Ок, ајде малце озбилно.
Факт беше дека ќе мора да има некакви промени во фудбалов. Неизбежно беше, ама и требаше, за жал.
Оваа не е таа промена.
Ваков концепт може само да се понуди на спорт во последни фази на умирање како последна надеж за нешто. Фудбалот не е во фаза каде само 10 екипи преживуваат, и другите само постојат. Вакво нешто може да упали во финансиски послаби спортови како ракомет или европска кошарка.
Ваков спорт може само остатокот од фудбалските екипи да ги донесе на ниво на екипите од европската кошарка, а самиот крем да ги крене на недостижно ниво каде самите тие ќе станат бренд за се и сешто.
УЕФА и ФИФА нема што да направат, бидејќи се корумпирани здруженија кои само мислат на криминал.
Многу незгодна позиција и за УЕФА и за ФИФА. Екипиве станаа поголеми од спортот, full blown corporatism е ова.
Лигава како лига ќе започне со каква таква фама. At best, ќе постои некое време и ќе биде успешна.
И... логично, ќе падне и ќе мора да се воведат нови промени.
Па после тоа пак ќе падне и пак нови промени.
И така во круг се додека фудбалот не стане спорт кој ќе биде гледан само од фанови на спортот кои би го гледале без разлика на се.
Компетитивноста на екипите ќе биде во втор план, бидејќи како што кажав, екипите ќе станат брендови.
И за 50 години од сега (не е битна бројката, тропам само), фудбалот ќе стане.... нешто што постои. "A be imashe fudbal, znaesh deka?" "Ej da? Uste ima a? Sto se desava be? TIe junajted porano bea ok mislam a?"
Рејтинзите и гледаноста на екипите ќе биде многу ниска во споредба со peak-от (кој знае кој е пикот, можеби фудбалот ќе го добие пикот баш со оваа Супер лига)
Но... сето тоа нема да биде важно.
Бидејќи екипиве ќе ја постигнат целта - постоење и создавање на брендови каде ништо не зависи од гледаност или фанови или рејтинзи.
Ќе имаат билион договори за спонзори, ќе се прошират во е-спортови, ќе имаат свои стриминг канали можеби каде што ќе стримаат свои мечеви 24/7 (за да соберат пари од луѓето на база на носталгија), ќе прават свои документарци, ќе имаат свои женски екипи, ќе се создаде и некоја си јуниорска лига, ќе собираат пари од дресови и слично (помалку луѓе ќе трошат пари, ама тие што ќе трошат ќе трошат повеќе), ќе се потпишат милион договори за пренос (2 преноси на овој канал, три на овој, еден на оној), ќе се потпишат договори за pre-match и пост-меч шоуа, ќе се направи спектакл од типот на ол стар/драфт/награди за крај на годината, мечеви низ целиот свет....
Ок, забегав. Поентата ми е, фудбалот ќе стане бренд, каде екипите ќе имаат премногу пари и компетитивноста на спортот не е битна.
Што е одлично за тие што го прават проектов и е нивната цел.
Топ екипите ќе прават надреално многу пари.
Не го презентирам ова како добро или како лошо. Едноставно, го презентирам како што мислам, што очекувам и што е целта на се ова.
Ние како фанови останува да се надеваме дека against all odds, ќе го доживееме пикот на спортов баш со Супер лигава.
А ако тоа не се случи...јбг, битно го доживеавме секако.