Супер лига, да или не?

Дали сте за Супер лига?


  • Вкупно гласачи
    299
  • Гласањето е завршено на .
Член од
6 ноември 2014
Мислења
3.808
Поени од реакции
8.972
Се уште тврдам дека ова е војна на големите клубови со УЕФА. Не случајно е сега потегната работава, кога сите клубови работат со огромен финансиски дефицит и многу веројатно сакаат да исфорсираат подобри премии од ЛШ и ЛЕ.
 
B

Beginner

Гостин
И да сакаат нема да ги викнат Ајакс, не постојат на светска мапа.



Фали и тајмоут во фудбалот и ќе биде целосна сликата, сакаш нејќеш ќе си станеш дебел европиец.



Тој што ќе се побуни само ќе му ја покажат вратата и решен проблем.
Што ако Зидан, Пеп, Клоп, Тухел се побунат и на нив ли ќе им ја покажат вратата?
 
Член од
23 мај 2013
Мислења
2.247
Поени од реакции
5.292
Дај боже да помине ова со суперлигава...никад веќе да не ги видам тие 12+ тима...ти се посерам во пцојсаните клубови
 
Член од
19 септември 2009
Мислења
5.081
Поени од реакции
4.932
У кратки црте дебилна идеја која се коси сс основни спортски принципи, која само финансиски аспект ја оправдува и ништо друго и тоа на кратки стази, не верувам дека на некој ке му е забавно сто пати годишно да гледа Реал - Манчетер Сити...
 

interlove

Die with memories not dreams
Член од
14 ноември 2014
Мислења
2.429
Поени од реакции
3.687
Што ако Зидан, Пеп, Клоп, Тухел се побунат и на нив ли ќе им ја покажат вратата?
Без никакви дилеми.
Они во минатото им ја покажале вратата и без СуперЛига, ти ми збориш во ситуација кога и они можат да заработат повеќе...
 
Член од
10 јуни 2018
Мислења
127
Поени од реакции
265
Со ова официјално и домашните првенства полека ќе умираат. Која е атрактивноста кога освeн за титула нема да има никаква борба за 2-6 место.

Потоа слични ќе биде и во суперлигава. Само за прво место борба нема испаѓање нема ништо. Некој вика ќе имало подобри пари за 2,3,4 место. Можеби да али која е атрактивноста за фан да гледа Ливерпул-Јувентус ако буквално се 6,7 место на табела во таа лига и неможат ни да испаднат ниту па се борат за некое место што значи и води некаде.

Губиток од сите страни само за пари. Се знае реков ова е масло на Барса и Реал подржани од Јуве на кои највеќе изглеа им треба пари. На ЕПЛ клубовиве не им требаат моментално толку пари али па затоа имаат американски газди. Некој се смее на Баерн, Баерн не е меѓу овие клуови али тоа не значи дека се глупи да извршат финансиско самоубиство ако цел фудбал полека се смени нормално дека и они ќе се приклучат али тоа не значи дека ова е крш потег.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.164
Поени од реакции
25.682
Еден член погоре саркастично пиша дека ова е 50-то уништување на фудбалот што го видел. Поентата на оние кои ја поддржуваат оваа лига е дека се ќе си биде исто, луѓето само пишуваат негативни коментари и се плашат без потреба. Фудбал ќе се игра, сонцето пак ќе свети секое утро, птиците ќе пеат...

Тотално легитимно мислење. И така и ќе биде. Фудбал ќе се игра.

Но фудбалот во суштина веќе е уништен (непопуларно мислење) и секоја наредна промена го прави помалку атрактивен за гледање. Затоа што секоја наредна промена го зголемува јазот помеѓу екипите на врвот и на дното.

Ќе го аргументирам ова со два примери:

Пред деведесетите, фудбалот глобално беше многу поизедначена игра. Само за пример, Реал страдаше во бивша Југославија, губеше не само од Црвена Ѕвезда туку и од екипи како Ријека. Се разбира, тогашните Ѕвезда и Ријека беа за класи подобри од денешните, но и Реал беше за класи послаб од сегашниот, најмногу поради лимитот од 3 странци по екипа. Немаше голем јаз, и затоа овие натпревари беа супер-атрактивни за гледање а „големите“ екипи се тресеа на секое гостување.

Ова подоцна се наруши од фудбалско-административни причини (Босмановото правило) и нефудбалски причини (Економскиот колапс на источниот блок). Се создаде јаз помеѓу богатите клубови не само од западна и источна европа, туку и внатре во домашните првенства.

Вториот пример, Италија во 90-те, супер атрактивна лига. Зошто? Затоа што јазот помеѓу екипите не беше голем. Не само триото Интер, Милан и Јувентус, туку и Лацио, Парма, Рома, Болоња, Фиорентина итн... имаа супер екипи, секоја од нив полна со фудбалски имиња. Денес, напревар помеѓу Интер и Болоња е жива досада, затоа што има преголем финансиски јаз помеѓу нив.

Но паралелно со тоа, во потрага по повеќе пари се случи ЛШ, и се тргна надолу. Најатрактивното натпреварување КЕШ, кој беше чист нокаут систем, умре затоа што не можеше да генерира доволно пари. Почна ЛШ која на почетокот беше светкава, убава лига, во која екипи како Валенсија или Лион беа хит. Но со време, посебно после ФФП, најбогатите клубови кои беа редовни учесници станаа побогати и сега групната фаза е досадна, во една-две групи ќе се случат изненадувања, во другите ќе си поминат фаворитите. Нокаутот е единственото што вреди да се гледа.

Сите овие екипи кои се одлепија квалитативно во своите првенства, сега имаат проблем. Немаат со кого да играат. Ова не е голем проблем за англичаните кои имаат доста силни екипи, ама за шпанците и италијаните и тоа како е. Нивните натпревари не се доволно гледани кога играат со слаби противници. Спасот го бараат во супер-лига која ќе им донесе свежи пари и која се надеваат дека ќе биде атрактивна.

Но проблемот во лига во која не можеш да испаднеш е дека нема неизвесност. На крајот ќе се сведе на ниво на пријателски натпревари за многу пари. Кога таа лига ќе почне да губи на гледаност, каде ќе одат? Секако, ќе биде многу атрактивна неколку години. Како и се друго, и оваа лига ќе има рок на траење, а тој рок ќе биде многу пократок од КЕШ или од ЛШ. Со сите мани и недостатоци, КЕШ, ЛШ, домашните првенства... беа натпреварувања во кои до последно се тресеш за титула, или за да не испаднеш, зависно од тимот за кој навиваш. Во супер лигата само 5 екипи ќе имаат привилегија да се плашат да не испаднат, другите ќе си тераат курташак. На пример, Интер може да заврши 20-ти, пет екипи над него пак ќе треба да изборат пласман следната година, Интер и понатаму ќе игра во лигата. Ова ги нарушува сите натпреварувачки правила, дури ни со НБА не може да се спореди затоа што од НБА никој не испаѓа.

Што ти е потребно за добар фудбал: систем кој не е досаден за гледање, неизвесност, и пиво. Тоа е се што ти треба за уживање во фудбал. А не омилениот клуб да ти стане 10 пати побогат и да се одлепи од сиромаштијата долу, играјќи во приватна лига со другарчињата, делејќи го профитот. Потребни се мерки кои ќе го намалат јазот во домашните лиги, а не мерки кои ќе исфрлат 12 екипи во стратосферата, кои ќе ги направат 10x поголеми гиганти отколку што се сега, за да не може никој и никогаш да им припари.

Не за таков фудбал. Да за натпреварување, конкуренција, победување, испаѓање. Да за фудбал во кој Интер испаѓа од Менхенгладбах и Шахтјор. Не за фудбал со привилегии.

Прегледај го приврзокот 292631



И на крај: не можете да ги оправдате затоа што ова ќе им донесело повеќе пари. Тоа е исто како да оправдаш разбојник кој ограбил банка, затоа што тоа ќе му донесе повеќе пари. Колку пари прават си е нивна работа, се додека се придржуваат до воспоставениот систем како и сите други. Овие сакаат со пуч да избегаат од системот кој ги прави богати, ама не доволно богати. Тоа е алчност.
Откако ги следам (од 95та наваму) Јунајтед никогаш не бил под притисок да отпадне од лига. Во последниве 10 години сезоните горе доле им се решени и без никаква компетитивна позадина уште од ноември. Вклучително и годинешнава.

Па не престанав да ги гледам против мртви екипи како Барнли, ќе ми досадело против Реал Мадрид.
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.568
Поени од реакции
52.371
Бреее, откако немаше ништо во 10:30, не очекував да има официјална најава и дека ќе чекаат денес да видат дали ќе се договорат со УЕФА нешто.

Сега веќе мислам дека нема назад, и ќе го истераат ова до крај. Како што реков, нема да има проблеми со привлекување клубови, ќе молат за учество. Ако некој клуб сака да е еден од најсилните во Европа, ќе мора да учествува во лигава, иначе ептен ќе заостане со финансии и ќе ги изгуби најдобрите играчи.

1618817649101.png

Минатата година кога се дознаа детали, ако добро памтам и Баерн, Дортмунд и ПСЖ беа во 15те основачи. Ама очигледно на германциве им е проблем тоа со структурата на клубот каде и фанови мора да одлучуваат, а ПСЖ се врзани со СП 2022. За ПСЖ сигурен сум дека после тоа ќе се приклучат, а верувам и Баерн ќе се избори за учество затоа што сигурно нема да си дозволат да заостанат зад елитата и да се натпреваруваат во Европа со второразредни клубови.

Не чека бурен период, во објавата викаат и дека ќе работат со УЕФА и ФИФА сега за да се договорат заедно како ќе се прави понатаму. Веројатно ова ќе биде на врвот, па после ќе има едно или две натпреварувања од УЕФА каде ќе играат второразредни клубови. Најмногу ме интересира како ќе ги организираат 5те промоции секоја сезона. Веројатно најдобрите од тоа натпреварување на УЕФА ќе одат во Супер Лига.

Не верувам да има некакви сериозни последици од лигите, не можат да си дозволат.

Иначе, кој е коефициентот дека цела нокаут фаза заедно со финалето ќе се игра низ Америка и Азија? :D
 
Член од
29 април 2015
Мислења
4.060
Поени од реакции
3.843
Работава е што многу пари влагаат во Фифа и Уефа, а големите клубови добиваат многу малку. Сеа со короната им дојде јајцето на гзот и тоа е.
Како прво не знам зошто да ги суспендираат играчите за Светско? Тоа е невозможно... што е крив Кејн на пример што Тотенхем прифатил да игра во оваа лига и да не може тој да игра за неговата репрезентација?
Со самото укинување на Светско, Фифа губи уште толку... а тие се најалчни од сите, се шиткаа за пари.
Како второ, ако ги суспендираат од лигите, пак лигите губат на гледаност и пак они се во загуба.

Мислам дека им пуштиа озбилна прича сеа и на крај ќе се договорат, да остане ЛШ, овие 12 клубови да имаат загарантирано место, за останатите места ќе си се борат пак другите преку лигите и ќе добијат многу поголеми суми фиксни годишно.
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.810
Поени од реакции
15.916
Шпанец ја поеба европската кошарка, шпанец го поеба и европскиот фудбал. Сѐ да му ебам.
 
Член од
1 март 2009
Мислења
8.611
Поени од реакции
10.291
Realno jas licno sum ZA superliga posto poprilicno mi zdosadi fudbalo poslednite nekolku godini taka da vakva promena ne bi bila losha.. sfakjam nezadovolstvoto kaj fanovi na ostanatite ekipi i kaj fanovi na ovie 12te ekipi koi cel zivot odele na utakmici.. no za nas ostanatite sho kuro.. demek na nekoj ke mu nedostiga barca levante ili junajted burnley
 
Член од
29 март 2021
Мислења
301
Поени од реакции
864
У кратки црте дебилна идеја која се коси сс основни спортски принципи, која само финансиски аспект ја оправдува и ништо друго и тоа на кратки стази, не верувам дека на некој ке му е забавно сто пати годишно да гледа Реал - Манчетер Сити...
Мене ме чуди само зошто најјаките европски фудбалски клубови како Хајдук, Црвена Звезда, Ренџерс, Селтик, Лацио, Рома не се поканети во ова такмичење.

Кои се тие Реал, Јунајтед и Јувентус да оформуваат вакви лиги? Боранија клубови ми глумат елита.
 
Последно уредено:

Трибиани

Ванда Вештерката
Член од
21 јули 2018
Мислења
3.751
Поени од реакции
8.838
Вметнување на умрените Милан,Тотенхем и Арсенал во елитата преку мала врата кога неможат сами..ајде Милан ќе обезбедеа Топ 4 и ќе играа пак ЛШ...ама овие од Лондон мизериите..Арсенал неможи Топ 10 да фати и во елитата ќе играле....мрш таму.
Автоматски споено мислење:

Добро реално и овие да играа немаше да се побуниш :D
 

Leo Bonnie

Кад се врате скитнице
Член од
20 декември 2008
Мислења
4.445
Поени од реакции
5.445
Како пишите во темава ко УЕФА да е најдемократската и најхуманитарна организација во светот, децата гладни ќе останат ако се напрај Супер Лига. Приходот на УЕФА го прават пополарноста на клубовите во ЛШ, тие ги носат спонзорските договори. Зошто екипите кои кои носат 95% од приходот да добијат само 20% од истиот? За Чеферин да пери пари со помалите федерации ко нашата и да си делат во ФФМ по 100 000 евра? Или клубовите се неписмени и не знаат да си испазарат ТВ договор? НБА 70 години функционира вака, последниот ТВ договор му е 3 милијарди по сезона.

Знам дека не е фер за помалите федерации ама јбг таков е капитализмот.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom