Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Член од
13 април 2008
Мислења
7.589
Поени од реакции
6.945
Мајка ми од некни се разлоши ептен и заврши во болница. Денес жените во собата земале погача, кршеле и се паднала у неа паричката. Ти ебам животната иронија:icon_mrgr:. Биди ни жива уште сто години мајко оти не ја бива без тебе работата, го ебавме ѓаволот. Имајте убави празници и уживајте децо..:)
 
Последно уредено:
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.186
Поени од реакции
18.000
Драга многу ми се јаки овие религиозниве што слават Коледе со огнови, затоа што тоа е религиозен празник ако си сеуште варварин, т.е. словен од зад карпатите кој сеуште не примил христијанство.

Инаку да не ме разбери некој погрешно јас ја поддржувам традицијата за Коледе затоа што тоа влече корени неколку илјади години уназад.
 
Член од
9 ноември 2017
Мислења
523
Поени од реакции
1.161
Сам сум дома деновиве и иам исклучено се околу мене. Вчера кога си одев накај дома да не сретнев огнови, немаше да знам дека е Бадник. Не битно, сабајле почна да лае нешто кучето, а многу ме пизди кога лае и станувам, излегувам од соба и почнувам да му се дерам како ненормален. Кога уствари сфатив дека лаело по коледарите што чукале. Ептен срам ме фати, не им отворив, си го прибрав кучето кај мене и си легнав пак. :tapp:
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.793
Поени од реакции
33.608
Драга,

Убав ден денес. Се нафатив да го поминам цел в кујна, и спремив скоро се од трпезата. И се изнауживав - ги собрав сите мириси од сѐ што се пече и крчка, ама бар пуштив мозок на пасење и за неколку саати заборавив на сите обврски, грижи и стресови, пред се од работа. Многу одговорности, упм, да полуди човек. Нејсе, не ми беше тоа поентата. Обожувам да слушам божиќни песнички периодов, некако ми ја полнат душата. И зедов, по вечерата, си пуштив Spotify и си слушам Christmas songs дур по дома гледаа глупости на ТВ. Едно стихче од една моја преомилена - lets hope the next beats the last... И одма ме мавнаа некои bad филмови. Како си поминуваат годиниве, упм! Ко до вчера јас дете да бев, а сега израснувам едно. И како расте, на моменти се чувствувам ко душата да ми излегла од телото, се вратила 30-тина години назад и се гледа себеси однадвор. Ко во огледало. Па и тоа: ко вчера да беше кога се роди. Си лета времето, и секогаш во вакви моменти ми доаѓа мислата дека останува се помалку време за да ги впиеш сите убавини од светов. Ќе останат толку места непосетени, толку песни неслушнати, толку книги непрочитани, толку филмови неизгледани, што уште 10 животи малку би ми биле. И така. Се чувствувам тажно, во друштво со некоја порано дојдена средовечна криза, ваљда. И морав некому да кажам. А кој би ме разбрал подобро од некој ко тебе кој само ќе ме ислуша и ќе си молчи?

За многу години, btw!
 

Петра П.

насмевка
Член од
16 јануари 2008
Мислења
2.724
Поени од реакции
6.297
Кајчо,
кој би рекол дека јас некогаш ќе се чуствувам спокојно :) И ми е чудно бидејќи го чуствувам секаде. Не е во прегратка на некој, не е место, не е време. Едноставно чуствувам бескраен спокој и искрено незнам колку е добро...
Исто мислам дека се заљубувам опасно, како секој претходен пат, ама сега изгледа некако многу полесно.
 
Ф

Флеш

Гостин
Абе денеска се вртеше паричка?! .... Јас па мислев дека е на 14ти :toe: Нишо тогаш :nesumjas:
 
Член од
13 септември 2015
Мислења
1.010
Поени од реакции
2.283
Ова со паричето баш иронично,на татко ми му падна пред 3-4 години,купи нова кола и му ја украдоа само што ја зеде,паркирана пред влез и ден денес не се знае ништо :cautious:
 
Член од
26 јуни 2013
Мислења
3.597
Поени од реакции
14.641
Колку значаен дел одигра тој денар од вчера за разлика од останатите 364 дена каде што нема никаква вредност и поим.
 

Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
8.649
Поени од реакции
27.984
Годинава,за прв пат немаше огин кај нас у маало,у Влае.Кумот што му се падна паричката починал само после два дена :(:(:( а ние дури сега рабравме. Искрено,многу се натажив не само за човекот,и огинот ми недостасуваше.Вака како што сме раскарани,поделени тоа беше еден единствен ден у годината кога сите се собиравме обединети и насмеани крај огинот со чашка ракија.
Друго,што да кажам за лугево кои одат у црква за верски празник,а не им се иде.Кај и да
а е ке треба обезбедување да се најмува по храмовите за ред да се створи.У Ѓорче у црквана уште невлезен приметив едно сељачиште буквално пред скалите од влезот ја залепи колата да не паркира подоле па пешки да изодат 200 метри.Влеговме унатре во црквата,застанавме во редот абе влагаат,се туркаат преку ред,мобилни звонат,се довикуваат.Абре луге ако ви се брза и не ви се иде у црква немора да одите.Отишле у црква а им смета гужва и гледаат што побргу да излезат :mad: Секоја година едни те исти проблеми.Па и тие од црквата не научија дека малку се само две места за свеки палење и дека бетер гужва се ствара зашто стално дува ветер и ги гаси свеките па многумина се задржуваат за да ги запалат по 5-6 пат.Ставете еден параван,макар импровизиран,напрајте завет малку раат свеќа човек да запали.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom