Супер лига, да или не?

Дали сте за Супер лига?


  • Вкупно гласачи
    299
  • Гласањето е завршено на .
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.617
Поени од реакции
18.088
Na SL-elitata moze i 200.000.000 da im pobara se zaparija. Tuku sto ima vrska toa so super ligava?
Лицемерна е критиката кон "богатите" клубови кои биле алчни и сакале да станат само побогати, а Дортмунд ги гледа тие клубови само ко извор на приход. Дортмунд е дел од проблемот, најмалку тие треба да солат памет.
 
Последно уредено:
Член од
24 март 2010
Мислења
15.155
Поени од реакции
25.638
Што знае Андер Херера, еве @Inglourious Basterd објасни веќе зошто е во ред франшизава. Сега кога ќе отиде за први мај во Малибу - ќе исправа криви дрини на форумов од таму.
Не, туку ќе гледам нормален фудбал секоја среда, нема да мора да гледам Динамо Киев. Тоа е добивката за мене. И тоа што ќе може полесно да гледам дерби во Милано, Торино, Барселона и Мадрид. Нема да мора да калкулирам со месеци однапред кога ќе има дерби натпревар, и да се натпреварувам за карта со цел свет што сака да го гледа Барселона - Реал.
 

eMilanist

Ursus domesticus
Член од
27 септември 2007
Мислења
2.398
Поени од реакции
1.825
И што ако се? Ајде вака ко за четвртоодделенец.

Лигата што се создава е франшизна лига. НБА е пример за франшизна лига. НБА е кошаркарска лига. Кошарката во Северна Америка, од каде што има клубови кои играат во истата, не е уништена, туку напротив, на е највисоко ниво во светот.

Заклучок, франшизните лиги не го уништуваат спортот, напротив, го унапредуваат. Доволно е јасно или уште потточки треба?
НБА се тимови од една држава (најбогатата) со исклучок на еден или два што се во Канада (не по шија туку по врат).

Од колку европски држави има тимови во новата суперлига?
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.335
Поени од реакции
57.915
Откако ги следам (од 95та наваму) Јунајтед никогаш не бил под притисок да отпадне од лига. Во последниве 10 години сезоните горе доле им се решени и без никаква компетитивна позадина уште од ноември. Вклучително и годинешнава.

Па не престанав да ги гледам против мртви екипи како Барнли, ќе ми досадело против Реал Мадрид.
Тебе и мене секако нема да ни здосади, но не е тоа поентата. Ќе им здосади на неутралните гледачи, кои се повеќе од нас кои сме загреани за еден или друг клуб. Лигава што ја поддржуваш ќе ги осакати домашните првенства и клубови од кои овие „топ“ екипи црпат играчи. Клубовите кои се одржуваа благодарение на повремени пласмани во групна фаза на ЛШ итн, ќе нема за што да се борат, финансиите ќе им се намалат и се ќе тргне надолу за нив. Џабе таа една „супер лига“ ако се друго дојде на ниво на Чемпионшип.


Ако италијанската лига одлучи да не му даде титула на Интер сезонава, ќе се повлечат сместа, тоа е сигурно.
Аха, секако ќе се повлечат. Кинезите мака мачеа да го продадат клубот до вчера, евро не смеат да фрлат веќе, и еве сега гледаме зошто одлучија пред месец дена да не продаваат. Има да го натоварат магарето сега а за трансфери „клубот сам нека ги финансира“.
 

Staufer

Вардар - Егеј - Пирин: Македонија!
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.195
Поени од реакции
21.347
Лицемерна е критика кон "богатите" клубови кои биле алчни и сакале да станат само побогати, а Дортмунт ги гледа тие клубови само ко извор на приход. Дортмунд е дел од проблемот, најмалку тие треба да солат памет.
Istive diskusii. Dortmund ne mu e nikomu dolzen da mu pokloni igraci. Ako ne moze nekoj da si go dozvoli, neka ne kupuva. Dortmund e rezultat na problemot a ne del. Dortmund nema gazda koj moze milijardi da vlozuva (poklonuva). Transferite se nacin kako i bez sugar daddy gore dole ostanuvaat konkurentni. Sekoe Evro sto go imaat sami go zarabotija. Razgledaj malce nanazad koga pocnaa ekcesite vo fudbalot i posle koi nastani. Ke ti stane jasno.
 

DimceY

Jimmy
Член од
20 ноември 2007
Мислења
5.704
Поени од реакции
5.334
одличен период избраа за "лансирање" на лигава.. пандемија, намалени приходи, клубови во ненормални долгови и најважното ПРАЗНИ СТАДИОНИ.... можам да замислам каков циркус ќе беше следново коло по стадиониве доколку имаше публика... се што не се решава со пари обично се решава со МНОГУ пари... тоа изгледа Чеферин и УЕФА не го разбраа на време... затоа сега ќе ги кошта многу...
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.155
Поени од реакции
25.638
НБА се тимови од една држава (најбогатата) со исклучок на еден или два што се во Канада (не по шија туку по врат).

Од колку европски држави има тимови во новата суперлига?
Од сите сериозни фудбалски лиги сем Германија. Ама ќе се среди и тоа набрзо.
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.332
Поени од реакции
27.890
Еден Динамо Загреб земете го за пример. Со тие повремени учества во ЛШ и ЛЕ генерира приходи со кои потоа развива играчи и ги продава за милионски суми. Тргни ја оваа шанса Динамо да не може да игра со јаките клубови, тогаш нема ни приходи ни генерирање играчи. А, Динамо е само еден клуб од Балканов. Што останува за другите клубови...
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.155
Поени од реакции
25.638
Тебе и мене секако нема да ни здосади, но не е тоа поентата. Ќе им здосади на неутралните гледачи, кои се повеќе од нас кои сме загреани за еден или друг клуб. Лигава што ја поддржуваш ќе ги осакати домашните првенства и клубови од кои овие „топ“ екипи црпат играчи. Клубовите кои се одржуваа благодарение на повремени пласмани во групна фаза на ЛШ итн, ќе нема за што да се борат, финансиите ќе им се намалат и се ќе тргне надолу за нив. Џабе таа една „супер лига“ ако се друго дојде на ниво на Чемпионшип.
Неутралните фанови многу поверојатно би гледале дерби натпревари отколку небитни клубови. Баш неутралните фанови ја дигаат гледаноста на топ екипиве до плафон. А за малите клубови, нема да ги осакати. Ќе продолжат да постојат. Само нема да може да бараат 200 милиони евра за фудбалер, затоа што добиваат огромен дел од парите што големите ги генерираат.

Ова мораше да се случи (детронизинирање на администрацијата во ФИФА и УЕФА) и мислам дека единствена алтернатива што можеби би ги откажала од лигава (иако веќе ми се чини дека е многу доцна) би било некој PPV модел, каде што ќе се осигура дека нема исти пари да завршат за Динамо Киев и за Интер од потот во чие креирање Интер учествува многукратно повеќе.
 
Член од
3 ноември 2009
Мислења
6.147
Поени од реакции
35.181
Некој што не ве знае да ве чита тука со жалопојкиве ќе помисли секоја чест на луѓево секој викенд се на стадион и го поддржуваат маалскиот клуб. :icon_lol:

90% од тука сте фанови на најкомерцијалните клубови во спортов, дремете по клаџи и се кладите на вашите клубови, и сеа одеднаш криво ќе им било за Лестер, Евертон, Рома, Лил дека немало да играат против Реал во ЛШ. Ќе им здозадело да ги гледаат Реал-Јуве како играат 3 пати во сезона. Да секако. Исто како што им е здосадено на фановите на НБА да гледаат 20 тима како играат по 4 пати во сезона плус плеј-оф. Фудбалот е чист бизнис, и таа машинерија мора некако да се плати. Ако сакате пасија и жар во фудбалот, имате секој викенд утакмици втора-трета лига МК, па гледајте таму клизачи, тепачки и шамарање на судијата. :D

Моментално не сум ни за ни против, но не знам што очекувавте дека големиве клубови ќе бркаат спонзорства, ќе вртат огромни пари, и стекнуваат популарност за на крај кајмакот да го јадат Уефа и Фифа, и како што кажаа тука да си играат курот со парите преку федерации како нашата?

Нормално дека ќе се одвојат и ќе си бараат целиот профит да си го земат они кога веќе они и го прават со нивната популарност и играчите кои ги плаќаат.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
а тоа што се родиле во едни од најмоќните семејства на планетава е чиста случајност
Абе и Лапо Елкан е роден во најмоќната фамилија во Италија ама кога не ти делил севишниот, не ти делил :toe:
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.906
Поени од реакции
84.308
Ок, ајде малце озбилно.

Факт беше дека ќе мора да има некакви промени во фудбалов. Неизбежно беше, ама и требаше, за жал.

Оваа не е таа промена.

Ваков концепт може само да се понуди на спорт во последни фази на умирање како последна надеж за нешто. Фудбалот не е во фаза каде само 10 екипи преживуваат, и другите само постојат. Вакво нешто може да упали во финансиски послаби спортови како ракомет или европска кошарка.

Ваков спорт може само остатокот од фудбалските екипи да ги донесе на ниво на екипите од европската кошарка, а самиот крем да ги крене на недостижно ниво каде самите тие ќе станат бренд за се и сешто.

УЕФА и ФИФА нема што да направат, бидејќи се корумпирани здруженија кои само мислат на криминал.

Многу незгодна позиција и за УЕФА и за ФИФА. Екипиве станаа поголеми од спортот, full blown corporatism е ова.

Лигава како лига ќе започне со каква таква фама. At best, ќе постои некое време и ќе биде успешна.

И... логично, ќе падне и ќе мора да се воведат нови промени.

Па после тоа пак ќе падне и пак нови промени.

И така во круг се додека фудбалот не стане спорт кој ќе биде гледан само од фанови на спортот кои би го гледале без разлика на се.

Компетитивноста на екипите ќе биде во втор план, бидејќи како што кажав, екипите ќе станат брендови.

И за 50 години од сега (не е битна бројката, тропам само), фудбалот ќе стане.... нешто што постои. "A be imashe fudbal, znaesh deka?" "Ej da? Uste ima a? Sto se desava be? TIe junajted porano bea ok mislam a?"

Рејтинзите и гледаноста на екипите ќе биде многу ниска во споредба со peak-от (кој знае кој е пикот, можеби фудбалот ќе го добие пикот баш со оваа Супер лига)

Но... сето тоа нема да биде важно.

Бидејќи екипиве ќе ја постигнат целта - постоење и создавање на брендови каде ништо не зависи од гледаност или фанови или рејтинзи.

Ќе имаат билион договори за спонзори, ќе се прошират во е-спортови, ќе имаат свои стриминг канали можеби каде што ќе стримаат свои мечеви 24/7 (за да соберат пари од луѓето на база на носталгија), ќе прават свои документарци, ќе имаат свои женски екипи, ќе се создаде и некоја си јуниорска лига, ќе собираат пари од дресови и слично (помалку луѓе ќе трошат пари, ама тие што ќе трошат ќе трошат повеќе), ќе се потпишат милион договори за пренос (2 преноси на овој канал, три на овој, еден на оној), ќе се потпишат договори за pre-match и пост-меч шоуа, ќе се направи спектакл од типот на ол стар/драфт/награди за крај на годината, мечеви низ целиот свет....

Ок, забегав. Поентата ми е, фудбалот ќе стане бренд, каде екипите ќе имаат премногу пари и компетитивноста на спортот не е битна.

Што е одлично за тие што го прават проектов и е нивната цел.
Топ екипите ќе прават надреално многу пари.

Не го презентирам ова како добро или како лошо. Едноставно, го презентирам како што мислам, што очекувам и што е целта на се ова.

Ние како фанови останува да се надеваме дека against all odds, ќе го доживееме пикот на спортов баш со Супер лигава.

А ако тоа не се случи...јбг, битно го доживеавме секако.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Се заљубил во фудбалската игра а замина во ПСЖ за 300,000 неделно да дреми на клупа. Кога го читав форумов последно, ги псовавте ваквите :D Па сега да му понуди Реал 500,000, ќе избрише и стори и Инстаграм и пешки ќе тргне накај Мадрид.

Мислам, ок е да си против ама лицемериево на Ерера...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom