Ѕвезда на тапет (Вес Андерсон)

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.707
Поени од реакции
34.251
Kako be, dosta se zborese za harsh times pred godina/dve..
 
Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.280
Поени од реакции
17.958
Абе имаше еден период на форумов, само за Harsh Times се зборуваше.
Јас барем филмот од тука го дознав, на секоја тема се спомнуваше.
 
dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.412
Поени од реакции
85.364
Зависи. Адам Сендлер го сметаш за квалитетен режисер и актер?:D

Ако имаш некој предлог, слободно кажи го и после Бејл ќе го ставиме него.
Хаха е богами последниве години грев е да го спомнеш Сендлер во иста реченица со зборовите режисери и актер :D
Еве последниов месец само некои квалитетни актери и режисери.
Нолан,Бејл... едина што квари просек месецов е Скарлет што е ок како глумица а е меѓу поклваитетните млекари во светов..
 
RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740

Знам, те разбирам што сакаш да кажеш. Ама види, не можеш да ставиш ни тиња некој ( ко Меган Фокс на пример) зашто што има тука за дискусија, не ја бива никаде и тоа е тоа.:)

Инаку нареден ќе го ставиме Рајан Гослинг, на Iceboy му го должиме предлогов подолго време.:)
 
VLJ

Член од
14 ноември 2011
Мислења
2.277
Поени од реакции
4.314
Harsh Times - прекрасен филм, некако ептен ме погоди. Си почна смирено, полека почна да станува тензичен, за на крај да заврши сурово. Бејл стандардно одличен, а особено пријатно ме изненади Туко.

Не сум бил дел од форумот кога филмот бил тема на муабет, ама не знам зошто до сега не сум слушнал за него од други извори. Како и да е, веќе почнав да го препорачувам на луѓето бидејќи навистина вреди да се гледа.
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.744
Поени од реакции
18.494
Доста потценет трилер...
 
А

Анноун

Гостин
Многу јака глума на Бејл во Харш Тајмс . И таков профил скина , прост невработен и неодговорен 30годишен денгубец со проблеми со контрола на нервозата. (y)
 
RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Јас имам ниет од луѓето чија работа ја ценам да читам интервјуа. Сакам да видам што луѓе се, освен што се актери, музичари итн, макар што одам со премиса дека зборовите им се одмерени и многу често однапред смислени да се вклопат во агенда.

Кај Кристијан Бејл некако ми го нема тоа. Човеков никогаш не кокетирал со новинарите, не пробувал да им се умилкува за да го сакаат и да пишуваат добри работи за него. Токму напротив дури се осеќа во интервјуата дека ги прави со сила. Во една прилика изјави дека актерството не е најтешката работа на светот, дека актерите се преценуваат и дека е срамота при секојдневието кое го трпи обичниот човек тој да земе да кука за она што го работи.

Чисто ако сте заинтересирани да читнете интервју со него, клик тука и тука.
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.744
Поени од реакции
18.494
Искрено, ретко кога ги зимам здраво за изјавите, или било што е напишано за одредена славна личност, знаеме како се спинува све тоа, и за крај освем ако не е некој екстремно арогантен, или што се вика douche bag, прилично ми е сеедно какви се во приватен живот, ако гледаме така еден актер нема нормален, и славата си зима свој данок нормално е да излезат на виделина некои негативности, а во случајот повеќе искреност, него негативност.

Kako be, dosta se zborese za harsh times pred godina/dve..
Eпа еве VLJ кој го сметам за човек со доста добро познавање на филмот како медиум, го нема гледано, и не го ни знаел, значи дека тврдењето, дека е недоволно популарен и познат со оглед на квалитетот држи и тоа како, да направиме една анкета ако не? :D

Јас се кладам дека најмалце 30% од филмоманиве го немаат гледано :(
 
Dr.House

Аудиофил
Член од
18 февруари 2010
Мислења
2.549
Поени од реакции
3.847
Искрено, ретко кога ги зимам здраво за изјавите, или било што е напишано за одредена славна личност, знаеме како се спинува све тоа, и за крај освем ако не е некој екстремно арогантен, или што се вика douche bag, прилично ми е сеедно какви се во приватен живот, ако гледаме така еден актер нема нормален, и славата си зима свој данок нормално е да излезат на виделина некои негативности, а во случајот повеќе искреност, него негативност.

Eпа еве VLJ кој го сметам за човек со доста добро познавање на филмот како медиум, го нема гледано, и не го ни знаел, значи дека тврдењето, дека е недоволно популарен и познат со оглед на квалитетот држи и тоа како, да направиме една анкета ако не? :D

Јас се кладам дека најмалце 30% од филмоманиве го немаат гледано :(
Јас туку што го гледав на ваша препорака и одличен е :)
--- надополнето: 28 август 2012 во 23:04 ---
Препорака за идна ѕвезда на тапет Едвард Нортон ? :)
 
Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.280
Поени од реакции
17.958
Нортон помина веќе мислам.
 
Болиглава

A cold fact
Член од
16 јуни 2007
Мислења
4.701
Поени од реакции
2.353
Harsh Times - прекрасен филм, некако ептен ме погоди. Си почна смирено, полека почна да станува тензичен, за на крај да заврши сурово. Бејл стандардно одличен, а особено пријатно ме изненади Туко.

Не сум бил дел од форумот кога филмот бил тема на муабет, ама не знам зошто до сега не сум слушнал за него од други извори. Како и да е, веќе почнав да го препорачувам на луѓето бидејќи навистина вреди да се гледа.
Рико. :)
 
RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
И идеме со ветеното - Рајан Гослинг на тапет. Слика му бирам строго субјективно. :icon_mrgr:

Туку ај сега озбилно. Гослинг ака новиот секс симбол во Холивуд, кој знае да глуми. Има се мотаат низ Холивуд згодни типчиња и тоа многу поубави од него, ама тапа се за глумење. Нејсе. Според повеќето, Гослинг има се за да биде новата водечка ѕвезда - талент и изглед. Досега се докажа на неколку пати дека знае да глуми. Јас лично му го истакнувам All Good Things, а верувам дека ќе блесне и во Gangster Squad. Оние кои вриштат заради неговиот изглед, гледаат премногу површно на него, бидејќи човекот го бива. Дури мислам дека ќе биде првиот после Бред Пит, кој ќе пати заради истиот синдром, “убав е и затоа ги добива улогите„. А факт е дека Гослинг глумеше покрај Хопкинс ( интересно и Бред Пит глумеше покрај Хопкинс) уште пред да му ја лепнат етикетата секс симбол во Fracture. И да не го заборавиме Drive, сосем неконвенционално филмско парче кое Тарантино го пофали.

Па да видиме, што мислите вие за Гослинг, како ви се допаѓа неговата глума и филмови? Дали мислите дека ќе се издигне уште повисоко и дали постои можност да стане новата водечка ѕвезда во Холивуд?
 
Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.280
Поени од реакции
17.958
Време беше човеков да дојде тука....
Прво нешто што ми е гледано со него е Murder by Numbers, е сега човеков си стви етикета и како дечко кој глуми во романтични филмови иако The Notebook никако да успеам да седнам и цел да го изгледам, едноставно уште првите 5-10 минути од филмовт ме успиваат.
Друго негово шо е за фалење е All Good Things, United States of Leland, Fracture па и Stay би го ставил тука. Blue Valentine i Half Nelson уште не ми се гледани, ама деновиве ќе дојдат и тие на ред.
Во Ides of March беше просечен, во тандем со Стив Карел беа опасни во Crazy Stupid Love (одамна се немав смеено на комедија до таа), ама во Drive растури. Филм без многу зборување, малку чуден, мене ми беше супер и пак ќе кажам можеби и најдобрта глума негова.
Од Gangster Squad очекувам многу, а исто и од филмот кој сеуште нема наслов, ама во тандем со Кристијан Бејл, Натали Портман, Рони Мара не верувам дека ќе има промашување.
И да дефинитивно еден од моите поомилени актери од поновава генерација, има премногу потенцијал во него, па ќе видиме до каде ќе стаса.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom