Мене Торес и Бишоп ми се кринџфест, а исто и онаа Слоун. Се гледа пробуваат да им дадат некаква фејк длабочина на ликовите, ама тежок флоп.
Памтам пред некоја епизода имаше некој случај таму со некој познаник на Торес што испадна хитмен па го убија и му го решаваа случајот, и Торес као целиот потресен цела епизода се туфка That could have been me, What if I took that road...
What?? Чекај, what? Апсолутна врска немаше тој со Торес освен што биле на обука заедно, тотално различни животни патишта имале после тоа, и ептен глупо беше тука зел некој долгогодишен агент што треба да има некаква стабилност и доверба во себеси се треска што ако тој станел хитмен? Се сомнева чоеков у сопствената етика и морал и цела епизода глеаме како возрасен маж го јаде тотално неоснована и измислена вина.
Такви елементи во серијава ептен ме нервираат, и со Слоун пробуваат такви некои глупости, ама искрено не ми е гајле за луѓево и дали имаат приватни проблеми или мажот ги вара или дале дете на посвојување, лајк ми е гајле, не ме замарајте со шпанска серија моменти.