Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.289
Поени од реакции
15.490
Ви текнува која пропаганда беше дека Шведска оди со погрешна стратегија...

Земјата која до ден денес нема никакви рестриктивни мерки

Значи ако Полска немаше мерки ќе се намалеше процентот? Тоа е правиот пристап?
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.161
Поени од реакции
17.960
Bravo, me ubedi sega.
Види се е до детали. Значи точно е тоа дека вакцинираните за два дена помалце го чистат вирусот (3,5 спрема 5,5 дена).

Но, количеството на вирус кај инкубација е исто како кај невакциниран и трае 2.1 ден спрема 2.6 дена кај невакциниран. Во тој период се всушност суперспредери.

Затоа Антони Фаучи го фати паника во јули и препорача сите вакцинирани да носат маски. Сфатија дека вакцинираните затоа што се чувствуваат премногу сигурно придонесуваат премногу за ширење на вирусот.

Воедно тука е клучот зошто заебана муатација може да се јави кај вакцинирани. Затоа што сите научници забораваат да спомнат дека мутацијата кога ќе се појави МОРА да се пренеси на друг. Оти кога некој има симптоми тој најчесто се изолира и колку и мутации да се јават ќе останат не пренесени.

И дополнителен проблем се асимптоматските случаи кои ги има во многу поголем број кај вакцинираните, и колку тие го пренесуваат вирусот.
 
Последно уредено:
Член од
19 ноември 2020
Мислења
2.524
Поени од реакции
9.405
Уште не прочитав еден пост од медицинско лице од Македонија на фејзбук или било каде кој што апелира народот да внимава на исхрана, психичкото здравје и да се бави народот со физичка активност колку што е можно повеќе овој период како би го зајакнале имунитетот. Едино што постираат е за вакцинирање, ништо друго.
Тој дел им го оставија на хербалајф и илјадниците новонастанати фитнес гуруа.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.161
Поени од реакции
17.960
Од иста причина што не го слушаш Џемо кранистот за статиката на мостот. Џемо е само кранист.
Знам дебилно е, ама СЛУШАЈТЕ ГИ МЕДИЦИНСКИТЕ ЛИЦА, тие најдобро знаат.

И не се само сестри во прашање има и многу доктори.
 

Staufer

Вардар - Егеј - Пирин: Македонија!
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.171
Поени од реакции
21.286
Знам дебилно е, ама СЛУШАЈТЕ ГИ МЕДИЦИНСКИТЕ ЛИЦА, тие најдобро знаат.

И не се само сестри во прашање има и многу доктори.
Ke go slusam onoj Srbinon koj ima kazuvase na zenite da odat vo Italija na soping. Mi izgleda slobodoljubiv.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988
За играчи у систем да, али ја со она немање своја критична мисла мислев на ова.

Да после се ова ја третираш ковид вакцината ко морална одговорност е нонсенс. Затоа доверба у бел мантил полека се губи а баба Рада добија на популарност.
Не, нема неа да ја напаѓам. Ми го знаат сите ставот за неа и си останувам на веќе кажаното.

Нормално дека ќе добие на популарност алтернативната медицина кога докторите немаат право да имаат свое мислење. Многу внимателно ги следи Лекарската комора, а притоа можат нешто да кажат за природниот имунитет. Немањето свое Јас е проблемот.

Дали вложија навистина натчовечки напори овие 2 години? Да. Ама не може да ме убедуваат дека вакцината за мутациите кои се зад нас, без гаранција дека вакцината ќе има ефикасност и на другите мутации кои ги доаѓаат, е Решението!

Нема морална одговорност за меѓусебна заштита. Поединецот, кој е во која критична категорија, треба да има самосвест да се заштити. Ако ја нема, поради своја причина, нема зошто јас да го заштитам. Дури и ако не може да се вакцинира, и вакцинираните и невакцинираните се опасност за него.

Веќе видовме дека вирусот е присутен и кај животните кои не се во контакт со човекот! Имаат изгладено антитела. Видовме дека вирусот го има и кај животните со кои човекот е во контакт. Вирусот постои, тој е тука и треба да научиме со него да живееме. :)
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
17.685
Поени од реакции
9.523
Јас фатив ковид после месец - месец и пол од ревакцинација со мРНА.
Само температура и треска, три дена.
Нос, грло, кашлање... ништо од тоа, само температура и треска три дена. И после тие три дена, кога помина, ми снема мирис, кој се врати за 5 дена.

Предходно имав обична настинка и потешко беше од ова.
Дали се изолира дома или шеташе надвор!?
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.161
Поени од реакции
17.960
Да не има некој линк како оди вакцинацијата кај нас по денови?
 
Член од
3 февруари 2014
Мислења
96
Поени од реакции
193
Вакцинација на сите постари граѓани. Се што е над 50 години(па може и 40) плус и на оние со хронични болести би ја направил задолжителна. Се разбира само за оние кои од здравствени причини неможат. Опционална за помладите без дебилни мерки што те прават будала, барем треба да се свесни да го сфатат бенефитот и што може да им направи прележување. Ако не го сфатиле досега најверојатно и нема да го сфатат.
Да нема непотребно форсирање на веќе прележани. Статистички гледано имаат помала шанса за реинфекција отколку вакциниран да се зарази и заврши во болница.
Нити пак вакцинирање на помлади од 18 години, мислам која е поентата да се вакцинираат со вакцини развини за помалку од една година кога секако повеќето го поминуваат асимптоматски. Не ми квичете за тоа како се безбедни, се вакцинирав ама не би сакал мое дете да се вакцинира барем додека не поминат 5 години и да се види ефектот.

Унапредување на распадниот здравствен систем, каде имаме најголема смртност во Европа ако не се лажеме дека сме 2 милиона народ. Ова е најбитниот дел, нема да биде последна епидемија нити пак е сигурно кога ќе заврши.

Затварање на ликови ко оној мајк тајсон со заговори за пет џи и шо ти знам и недавање пристап на интернет. Истото важи и за оние фанатични проваксери кој мислат дека се на некое високо интелектуално ниво и исмеваат секој кој изрази сомнеж во бројките на ефикасноста од вакцините и слично. Треба да им се објасни дек се глупи ко претходно наведените и дека прават иста штета во процесот на вакцинација. Ама во затвор или некој камп заедно со мајк тајсон и да се надеваме дека ќе се испотепаат.

Пред да почне кењањето јас сум прележан и вакциниран. Најискрено несакав со мРНА затоа што имаше случаеви ко мене прележани што поминаа доста лошо(иако поголемиот број го поминаа лесно) после вакцинација со мРНА и си ја зедов Синовак. Барем братот Кси не ме лажеше за ефикасноста.
Ни Хао.
Синовак ти е џабе вакцина. Доколку сакаш да патуваш во европа, нема да важи сертификатот во иднина.Може сега важи додека да ѓи убедат поголем процент од луѓето да се вакцинираат, ама потоа нема да важи.
И зашто луѓето да се вакцинираат сите над 18 год. Имам 28 години и се чуствувам сосема здрав , немам фатено грип веќе 15 години, вежбам во терерана, внимавам на исхрана, не конзумирам вештачки сокови и шеќери, непушам и не пијам алкохол, зашто да се вакцинирам кога за ефектот од вакцината дури после 3-4 години ќе видиме. Не сакам да ризикувам. И сега за да ѓи заштитиме некои што цел живот не си водел грижа за здравјето , како многу другари што пијат по кило вино и ракија по два пати во неделата, и што завршуваат на гликоза, нивниот црн дроп уште сега е уништен, пушат по две кутии цигари на ден, и завршиле по неколку пати во болница од никотински шокови и немаат спортувано со години, последно им било на часовите по физичко кога биле во гимназија, јадат чипсови и газирани сокови и немаат кондиција за никаква физичка активност, и сега овие истите кога ќе дојдат на 40 години ќе развијат 10тина хронични болести, кој висок притисок или шеќер, слаби бели дробови, низок тестостерон или уништена тироидна жлезда. Да не зборуваме дека можат и рак да развијат. бидејќи ракот не ти е ништо друго, туку клетката се обидува да преживее во кисела pH средина предизвикана од газирани сокови , алкохол и никотин. И сега заради ваквите што не си воделе грижа во текот на животот а имам многу другари што уште на моја возраст почнаа да развиваат хронични болести поради лош начин на живот, ѓи тераат и здравите да се вакцинираат.

Нека се вакцинираат сите што мислат дека нивниот имунитет не би им издржал ако би се соочиле со болеста, али не ги терајте сосема здравите да се вакцинираат , мислам патетично е.
Заборавив да напишам , најбитно е и дистанцирање од параноично и неуки луѓе што шират непотребно страв, телевизија и секакви видови на вести што 90% од програмата е за ковид смрт, воени ескалации, природни катастрофи или убиства. Сето ова предизвикува стрес во потсвесниот ум , за кои луѓето не се свесни.
 
Последно уредено:

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.204
Поени од реакции
78.729
Дали се изолира дома или шеташе надвор!?
Не би те замарал тебе со ништо, освен со навреди и арогантен однос, а комуникацијата помеѓу нас би била по моја желба. Не вака.

Друг да ме праша, би му одговорил.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.204
Поени од реакции
78.729
Ја кога сум настинат не излегувам нигде и мислам дека тие кои тоа го прават се шабани глупи (а најверојатно скоро сите тоа го прават).

Па сега за ова...
 
Последно уредено:

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.204
Поени од реакции
78.729
Не е проблем во тоа дали сум искачал, секако дека не сум.
Ја и така не искачам нешто многу.

Проблемот е во сврхата, поентата, на ваквите прашања, како што е ова на topol pozdrav и уште два-тројца идиоти тука.

Еве, која е поентата на тоа прашање?

Поентата се крие во надежта дека сум направил нешто морално-етички погрешно, кое вака би било јавно прикажано.

Нема тука грижа за јавно добро, како што авторот на прашањето можеби очекува да личи.
Друга прича е тоа што авторот тврдеше дека возеле точаци коа била позитивна.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom