инаку Квентин и неговите еврттини прказни повеќе добиле на популарност на саундтракот околку на самиот филм...неговите филмови се само комерцијала.
Јас сепак мислам дека човек без школо не може да се мери со останатата фела во Холивуд.
Океј, секој со свој вкус.

Обично не се фаќам за ситници како што се ,,чист скалпер'' во ваков добар филм. Всушност, Reservoir Dogs е направен со многу мал буџет.
Како и да е, сцената е далеку од површна, има неверојатна тензија, голема неизвесност додека типот лежи, крвари и се бори за живот. Од друга страна додека Медсен игра на Stuck in the middle With You, лично кај мене ( а и кај поголемиот дел од публиката) се создава она чувство на страв, верувам дека тука Тарантино успешно успеа да ме внесе во филмот и да се ставам во ситуација на цајканот. Целиот ,,хорор'' расте многу бавно, тензично, а после сценава, песната поинаку ја доживувам, што е доказ дека ми има оставено голем впечаток.

Во Reservoir Dogs, а и уште во неколку филмови на Тарантино, секоја сцена е како некое поглавје од книга, што ни дава јасна слика за приказната која е во тек. Точно низ целиот филм се формира една супер целина. Многу критичари го имаат оценето како еден од најталентираните режисери во Холивуд, а школото... има некои работи за кои што си роден, а за тоа не ти треба школо.
 
Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Во Reservoir Dogs актерите си ги носат костимите и алиштат од по дома зошто буџетот би премал да се купи гардероба. Лично тоа ми е еден од најдобрите филмови, сцената со Мајкл Медсен и сечењето на уво е тотално непотребна во филмот, исто како и сцената со силувањето во Ефтини Приказни но тој ги уфрла внатре слично како некој безвезен карактер на филм од Линч само за да почуствуваш некоја силна емоција во делот кога филмот почнува да станува здодевен, затоа и двајцата се едни од најголемите режисери на денешницата.
Тарантино е опседнат со шпагети вестерн филмови, затоа и голем дел од дијалог сцените му изгледаат драматични и се фокусира со камерата на говорот на телото што мене малку лично и ме нервира.
 
Болиглава

A cold fact
Член од
16 јуни 2007
Мислења
4.701
Поени од реакции
2.353
мене не ме ипресионира оваа сцена со Мајкал Медсен,по што е многу површна барем за мене(ај види скалперот дека е чист после отсекувањето на увото хаха)
Некако не ми е својствена неговата кнтраверзност и цензурата...(ако сечи уво да видиме како тоа ке изгелда)

Инаку Квентин и неговите еврттини прказни повеќе добиле на популарност на саундтракот околку на самиот филм...неговите филмови се само комерцијала.
Јас сепак мислам дека човек без школо не може да се мери со останатата фела во Холивуд.
Ти не знајш да гледаш филмови, и колку и да те одбранет во темава или да ми дајш некој си јак аргумент (сигурно)... јас ќе стојам на то.
Не бил школован и зато не можел да се мерит со Мајкл Беј(пример)... ај бегај.

Океј, секој со свој вкус.
Кој вкус жити све, прочитал 2-3 коментачиња лево-десно и дошол на тема за Тарантино колку да ме изнервират. :)

Taрантино за мене е во топ 5 личности кои се бават или се бавеле со филмот како уметност.
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.684
Поени од реакции
59.834
Имавме еден школуван режисер на форумов. Џимеј знае. :)
 
karlovic

имам срце ама имам и фрижидер
Член од
5 ноември 2010
Мислења
616
Поени од реакции
161
Ти не знајш да гледаш филмови, и колку и да те одбранет во темава или да ми дајш некој си јак аргумент (сигурно)... јас ќе стојам на то.
Не бил школован и зато не можел да се мерит со Мајкл Беј(пример)... ај бегај.

Кој вкус жити све, прочитал 2-3 коментачиња лево-десно и дошол на тема за Тарантино колку да ме изнервират. :)

Taрантино за мене е во топ 5 личности кои се бават или се бавеле со филмот како уметност.
ашколсун... ако сакаш и дома да си го земиш Тарантино.
Чим Мајкл Медсен се појави во негов филм тури му пепел :ROFLMAO:
Јас не мислам дека човекот нема талент,ама сепак можи само прашината да ја диши на врвните мајстори на филмската уметност.
ајде позич сега;)
 
stormspeaker

Бекрија
Член од
4 октомври 2008
Мислења
1.858
Поени од реакции
1.343

Ќе отидеме ептен у оф-топик, ама те молам кажи ми ги твоите омилени режисери. Нема врска ова дали се сложувам со твоето мислње или не, само онака ме интересира. (најмногу заради тоа какви забелешки би им нашле на нив) :)
 
karlovic

имам срце ама имам и фрижидер
Член од
5 ноември 2010
Мислења
616
Поени од реакции
161
Ќе отидеме ептен у оф-топик, ама те молам кажи ми ги твоите омилени режисери. Нема врска ова дали се сложувам со твоето мислње или не, само онака ме интересира. (најмногу заради тоа какви забелешки би им нашле на нив) :)
да бее на моја сметка да добиваш лајкој од кланот модератори на подфорумот ФИЛМ:ROFLMAO:....оти како една мајка да ги родила сите се со ист вкус
 
Болиглава

A cold fact
Член од
16 јуни 2007
Мислења
4.701
Поени од реакции
2.353
да бее на моја сметка да добиваш лајкој од кланот модератори на подфорумот ФИЛМ:ROFLMAO:....оти како една мајка да ги родила сите се со ист вкус
Како прво не сум модератор, само џимеј е.
А како второ, ќе го тргнам лајкот ако ти е толкава пречка да одговориш кои ти се омилени режисери.
 
stormspeaker

Бекрија
Член од
4 октомври 2008
Мислења
1.858
Поени од реакции
1.343
да бее на моја сметка да добиваш лајкој од кланот модератори на подфорумот ФИЛМ:ROFLMAO:....оти како една мајка да ги родила сите се со ист вкус
Хех, ме фати. Ја откри суштината на моето постоење на форумот, да собирам лајкови. :)

Иначе, стварно ме интересираше, зашо до сега не сум слушнал/прочитал некој волку да го исхејта Тарантино, ми падна чудно. Ни мене не ми е омилен режисер, ама го сметам за еден од “врвните мајстори на филмската уметност“, а не некој што ја дише нивната прашина. :)

Фала што не ме удостои со одговор. :)
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.684
Поени од реакции
59.834
да бее на моја сметка да добиваш лајкој од кланот модератори на подфорумот ФИЛМ:ROFLMAO:....оти како една мајка да ги родила сите се со ист вкус
Ај доста оф-топичарење, овој муабет слободно можете да го продолжите на темата Генерална дискусија.
 
Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Време е да ставиме нова ѕвезда на тапет. Овој пат после режисерско име како Тарантино, одиме со Том Хенкс. Хенкс е еден од најсаканите ѕвезди во Холивуд, го сака и публиката и неговите колеги. Не постои актерска ѕвезда ниту режисер кој не сака да работи со него, прво заради професионалноста, второ заради љубезниот карактер. Имено Хенкс е човек кој досега ниту еднаш не бил вмешан во никаков скандал, што е реткост за еден холивудски актер. Човекот има добиено два Оскари едно по друго, првиот за Филаделфија, а вториот за Форест Гамп. Неминовно е дека е еден од најдобрите актери на денешницата, но тоа не значи дека не направил и по некоја утка. Па ајде да видиме, каде Хенкс најмногу ве импресионирал, а каде ве разочарал?

И едно потпрашање, што мислите ќе го биде ли како режисер?
 
Член од
14 ноември 2010
Мислења
708
Поени од реакции
140
Најмногу ме импресионирал во Saving private Ryan. И мислам дека со искуството што го поседува може да биде одличен режисер.
 
Max Legend

The black swordsman
Член од
27 септември 2010
Мислења
4.339
Поени од реакции
6.479
Хенкс си знае што прави.Може има потфрлено во некои тинејџерски филмчиња,ама се останато му е супер.Форест Гамп ми је најомилен,на второ место доаѓа Аполо 13.

Патем,дали некој знае како се вика филмот каде имаше куче за полициски партнер?
--- надополнето: Nov 20, 2011 9:25 PM ---
Ааааааааааааааааааа,како можев да му ја заборавам Зелената милја како една од неговите незаборавни изведби?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom