Дечково го зборам од како го гледав во Ноутбук. Тука импресионираше со тоа што одглуми две верзии од ликот, едната помлада а другата повозрасна. Имаше други работи поврзани со тој филм. На пример, прво била снимени сцените кога е возрасен и живее сам во куќата, а дури подоцна почетните сцени од филмот. За оние вторите, бидејќи требало да глуми осамен човек, малиот земал шатор и заминал некаде во близина на местото на снимање да биде самиот со себе некое време и да се подготви за улогата. Сум пишал и порано, ова е одлика на професионалци и немав уште тогаш никаква дилема дека ќе успее.
Потоа изгледав некои постари филмови како Muder by Numbers и Believer, вториот филм ме разочара ама не поради него, очекував нешто налик на American History X... Беше одличен во All Good Things и Drive, не го догледав Blue Valentine иако имав впечаток дека е од оние филмови во кои талентот на актерот би требало да дојде до израз. Друг филм со него што не ми е гледан е Half Nelson, постојано се убедувам да го гледам зошто памтам дека имаше добри критики и некои номинации, ама никако да седнам да видам што е со тој филм. Ides of March исто така се покажа во добро светло но мислам дека најдоброто од него допрва доаѓа.