Во Јосип Броз учам, и од сите професорки по македонски јазик&литература што се без работа од Скопје, на мене ми доаѓа професорка од друг град, секој ден, која не е компетентна за работата што ја работи, и најверојатно ја има добиено преку врски, имам прочитано повеќе книги од неа, и не сака да ми стави повисока оцена од 4. И покрај тоа што секоја книга, па и оние кои не се во програмата, и ги раскажувам анализирајќи ги детално.
Затоа, подобро е да не навлагам у тоа колку од клас (ученици кои имаат повисока оцена од мене) НЕ читаат книги, а и тоа што ќе го сфатат, не го разбираат.
Пример, добив кец, затоа што кога ја обработувавме Страданијата на младиот Вертер, станав и и реков, го почитувам Гете, и Фауст ми е омилено негово дело, но додека ги читав глупостиве, можев да напишам книга за сопствените страданија.