Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

Член од
3 мај 2019
Мислења
17.755
Поени од реакции
9.558
Една работа неможам да сфатам, а тоа е како може една ретардирана група на власт која нема грам совест, образ и одговорност на душа, ДА ЗАЕБАВААТ ЦЕЛ НАРОД, ЦЕЛА ДРЖАВА ДА ЈА НОСАТ У ПОНОР... а ние едни мутљаци кои само пљампаме и тапкаме у место....:(

Дали Венко ќе сноси некоја одоворност што го прелажа цел македонски народ дека здравството е подготвено, спремно, има доволно медицински персонал, има болнички легла, има монтажни болници!?

Верувајте, кога би го видела на улица, мислам дека у див ѕвер ќе се претворам..би го испљукала у фаца толку пати колку што не исполажа:mad:

:mad::(
Зошто ниту една новинарска екипа синоќа не беше пред тријажниот центар во ГОБ 8ми септември, па да ја сними страшната и тажна слика на луѓе кои висат со саати за преглед, кои умираат чекајќи да дојдат на ред(три реанимации имаше), многумина дремеа и кукаа преплашено во своите возила..Лути изморени возачи на брзата помош кои изиграаваа таски служба и во сите клиники да им велат дека нема веќе место...

Ништо јавноста не гледа што се случува внатре во болничките ходници, ништо!!!!

Повторно вратени на почеток, повторно неспремни, повторно другите болни нема да можат да се прегледаат, повторно нема да има мој термин....Лудило...:(
 
Член од
10 јуни 2008
Мислења
470
Поени од реакции
852
Премногу е ова 22 починати а не сме ни 2 милиони, чисто за споредба ова е како во Италија да починале 660 или во УСА 3600 само во еден ден.
Плус ако ја видиме возраста на починатите често ќе забележиме 40, 50 годишни кои без вирусот повеќето ќе живееле уште 20-30 години, па и да се хронично болни со правилна терапија сигурно би имале квалитетен живот уште долги години.
Вака најчесто поради општото однесување на сите, оваа група на луѓе ќе страда. Затоа што некој не верува или има појак имунитет па неможе да издржи без концерт или кафе. Ова е премногу себично колективно од сите здрави и пред се млади луѓе.
Кај е тука солидарноста и свеста и совеста кај сите? Ова е како да има некоја природна катастрофа пример земјотрес и да речиш добро е мојата куќа не се сруши па ми е гајле за комшијата и за другите дали преживаелае или не, нема да помагам да спасиме барем еден човечки живот, ќе одам да пијам кафе или ќе одам на концерт. Така некако се однесува најголем дел од населениото.

Дали погрешна беше мерката да се вратат хронично болните на работа? На што се должи оваа голема бројка на починати?
Рачунајте дека бројките на заразени се многу поголеми немаме капацитет за повеќе тестови па да се откире дека имаме по 2-3 илјади заразени на ден.

Плус ги читам и слушам многу млади дека ова не е опасно дека било завера, дали сте сигурни?
Ако не како во 1,5 милиони население за еден ден умираат по 22 и тоа ова е почеток на “вториот пик“ бројките за жал ќе одат нагоре.
 
Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
8.648
Поени од реакции
27.969
Премногу е ова 22 починати а не сме ни 2 милиони, чисто за споредба ова е како во Италија да починале 660 или во УСА 3600 само во еден ден.
Плус ако ја видиме возраста на починатите често ќе забележиме 40, 50 годишни кои без вирусот повеќето ќе живееле уште 20-30 години, па и да се хронично болни со правилна терапија сигурно би имале квалитетен живот уште долги години. А вака најчесто е поради општото однесување на сите, па поради тоа оваа група на луѓе ќе страда. Затоа што некој не верува или има појак имунитет па неможе да издржи без концерт или кафе. Ова е премногу себично колективно од сите здрави и пред се млади луѓе. Кај е тука солидарноста и свеста и совеста кај сите? Ова е како да има некоја природна катастрофа пример земјотрес и да речиш добро е мојата куќа не се сруши па ми е гајле за комшијата и за другите дали преживаелае или не, нема да помагам да спасиме барем еден човечки живот, ќе одам да пијам кафе. Така некако се однесува најголем дел од населениото.

Дали погрешна беше мерката да се вратат хронично болните на работа? На што се должи оваа голема бројка на починати?
Рачунајте дека бројките на заразени се многу поголеми немаме капацитет за повеќе тестови па да се откире дека имаме по 2-3 илјади заразени на ден.

Плус ги читам и слушам многу млади дека ова не е опасно дека било завера, дали сте сигурни?
Ако не како во 1,5 милиони население за еден ден умираат по 22 и тоа ова е почеток на “вториот пик“ бројките за жал ќе одат нагоре.
Нели ти беше јасно после примерот со Амди Бајрам? Со откажани бубрези,шеќераш со инфаркт прележан со нога ампутирана и 2939494 кила тежок.Требало Ковидов да го подмлади ли? Да му го продолжи животот можеби?
 
Член од
22 март 2019
Мислења
233
Поени од реакции
551
Смртните случаеви имат задоцнување од 2-3 недели од заболување.. ке биде тажно во ноември.

Очекувам тогаш да го повториме италијанското сценарио, веќе е касно за стопирање.
 
Член од
28 август 2013
Мислења
3.984
Поени од реакции
11.910
Една работа неможам да сфатам, а тоа е како може една ретардирана група на власт која нема грам совест, образ и одговорност на душа, ДА ЗАЕБАВААТ ЦЕЛ НАРОД, ЦЕЛА ДРЖАВА ДА ЈА НОСАТ У ПОНОР... а ние едни мутљаци кои само пљампаме и тапкаме у место....:(

Дали Венко ќе сноси некоја одоворност што го прелажа цел македонски народ дека здравството е подготвено, спремно, има доволно медицински персонал, има болнички легла, има монтажни болници!?

Верувајте, кога би го видела на улица, мислам дека у див ѕвер ќе се претворам..би го испљукала у фаца толку пати колку што не исполажа:mad:

:mad::(
Зошто ниту една новинарска екипа синоќа не беше пред тријажниот центар во ГОБ 8ми септември, па да ја сними страшната и тажна слика на луѓе кои висат со саати за преглед, кои умираат чекајќи да дојдат на ред(три реанимации имаше), многумина дремеа и кукаа преплашено во своите возила..Лути изморени возачи на брзата помош кои изиграаваа таски служба и во сите клиники да им велат дека нема веќе место...

Ништо јавноста не гледа што се случува внатре во болничките ходници, ништо!!!!

Повторно вратени на почеток, повторно неспремни, повторно другите болни нема да можат да се прегледаат, повторно нема да има мој термин....Лудило...:(
А што требаше да каже, сите ќе се заразиме и да почни да вришти?
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
17.755
Поени од реакции
9.558
А што требаше да каже, сите ќе се заразиме и да почни да вришти?
Дека сите ќе се заразиме, знаеме, а дека на сите ни се вришти од ситуацијава е жива вистина и не гледам што ти е поентата со цинизмот?
Ако мислиш дека за овие неколку месеци немаа време и простор да направат неколку амбуланти за ковид заразени пациенти, како не би ја " Уништувале" детската болница во Козле и 8 ми септември, правејќи дополнителни одделенија проширувајќи го капацитетот за ковид, другите пациенти кои имаат потреба да извисат повторно..а многу уште не ни дојдоа на ред за преглед, чекаат од јануари месец.....Тогаш имаме сосема различно мислење за фактичката состојба во државава:toe:
 
Јас мислам дека не им е гајле за народот и државата од коа се дојдени на власт, многу пати го покажаа тоа.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.182
Поени од реакции
17.994
Дека сите ќе се заразиме, знаеме, а дека на сите ни се вришти од ситуацијава е жива вистина и не гледам што ти е поентата со цинизмот?
Ако мислиш дека за овие неколку месеци немаа време и простор да направат неколку амбуланти за ковид заразени пациенти, како не би ја " Уништувале" детската болница во Козле и 8 ми септември, правејќи дополнителни одделенија проширувајќи го капацитетот за ковид, другите пациенти кои имаат потреба да извисат повторно..а многу уште не ни дојдоа на ред за преглед, чекаат од јануари месец.....Тогаш имаме сосема различно мислење за фактичката состојба во државава:toe:
За жал цел свет го направи ова, ај за нашиве разбирливо е, нас снег во јануари не изненадува, ама цело лето се зборуваше за втор бран во есен и практично никој не е спремен.

Добро освен Германците, тие беа спремни и за првиот бран.

@Toma искрено се надевав/надевам дека нема да го следиме истиот процент од 4% смртност од официјалната статистика. Моменталната проценка ми е 3600 мртви.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.692
Поени од реакции
12.089
За вакви бројки и капацитет на клиники и амбуланти, вака треба. Како Словенија или Италија, затворање и ограничување на работно време, а не маска на отворено. Заразите се во затворени простории. И пред 23 часот.

Последно уредено:

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
8.951
Поени од реакции
5.508
Се трудам да пишам пост околу оваа ситуација, но се ми е ептен конфузно. Сакав и порано да пишам, ќе го скокнам воведот март-септември и директно ќе го пишам личното искуство со корона. Однапред се извинувам за долгиот пост, сакам да кажам дека иако ги почитував мерките, ако ти дојде редот за заразување, нема спас.
25-26.09 имав некое затнување на носот, ама не обрнав внимание - си викам идиот, возеше точак во 6 сабајле со кратки панталони, недоволно облечен. Mи траеше тоа два-три дена, имав опција да работам дома и не беше страшно. Ми се среди горе-доле ситуацијата, на работа ме извикаа нешто итно и на 01.10 се вратив.
На 02.10 сестра ми испаѓа позитивна на Covid (без сиптоми, имала еднаш температура на 23.09 од 37.2 и во фирмата кај што работи имало заболени од Covid - со нив немала контакт) и тоа ми е прв директен контакт со некој кој се заразил.
На 03.10 се тестирам и шок - и јас позитивен, сопругата и син ми не се позитивни (олеснување). Да напоменам дека дента кога се тестирам се чувствувам (повеќе од) одлично и немам никакви сиптоми. Јебига, кај моите родители има вишок соба, се изолирам кај нив. Дополнителен стрес е што во тие два дена на работа имам околу 20-25 остварени контакти (среќа ниту еден позитивен). Со оглед на цела ситуација не паднав многу психички, но се' уште не ми е јасно иако јадев барем по три квалитетни оброци, дневно симнував по 1 килограм - ок, секако имам нешто вишок.
На 05.10 добивам решение - ако немаш сиптоми по 10 дена од тестот си слободен, син ми и жена ми иако негативни, си добија награда од 14 дена во изолација, не развија сиптоми до крај.
Со оглед на тоа што немав сиптоми не ми препишаа којзнае што од матичен, само витамини, многу течности, некој сируп за имунитет. Лесно ја поминав изолацијата, единствен проблем е тоа што од 8.000+ чекори и 10 км точак дневно, се симнав на околу 500 чекори дневно и почна да ми влијае на телото - укоченост.
На 12.10 треба да ми заврши изолацијата, матичниот ми вика јас поднесов се, чекам од ИЈЗ - и тука се судруваш со македонската бирократија, дел од телефоните кои се оставени за контакт се недостапни, на телефонот што е директно за ковид од ИЈЗ ми се јави некој шипо и ми кажа „ја не знам“, сакам да кажам, не дај боже да имаш некој сериозен проблем, овде ништо не функционира.
На 13.10 конечно добив некој од ИЈЗ, ми кажа дечко слободен си, за пола саат известуваме полиција.

Од лично искуство и од искуство со неколку луѓе кои се испозаразија во меѓувреме, ова препишуваат докторите
-Витамин D3, C 1000, E 400,
-Селен,
-Цинк,
-Бета глукан со Ц и цинк,
-Аквамарис за нос,
-Магнезиум и Б6,
-Протеинска храна,
-Ако имате потешки сиптоми Сумамед до две дози + Панцев,
-Парацетамол за симнување температура (некои дозволуваат и бруфен, некои кажуваат дека е штетен).
-Се разбира многу течности

Од клиент кој е производител на чаеви ми ги препорача следните за зајакнување на имунитет: Ајдучка трева, планински чај, диво оригано, мајчина душица и ехинацеа. Со тоа што ми кажа дека првиот од ајдучка трева е одличен, само да не се претерува со многу пиење ако си здрав - по една чаша дневно (или преку ден).

Ете, јас имав лесно патешествие со оваа болест, се надевам вие воопшто нема да имате, а ако имате да ви биде како моето искуство. Ако се заразите не паѓајте психички, не се обвинувајте и не се оптоварувајте со тоа од каде сте закачиле Covid. Ако сте ги почитувале мерките, значи сте направиле се во ваша моќ за да останете здрави.
Вчера на пример, додека пазарев во КАМ една повозрасна жена две-три минути го фаќаше грозјето за да си ги избере најдобрите два грозда. Друга повозрасна жена си ги лижеше прстите за да отвори кеси.
Значи сами од себе си патиме - нашата некултура/недисциплина, нашите политичари кои дозволија глупости и од земја која беше меѓу оние со најрестриктивни мерки несакајќи дојдовме до ситуација која оди кон колективен имунитет.
 
Последно уредено:

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.967
Поени од реакции
35.596
Видете ги Мицковски и Заев бе ... :pos: Првиот обвинува дека Македонија ги губи своите чеда оти овие биле неспособни мафиози, вториот црвен у лице оти се зависи од него и нема спрема кој да покаже прст. :pos:
 
Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
8.648
Поени од реакции
27.969
Видете ги Мицковски и Заев бе ... :pos: Првиот обвинува дека Македонија ги губи своите чеда оти овие биле неспособни мафиози, вториот црвен у лице оти се зависи од него и нема спрема кој да покаже прст. :pos:
Македонија ги губи чедата дека немаат како него 24.000€ да платат у Систина како он што плати за татко му и мајка му
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.812
Поени од реакции
15.735
За вакви бројки и капацитет на клиники и амбуланти, вака треба. Како Словенија или Италија, затворање и ограничување на работно време, а не маска на отворено. Заразите се во затворени простории. И пред 23 часот.

Пред да биде задожителна маска на ОТВОРЕНО треба да се забранат ДРУГИ работи на отворено:
пушење(цигари) , јадење бурек и сл., пиење ( пред коперација)....
 
Последно уредено:
Член од
31 март 2008
Мислења
2.504
Поени од реакции
1.721
Во Франција денес надминавме 52к нови случаи.

Се размислува дали да се воведе карантин преку викенд а преку неделата полициски час од 19 часот, сега засега има полициски час во 51 општина од 21 до 6 сабајлето.

И овде дремеа преку летото и не се подготвија за евентуално зголемување на заразени, зголемија само тестирање.

Со вакво темпо ќе ја поминеме Русија за неколку дена и ќе избиеме на високото 4 место во светски рамки :facepalm:
 
Член од
19 февруари 2011
Мислења
484
Поени од реакции
502

Kajgana Shop

На врв Bottom