Ѓорѓи Ѓорѓевски ќе биде вратен во Македонија

Статус
Затворена за нови мислења.

Tanes

Ништо Море!
Член од
23 јули 2006
Мислења
664
Поени од реакции
6
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Првичните резултати од алкотестирањето на возачот Ѓорѓи Ѓорѓевски (32), кој завчера го возел џипот во кој загина мегаsвездата Тоше Проески, покажале дека во неговата крв нема алкохол. И покрај тоа што се уште било темно, вештаците од Хрватска утврдиле дека видливоста на автопатот била добра, а коловозот бил сув.[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]По целосното документирање на случајот, се очекува против возачот Ѓорѓевски да биде поднесена кривична пријава за предизвикување сообраќајна незгода со смртни последици. Ѓорѓевски се уште е в болница, знае што се случило, но повремено изгледа отсутно и целиот случја многу го погодил, јави вчера "Јутарњи лист". Весникот ја цитира портпаролката на полицијата која вели дека Ѓорѓевски ќе остане во болница се додека неговата здравствена состојба не дозволи да биде изложен на скратена казнена постапка. Вчера почна и вештачењето на џипот во кој загина Тоше.[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Казна ќе следува и за возачот на камионот Славиша Кузмановиќ. Тој ќе биде парично казнет, затоа што возел со брзина над дозволената, иако тоа не било причина за несреќата. a[/FONT]

[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Izvor:Vest[/FONT]
Temava mi bese da podiskutirame za Gorgi. Po moe mislenje covekov netrebit da mu se sudit deka TOJ zaspal na volan,toj ne bil svesen deka spie, ne bil pod dejstvo na alkohol, Toj sigurno nesakal ova da se desi itn... . Toj ne ke moze da se pomiri so to so go napravil, a sea uste i vo zatvor da go stavame. Da bese pomal vo vozrast negde 20-25 godini sigurno ke si go odzemese zivotot.

[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Неговата менаџерка Љиљана Петровиќ во Крушево стасала вчера рано наутро. Роднините велат дека кога почнала да се качува по скалите за да влезе во собата за тага, каде беше ковчегот со телото на Тоше и неговите родители, тие ја спречиле оти мајка му и татко му не сакале да ја видат. Таа извесно време седела на внатрешните скали, по што заминала во хотелот "Монтана", кој бесплатно беше отворен за новинарите и други делегации кои присуствуваа на погребот. Петровиќ и вчера не смееше да се доближи до родителите на Тоше. Откако, како и сите други, помина проштално крај ковчегот на Гумење, по што се тргна сосема настрана од толпата луге.
Izvor:Vest
[/FONT]
Nemozam da svatam ova pogore. Liljana nisto nebila kriva za to ta isto spiela na zadnoto sediste zosto da ja izbrket od sobata za taga???:toe:


POCIVAJ VO MIR TOSE
 
Член од
6 февруари 2007
Мислења
51
Поени од реакции
1
Не можеш да кажеш дека нема никаква вина возачот. Нему му била доделена одговорност да го пренесе Тоше од едно до друго место безбедно. Факт е дека бил невнимателен и неодговорен, а невнимателноста не може да се опрости особено со вакви последици. Тој не бил свесен дека спие? Многу наивна одбрана. Можел да направи многу работи за да ја спречи трагедијава, најочигледен избор е едноставно да застане покрај патот кога забележал дека му се затвораат очите против негова волја.

Се сведува на тоа дека намерно или ненамерно, Ѓорѓи Ѓорѓевски е директно виновен за смртта на Тоше Проески, па сега нека ја пополни јавноста изјавава со еуфемизми ако сака...
 
Член од
28 август 2007
Мислења
308
Поени од реакции
8
Џабе е се,со и да биди насиот Ангел Тосе повеќе го нема.Нема утеха...
 

Drama Queen

Sky Catcher
Член од
2 септември 2007
Мислења
1.739
Поени од реакции
65
Neznam za vozacot ama za LiLjana mi e mnogu zal....nema poveke da raboti...nejzinata izdavacka kuka e pod stecaj...sekako koga znae deka poveke nema da raboti so covek kako sto bese tose.Angel.........A za toa sto ja izbrkale od sobata,negovite roditeli neznaat kako se vikaat vo momentov...Ke sfatat deka ne e taa krivata....Tose VO SRCETO.....Legendo nasa neprezalena.........
 
Член од
28 септември 2007
Мислења
215
Поени од реакции
0
Возач е виновен тука нема збор. Но мислам дека морално не би требало да се осуди. Биле многу добри пријатели. Тоше му верувал. Често пати и бил принуден да вози брзо бидејќи едноставно така биле закажувани состаноците и средбите на Тоше.
А менаџерката, неговите не ја сакаат бидејќи му наметна таков ритам на Тоше. Се помалку и помалку го гледаа Тоше. Но и за тоа мислам дека не се во право. Тоше не беше малолетен и самиот си го одбра тој пат. Никој со сила не му наметна таков режим. Иако мислам дека навистина темпото беше сурово. Но тој сакаше да работи.
 

ANDZI

Fashion is my opsession
Член од
5 февруари 2007
Мислења
833
Поени од реакции
6
Менаџерката на индиректен начин е виновна за смртта на Тоше,бидејки таа му го наметна тој стил и ритам на живот...Едноставно тој немаше време за да одмори да биде блиску со семејството....Реакцијата на неговите родители е сосем нормална...Додека пак возачот е виновен за несреќата,но сепак тој бил многу добар другар на Тоше и доволно е што ќе чуствува вина цел живот....
 
Член од
19 септември 2005
Мислења
5.616
Поени од реакции
180
Не е казна за него тоа што ќе го осудат судовите...
 

Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
168
Не е казна за него тоа што ќе го осудат судовите...
Казна за него е што на душа ќе го носи својот другар до крајот на неговиот живот, а полоша казна од тоа мислам дека и нема.
 

Маца_мк

♫♥good girl gone bad♥♫
Член од
13 февруари 2007
Мислења
6.421
Поени од реакции
464
Тој не му бил возач!!Ѓорѓи му бил само другар!!Возачот на Тоше останал во Скопје затоа што Тоше му рекол дека нејќе да го замара и дека ќе иде со негов другар..мислам дека не треба да му се суди..баш денеска зборев со професорот по право..тој вели дека ако човекот кој ја предизвикал несреќата има големи психички последици и е во шок,т.е.веќе е непресметлив и има големи психички трауми,можно е и да не му се суди затоа што и затворската казна нема да му значи ништо затоа што психичката казна е поголема..а како што знаеме возачот е потресен,во голем шок,не разговара со никој..навистина ми е жал за Тоше и не можам да прекинам да плачам,ама и не би сакала да сум на место на неговиот другар..
 
Член од
12 февруари 2007
Мислења
892
Поени од реакции
4
LP e kriva.Menadzeri se naogjaat,pejaci ne.
No kriva e i MK,go koristese Tose za lecenje na komplexi,sto ne ne biva ni za k,pa bez vrska mu se dosagjase,a toj kutriot krotok i izguben.
Glupost istoriska,uste 1 dokaz zosto sme dupka.
 

petar_joker

OLD ROCKER
Член од
5 септември 2007
Мислења
1.249
Поени од реакции
57
Јас сепак мислам дека тој ќе завршит или во лудница или ќе се самоубијат
 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Ova go vidov denes vo Dnevnik.....poleka se otvara ..pa go pastiram i ovde nesto skraten.....originalot na http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=8BAFCFB91495994BBF72BA72536B220D:

Не е само до џипот
Направени се серија неправилности пред кобната точка. Еден Тоше Проески, македонскиот Елвис Присли или Елтон Џон или кој било великан на светската современа музика да споредите, сеедно е, на сите им е „рамо до рамо“. За службени патувања (посебно ноќе!?) требаше да има „химобил“, автомобил со спална, салон, најмалку двајца возачи и придружба што ќе се грижи за неговата удобност и спокој.
Немојте да ми споменувате за скромноста на Тоше - тоа е глупав изговор. За луѓе што ручаат во Крушево, вечераат во Скопје, појадуваат во Загреб, земјата се врти побрзо и лесно и' бегаат на гравитацијата и на судбината. Тоа се контролира и се предвидува однапред, пред да се премине границата „судбина“.

За жал, до „црната точка“ Нова Градишка беа направени серија „процедурални“ грешки. Еден Тоше не смее да дреме на совозачкото седиште.Требаше цел тим да се грижи за неговата лична и сообраќајна безбедност.
Негово беше да се смее и да пее.
Менаџерката да организира концерти, промоции, спонзори, договори.

Тоше беше институција, за институциите се грижи тим од институции, менаџери, масери, маникири, стилисти, државата. Институциите не го возат службеното возило. Џипот бил службен на ова трагично патување. Ќе отвори ли некој истрага за „патниот налог“ на возачот и кој му наложил да вози во „ситните саати“ на релација со толкава километража и со два гранични премина.

Толеранцијата дека на Тоше се' му е дозволено се покажа крајно ризична, а за него трагична. Љубовта и грижата кон Тоше требаше да се искаже со високи стандарди за неговата безбедност, како што беа високи стандардите на неговите песни и хитови. За жал, сега понудените солзи, цвеќиња, почести и болка се превисока цена.

Сериозно е да се однесуваш сериозно пред трагедијата, сега никаква сериозност не помага.
Грешката е направена во Скопје. Нова Градишка е само трагична последица. Ова писмо е мојата болна воздишка, Тоше.

Ангел Иванов, Скопје
 

Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.176
Поени од реакции
4.133
Веќе пробал да се самоубие во Хрватска.

Иначе според законот возачот треба да одговара,ама според мене нема да издржит ни ден в затвор.
А за целава работа виновен е возачот.Па 200 на сат да возиш ноќе!!!!!
 

Bertone

Автомобилски Дизајнерски Гуру
Член од
1 октомври 2007
Мислења
808
Поени од реакции
6
Ova go vidov denes vo Dnevnik.....poleka se otvara ..pa go pastiram i ovde nesto skraten.....originalot na http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=8BAFCFB91495994BBF72BA72536B220D:

Не е само до џипот
Направени се серија неправилности пред кобната точка. Еден Тоше Проески, македонскиот Елвис Присли или Елтон Џон или кој било великан на светската современа музика да споредите, сеедно е, на сите им е „рамо до рамо“. За службени патувања (посебно ноќе!?) требаше да има „химобил“, автомобил со спална, салон, најмалку двајца возачи и придружба што ќе се грижи за неговата удобност и спокој.
Немојте да ми споменувате за скромноста на Тоше - тоа е глупав изговор. За луѓе што ручаат во Крушево, вечераат во Скопје, појадуваат во Загреб, земјата се врти побрзо и лесно и' бегаат на гравитацијата и на судбината. Тоа се контролира и се предвидува однапред, пред да се премине границата „судбина“.

За жал, до „црната точка“ Нова Градишка беа направени серија „процедурални“ грешки. Еден Тоше не смее да дреме на совозачкото седиште.Требаше цел тим да се грижи за неговата лична и сообраќајна безбедност.
Негово беше да се смее и да пее.
Менаџерката да организира концерти, промоции, спонзори, договори.

Тоше беше институција, за институциите се грижи тим од институции, менаџери, масери, маникири, стилисти, државата. Институциите не го возат службеното возило. Џипот бил службен на ова трагично патување. Ќе отвори ли некој истрага за „патниот налог“ на возачот и кој му наложил да вози во „ситните саати“ на релација со толкава километража и со два гранични премина.

Толеранцијата дека на Тоше се' му е дозволено се покажа крајно ризична, а за него трагична. Љубовта и грижата кон Тоше требаше да се искаже со високи стандарди за неговата безбедност, како што беа високи стандардите на неговите песни и хитови. За жал, сега понудените солзи, цвеќиња, почести и болка се превисока цена.

Сериозно е да се однесуваш сериозно пред трагедијата, сега никаква сериозност не помага.
Грешката е направена во Скопје. Нова Градишка е само трагична последица. Ова писмо е мојата болна воздишка, Тоше.

Ангел Иванов, Скопје
Апсолутно се согласувам со Concrete... нема повеќе што да се додаде!
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom