Конечно заврши ебаното меркато.
Рекапитулација - На почетокот на летото напишав дека според мене сите освен четворица во тимот (Донарума, Ромањоли, Пакета и Пјонтек) се продавливи. И дека одма би се одрекол од Сусо, османлијата, Кутроне, Кеси, ама дека не сакам да дојдеме во септември ослабнати со некоја таква продажба, а оставено ѓубре во тим као Борини, Лаксалт, Стринич и слично. Еве не во септември. Ѓубрето е само делумно исчистено, ама најважно е што не сме ослабнати за разлика од лани. Ова меркато беше недоволно квалитетно, сметам дека можеше и подобро да се изменаџира, ама очигледно се наталожени толку проблеми и говна од минатите структури што им беше видливо тешко да продаваат. А новиве ни се бизнисмени, се водат од рационалност и нема давање многу пари ако пред тоа не напраат место со продажби. Тоа е тоа. Во секој случај, мислам дека Милан има подлабок и поквалитетен ростер од минатата сезона, мислам дека има и поквалитетен тренер и треба да биде и подобар од минатата сезона.
А ние треба да сме реални. Ова ни беше трето последователно “револуционерно“ лето. Не играме ЛШ бог знае од кога, Милан сме ние, да, ама денеска други ствари се пресудни пред таа романтика. Тешко е да се бориш и да бидеш привлечен за ултра квалитетни играчи какви што ние сакаме и на какви сме навикнати (поодамна, не во последниве години) кога си во ситуација каква што е Милан моментално. Ни финансиски ни квалитативно не можеш да ги задоволиш и привлечеш. Нашата борба во моментов и оваа сезона, колку и деградирачки да ви звучи е борба за ЛШ. 4то место менува се, буквално. Голот на Бруно Алвес лани, од слободен во 94та минута за Парма - Милан 1:1, менува брдо ствари, све да му изнаебам индијанско на 45 годишниот коњ. Дај да се дочепаме до таа ебана ЛШ и убеден сум дека стварите и во меркатото драматично би се промениле.
Ова е тимот на крај. Според податоците на transfermarkt, овој ростер на Милан вреди 100 милиони евра појше од оној на Рома, 220 милиони појше од ростерот на Лацио, ебани 260 милиони појше од ростерот на Аталанта и 25 милиони помалку од ростерот на Интер. Нормално, не сум луд да мислам дека тоа е пресуден показател, ама јебеш га, мора да има некакво значење и да се покаже на терен! Ајде ќе ги тргнеме Јувентус, Наполи и Интер како фаворити за Топ 3, ама Милан во ваква ситуација, нема оправдување да не е 4ти. Едноставно, во борбата за 4то место Милан мора да го валоризира тоа што има поквалитетен и поскап ростер од главните конкуренти.
И тимот не изгледа лошо иако наравно, можеше боље, сакавме боље и требаше боље. Без разлика која формација ќе ја форсира нашиот Ал, од ова на сликава мене ми бодат очи Мусачо и Калабрија, би ги заменил со Конти и мамееен Калдара (да се врати и господ да го почува). Со овој тим Милан мора да е пред Рома, Лацио, Аталанта и било кој сателит да се појави во таа борба за 4то место и за ЛШ.
Работа која се глеа и на сликава и која е и те како битна и различна оваа сезона е тоа што Милан конечно има клупа. Има длабочина за ротација и има основа на која може да се потпре. Лани ако шкрипеше нешто во средина, на клупа беа Бертолачи и Маури. Тоа не е ни пола играч. Сеа колку толку има кој да влезе, има ростер за маневрирање. Нормално, треба виша сила да не чува од повреди кои се увек ризик. Нормално, увек постои и ризик да испадне дека Пакета и не е така страшен играч, Пјонтек исто, Ромањоли да има слаба сезона, Донарума да искрши нога, ама тоа се фактори кои е безвеза да ги земаме предвид отсега и на слепо.
Од новите засилувања: Мислам дека сите го потценуваме Бенасер. Мислам и се надевам дека баш тој ќе испадне најдобриот трансфер од ова меркато, па зошто да не и од неколкуте претходни. Боље да не продолжувам со имиња, иам баксуз уста, ќе ги изгорам.
Имаме ростер од 24-25 играчи (тука рачунај влегуваат и Габиа и Антонио Донарума) што е скроз оптимална бројка имајќи предвид дека играме само Серие А. Има по двајца играчи за секоја позиција и само ЕДЕН играч за сите позиции на светов и веков. Лорд Фабио мадафака Борини. Имам впечаток дека колку и да сме ние кивни, љути, накурчени, изморени од бламажи и лоши резултати, желни за Милан назад каде што припаѓа, ова е конечно разционално и колку толку плански граден тим. Бар има некакво правило, некаква визија, немаше преплаќања, немаше панични купувања, немаше високи плати за бош играчи и слично. Да, има уште за чистење од ѓубрето и огромен простор за апгрејд на оној тим на сликата погоре, ама тоа е резултат на старите направени бељи и глупости.
Според мене, со овој состав, 4-3-2-1 е најдоброто решение за Милан. Па ај, можда таа “божиќно дрво“ формација, толку мила на Анчелоти на времето, ќе ни донесе и добра среќа.
Само се надевам дека Милан и Џампаоло нема да бидат робови на еден/двајца играчи во овој тим. Нема прилагодување на играч, нема Милан таква класа играчи во моментов за да менуваме формации и да прилагодуваме игра само на некого (хинт: Сусо). Долга е сезоната, Милан е поквалитетен од лани, ЛШ пак е фокус и и те како достижна. Ако можеше Милан лани да е толку блиску, нема зошто да не може овојпат конечно да се врати таму. А после, убеден сум, се ќе биде различно.
Меркатото заврши, секојдневното пречесто рефреширање на твитер и миланњуз заврши, замарањето со трансфери, математики и финансии заврши, сеа е време и нашиот Џеф Безос (најплатениот ЦЕО во Европа, Газидис) да покаже и за што друго е донесен, тука мислам и на некој нов спонзор, комерцијален договор и слично и сеа е време и Малдини и Бобан и Масара и Монкада да се фатат за работа во планирање на следни потези, скаутинг, следни мерката и слично.
А сеа, дајте ни фудбал, све да ви изнаебам! Конечно да се бавиме само со фудбал, да глеаме фудбал и да навиваме. Бар до јануари, наравно.
И на репрезентативнава пауза све да и изнаебам! Нешто што мрзам највише, репрезентации коа ја сечат сезоната! Све им мртво јебем.
П.С. Извинете на долг пост. Ко жели да прочита - нек прочита, шовебам.