Вакцинација на сите постари граѓани. Се што е над 50 години(па може и 40) плус и на оние со хронични болести би ја направил задолжителна. Се разбира само за оние кои од здравствени причини неможат. Опционална за помладите без дебилни мерки што те прават будала, барем треба да се свесни да го сфатат бенефитот и што може да им направи прележување. Ако не го сфатиле досега најверојатно и нема да го сфатат.
Да нема непотребно форсирање на веќе прележани. Статистички гледано имаат помала шанса за реинфекција отколку вакциниран да се зарази и заврши во болница.
Нити пак вакцинирање на помлади од 18 години, мислам која е поентата да се вакцинираат со вакцини развини за помалку од една година кога секако повеќето го поминуваат асимптоматски. Не ми квичете за тоа како се безбедни, се вакцинирав ама не би сакал мое дете да се вакцинира барем додека не поминат 5 години и да се види ефектот.
Унапредување на распадниот здравствен систем, каде имаме најголема смртност во Европа ако не се лажеме дека сме 2 милиона народ. Ова е најбитниот дел, нема да биде последна епидемија нити пак е сигурно кога ќе заврши.
Затварање на ликови ко оној мајк тајсон со заговори за пет џи и шо ти знам и недавање пристап на интернет. Истото важи и за оние фанатични проваксери кој мислат дека се на некое високо интелектуално ниво и исмеваат секој кој изрази сомнеж во бројките на ефикасноста од вакцините и слично. Треба да им се објасни дек се глупи ко претходно наведените и дека прават иста штета во процесот на вакцинација. Ама во затвор или некој камп заедно со мајк тајсон и да се надеваме дека ќе се испотепаат.
Пред да почне кењањето јас сум прележан и вакциниран. Најискрено несакав со мРНА затоа што имаше случаеви ко мене прележани што поминаа доста лошо(иако поголемиот број го поминаа лесно) после вакцинација со мРНА и си ја зедов Синовак. Барем братот Кси не ме лажеше за ефикасноста.
Ни Хао.
Синовак ти е џабе вакцина. Доколку сакаш да патуваш во европа, нема да важи сертификатот во иднина.Може сега важи додека да ѓи убедат поголем процент од луѓето да се вакцинираат, ама потоа нема да важи.
И зашто луѓето да се вакцинираат сите над 18 год. Имам 28 години и се чуствувам сосема здрав , немам фатено грип веќе 15 години, вежбам во терерана, внимавам на исхрана, не конзумирам вештачки сокови и шеќери, непушам и не пијам алкохол, зашто да се вакцинирам кога за ефектот од вакцината дури после 3-4 години ќе видиме. Не сакам да ризикувам. И сега за да ѓи заштитиме некои што цел живот не си водел грижа за здравјето , како многу другари што пијат по кило вино и ракија по два пати во неделата, и што завршуваат на гликоза, нивниот црн дроп уште сега е уништен, пушат по две кутии цигари на ден, и завршиле по неколку пати во болница од никотински шокови и немаат спортувано со години, последно им било на часовите по физичко кога биле во гимназија, јадат чипсови и газирани сокови и немаат кондиција за никаква физичка активност, и сега овие истите кога ќе дојдат на 40 години ќе развијат 10тина хронични болести, кој висок притисок или шеќер, слаби бели дробови, низок тестостерон или уништена тироидна жлезда. Да не зборуваме дека можат и рак да развијат. бидејќи ракот не ти е ништо друго, туку клетката се обидува да преживее во кисела pH средина предизвикана од газирани сокови , алкохол и никотин. И сега заради ваквите што не си воделе грижа во текот на животот а имам многу другари што уште на моја возраст почнаа да развиваат хронични болести поради лош начин на живот, ѓи тераат и здравите да се вакцинираат.
Нека се вакцинираат сите што мислат дека нивниот имунитет не би им издржал ако би се соочиле со болеста, али не ги терајте сосема здравите да се вакцинираат , мислам патетично е.
Заборавив да напишам , најбитно е и дистанцирање од параноично и неуки луѓе што шират непотребно страв, телевизија и секакви видови на вести што 90% од програмата е за ковид смрт, воени ескалации, природни катастрофи или убиства. Сето ова предизвикува стрес во потсвесниот ум , за кои луѓето не се свесни.