Кајгана чита - 2026 edition

  • Креатор на темата Креатор на темата Zlatikevichius
  • Време на започнување Време на започнување

Колку книги мислите дека може да прочитате во 2025?


  • Вкупно гласачи
    35
  • Гласањето ќе се затвори: .
1000038804.jpg

5) Арамиско гнездо - Ѓорги Абаџиев

Исто како во "Пустина", Ѓорѓи и тука го убива својот главен лик, иако после ослободувањето на Дафа, се чинеше дека ќе има среќна завршница.
Арамиско гнездо е исполнет со турцизми. Многу зборови не ми беа познати. Потрошив доста време гуглајќи што значат одредени воени титули кои прв пат ги сретнувам.
Кај Ѓорѓи особено ми се допаѓа начинот на кој тој ги опишува природните елементи.
Штета што господ не го поживеал да ни напише повеќе вакви романи кои се културно богатство.
 
6. Шиндлеровиот лифт - Дарко Цвијетиќ (Или Или, 2025 (прв пат објавен 2018))

1787950559497.png

Краток роман составен од одломки од цел еден свет сместен во мал микрокосмос (или не?) во црвен солитер во (пост)воен Приједор. И еден лифт (марка шиндлер (колку само ме нервираше ова!)) во кој сме сместени ние, читателите. Тој вози, угоре-удолу, со полна брзина, а тебе, чиниш, ќе ти излезат цревата...

4/5
 
20. Screenshot_20260831_214717.jpg
Спаваш ли мирно @Harald e?
Ја начекав на снижување на audible, и сеа тепам по неколку поглавја дневно. Далеку подобра од нејзината филмска адаптација од раните 2000ти.
 
20. Прегледај го приврзокот 486240
Спаваш ли мирно @Harald e?
Ја начекав на снижување на audible, и сеа тепам по неколку поглавја дневно. Далеку подобра од нејзината филмска адаптација од раните 2000ти.
И мене ќе ме поминеш. :D

IMG_3205.png

Јас ја паралелно и читам, не можам само аудио. Ми бега мислата, плус на некои моменти збори многу брзо а на некои е пребавно (зависи ако ми се спие плус), па мора да често шалтам од 1.2х на 0.70х и назад. Книгата ми е како сабтајтлс. Но, ниту на момент не ми има здосадено.

Оваа и I who have never known men ја читам деновиве. Имам деновиве комјут и ќе ја завршам во воз. Иако е 200тина страни се навикнав на глави и паузи, а во оваа и да нема некоја пауза. Како да е наменета во две седења да се заврши.
 
не можам и двете ствари да ги терам напоредно. ми бегаат понекои пасуси (реченица, две) ама така добро е скоцкана што не може да изгубиш редослед. суштината се повторува неколку пати од поглавје до поглавје. Worth every penny.
 
6. И планините одекнаа - Халед Хосеини 5/5

Секогаш ми се интересни за читање делата на Хосеини. Ловец на змејови и Илјада чудесни сонца ги имам прочитано поодамна, па откако ја начекав на добар попуст во Матица, дадов шанса и на третиот негов бестселер - И планините одекнаа.
Хосеини си држи некој патерн во сите негови книги, раскажувајќи го животот на авганистанците низ суровоста на војните на авганистанско тло. Смртта на шахот, војните со советскиот сојуз и комунистичката власт, муџахедините, цивилната војна, американците и на крај шеријат под талибанците. Фокусот често е ставен на тешкиот живот и рестрикциите под исламска власт, особено за жените.
Секој што поддржува војни, треба да прочита некоја од неговите книги за да сфати како за 5 секунди цел живот може да ти се смени, да останеш без ништо.
Оваа книга нема толкав фокус на војните, иако неизбежно и тие заземаат место во книгата, туку го разгледува животот на повеќе различни ликови кои во разчично време (во распон од 40-тина години) живееле во Авганистан.
Девет приказни, кои ќе ја спојат приказната за сиромашно братче и сестриче, кое за пари (за да не заврши како починатиот полубрат, поради ладната зима и немањето дрво за огрев) е продадено на богати познаници кои немаат деца. Приказни за тоа во какви луѓе прераснуваат, во какви услови израснале, опсесивната љубов од родителите од страв да не останат без присуството на своите деца, жртвувањата, пренесување на традицијата на новите генерации растени во сосема поинакви општества, воените профитери итн.
Нешто што малку ми недостасуваше беше приказните да имаа жалку посреќен крај. Се' кога мислиш дека ќе дојде до некоја позитивна пресвртница, ликот за кој е наменета приказната или претрпува некоја лоша случка или се помирува дека тоа е неговиот живот и бесцелно е да ја прави промената која ја посакувал.

И Хосеини приватно дели слична приказна како многу од неговите ликови низ книгите. Во екот на војната, пребегани се во Пакистан од каде што потоа се сели и живее во Америка. Секогаш е критички настроен кон талибанската власт, иако мора да се забележи дека нема некои особени симпатии кон ниту една страна заслужна што Авганистан е во хаос повеќе од половина век. Низ книгата се споменува колку новите генерации растени во Америка, тотално се препуштени на конзумеризмот и западните вредности, што мислам дека е и лична инспирација од неговите деца. Едната ќерка стана трансџендер и јавно го објави тоа, а татко и ја поддржа.
Некаде прочитав дека ко дете оставила ревју на goodreads за книгава, но никаде не успеав да го најдам :D

Го надминав easy прагот, не сум лош :D
7. Хари Потер и каменот на мудроста - Џ.К. Роулинг 5/5

Well, well, well :D
Магично се решив во иста година да ги прочитам Господарот на прстените и Хари Потер. Ми налета пост од еден дечко дека го шитка цел комплет на ново, по цена 20% поефтина од книжариве и веднаш донесов одлука :D
Со оглед на тоа што има повеќе преводи и се сеќавам ко дете дека потчитнував некои прелоши преводи во кои имињата и презинињата беа преведувани буквално, го консултирав @Zlatikevichius дали новиве изданија од Арс ламина се подобри. Откако даде зелено светло, одма ги купив.
Давам 5/5 за идеите на писателката, стварно треба да имаш бујна фантазија за да скоцкаш вакви приказни.
Е сега, за разлика од Господарот на прстените каде што уживав во деталите, првиов дел на Хари Потер ми беше премотување на 1000 приказни на една страна.
Не знам дали е до преводиве или едноставно книгата е ориентирана повеќе за деца. Ептен детски е преводот, што не можам да проценам дали е изгубена убавината на подетсното опишување при преведувањето или едноставно таква е и англиската верзија. Да не се ова некои верзии адаптирани за лектири за основци?
Можеби наредните делови ќе бидат поинакви.
На ова поле останав разочаран. Можеби да ги немам гледано филмовите по 100 пати и прв пат да се среќавав со книгава и приказната во неа, немаше да ми биде толку интересна и ќе ја заборавев за 5 дена.
 
7. Хари Потер и каменот на мудроста - Џ.К. Роулинг 5/5

Well, well, well :D
Магично се решив во иста година да ги прочитам Господарот на прстените и Хари Потер. Ми налета пост од еден дечко дека го шитка цел комплет на ново, по цена 20% поефтина од книжариве и веднаш донесов одлука :D
Со оглед на тоа што има повеќе преводи и се сеќавам ко дете дека потчитнував некои прелоши преводи во кои имињата и презинињата беа преведувани буквално, го консултирав @Zlatikevichius дали новиве изданија од Арс ламина се подобри. Откако даде зелено светло, одма ги купив.
Давам 5/5 за идеите на писателката, стварно треба да имаш бујна фантазија за да скоцкаш вакви приказни.
Е сега, за разлика од Господарот на прстените каде што уживав во деталите, првиов дел на Хари Потер ми беше премотување на 1000 приказни на една страна.
Не знам дали е до преводиве или едноставно книгата е ориентирана повеќе за деца. Ептен детски е преводот, што не можам да проценам дали е изгубена убавината на подетсното опишување при преведувањето или едноставно таква е и англиската верзија. Да не се ова некои верзии адаптирани за лектири за основци?
Можеби наредните делови ќе бидат поинакви.
На ова поле останав разочаран. Можеби да ги немам гледано филмовите по 100 пати и прв пат да се среќавав со книгава и приказната во неа, немаше да ми биде толку интересна и ќе ја заборавев за 5 дена.
8. Хари Потер и одајата на тајните - Џ.К. Роулинг 5/5

Два поста по ред се мои :D
Вториот дел прочитан во еден здив, барем колку што ми дозволува слободното време. Бидејќи слободното време ми е само она пред спиење, останав максимално ненаспан овие денови. Дури и грижа на совест ме фати што за 3-4 дена ја прочитав книгата и целосно се препуштив на нејзината приказна. Толку бев задлабочен што веќе не ми сметаше малку подетскиот начин на пишување. Сум ја подзаборавил малку приказната од вториот дел, доволно да копнеам да дознаам што ќе се случи следно. Браво, одлична имагинација на писателката. Верувам дека наредните делови ќе ми бидат уште поинтересни.
 
8. Хари Потер и одајата на тајните - Џ.К. Роулинг 5/5

Два поста по ред се мои :D
Вториот дел прочитан во еден здив, барем колку што ми дозволува слободното време. Бидејќи слободното време ми е само она пред спиење, останав максимално ненаспан овие денови. Дури и грижа на совест ме фати што за 3-4 дена ја прочитав книгата и целосно се препуштив на нејзината приказна. Толку бев задлабочен што веќе не ми сметаше малку подетскиот начин на пишување. Сум ја подзаборавил малку приказната од вториот дел, доволно да копнеам да дознаам што ќе се случи следно. Браво, одлична имагинација на писателката. Верувам дека наредните делови ќе ми бидат уште поинтересни.
Одајата на тајните и Пламенот Пехар се моите омилени.
 
8. Хари Потер и одајата на тајните - Џ.К. Роулинг 5/5

Два поста по ред се мои :D
...
Па нормално се твои, види не' мене и @wot многу амбициозно влагаме со книгиште од 900тина страни. Дури и да е audiobook тоа ти е ко Game of thrones да ја почнеме на први јануар и со бинџање да ја завршиме у 19ти април. :D
Покрај Монте Кристо, си зададов уште една задача, мало повторување од средно и поврзување од претходнопрочитаната (ислушаната де) на Stephen fry. Ја почнав Одисеја на Хомер - едно одлично издание, до сега оди глатко, ама сакам да си ја дигестирам пополека, а не како у средно со некоја „скратена верзија“.
798688097_18623282986051437_4297606329995006718_n.jpg
 
4. Кога цветаа тиквите – Драгослав Михаиловиќ (Темплум)
Прегледај го приврзокот 482038

Книга без големи пресврти, но со сурова реалност која не се обидува да ги разубави работите ниту да ги оправда. Насилството, сиромаштијата и неправдата се прикажани без патетика, а ликовите се доволно реални за лесно да поверуваш дека навистина постоеле. Општество во кое силата често е поважна од правдата, во кое сликата што другите ја имаат за некого е поважна од вистинскиот човек, општество во кое системот лесно го крши поединецот и каде околностите знаат да го одредат неговиот животен пат.
Романот го следи животот на Љуба Сретеновиќ, млад боксер од белградски Душановац, кој расте во сурова средина исполнета со насилство и неправда. Низ неговата приказна се обработуваат теми како созревањето, пријателството, љубовта, но и судирот на поединецот со системот и последиците од погрешните избори.

Не е лесна книга за читање, но е една од оние што долго остануваат во мислите. Мене ми беше особено интересно што и покрај целата суровост, романот не ја губи човечноста и постојано потсетува колку околината и времето во кое живееме можат да го обликуваат човекот. Топла препорака за секој што сака реалистични романи со силна општествена порака.

5. Дипломец – Чарлс Веб (Темплум)

Прегледај го приврзокот 482039
Лесен роман за љубовен триаголник и кризата на еден млад човек по завршувањето на факултетот. Книгата одлично ја доловува збунетоста што доаѓа кога одеднаш од тебе се очекува да знаеш што сакаш од животот. Притисокот од семејството, очекувањата на околината и чувството дека сите имаат план за твојата иднина, освен ти самиот, се теми со кои секој или се соочува самиот или некојгаш се соочил со нив.

Романот го следи Бенџамин Бредок, млад дипломец кој по завршувањето на факултетот не знае што понатаму. Во обид да се пронајде, влегува во низа комплицирани односи што дополнително го оттурнуваат од одговорите што ги бара. Низ неговата приказна се обработуваат теми како созревањето, идентитетот, љубовта и судирот меѓу личните желби и очекувањата на општеството.

Не е книга што ќе понуди одговори на сите прашања, но токму затоа остава простор читателот сам да размисли. Топла препорака за секој што сака романи за созревање, напишани со доза на хумор, иронија и многу животни дилеми.
6. Стакленото ѕвоно – Силвија Плат (Три)
1755086994staklenoto-dzvono-1-730x1000.jpg

Роман за една млада жена која постепено се оддалечува од светот околу себе и се обидува да најде начин да се справи со сопствените мисли и избори, очекувањата што таа ги има за себе и со очекувањата кои другите ги имаат од неа. Книгата многу искрено ја прикажува осаменоста, притисокот да бидеш успешен и чувството дека животот продолжува, додека ти стоиш во место. Приказната ја следи младата студентка Естер, која добива престижна пракса во Њујорк, но наместо очекуваната среќа, се соочува со чувство на празнина и збунетост. Нејзината приказна постепено станува потемна и нè внесува во нејзината борба со сопствената психичка состојба.
Не е лесна книга, но е напишана многу искрено и без разубавување. Мене ми беше интересно што Плат успева една многу лична приказна да ја направи препознатлива за секој што некогаш се почувствувал изгубено. Топла препорака за оние што сакаат интимни и искрени романи.


7. Волга, Волга – Миљенко Јерговиќ (Антолог)
volga-volga.png
Романот ја следи приказната на еден човек кој тргнува на патување со стара „Волга“, а патувањето постепено станува многу повеќе од обично возење. Низ спомените и приказните за луѓето што го опкружуваат се откриваат лични и семејни трауми, кои оставиле длабоки последици.
Првпат читам нешто од Јерговиќ и ми се допадна начинот на кој од една навидум едноставна идеја (главниот лик секој петок да патува од Сплит до Ливно и назад за молитва) постепено гради приказна за цела една генерација. Приказната се отвора полека, без брзање, а настаните и ликовите постепено ни откриваат сè повеќе за времето и луѓето за кои пишува. Топла препорака за оние што сакаат реалистични романи од нашите простори.

7. Странецот – Албер Ками (Три)
1706696742stranecot-1-730x1000.jpg
Книга за апсурдот, отуѓеноста, рамнодушноста... која отвора многу повеќе прашања отколку што дава одговори. Приказната го следи Мерсо, човек кој на смртта на својата мајка реагира поинаку од она што општеството го очекува. Неговата рамнодушност и одбивањето да се преправа дека чувствува нешто што не го чувствува го прават туѓинец во очите на другите. По едено убиство, неговиот живот целосно се менува и тој се соочува со последиците од своите постапки.
 
14. Проклета авлија - Иво Андриќ - 7/10

Второ мое прочитано дело од Андриќ, после “Мостот на Дрина“. Тука дејството се одвива во затвор и опфатени се приказни кои се раскажани таму. Навидум книгата е за затвор и како тоа човек може да биде неправедно затворен поради тоа што отстапува од општественото “нормално“, но книгата носи многу поголема порака и опфаќа многу поголема идеја за затвореност отколку онаа затворската. Не е важно дали си невин или виновен, туку дали се вклопуваш во системот или не. Во денешно време можеме да повлечеме паралела на тогашниот режим кој затвара со политичка партија или пак со системот кој не води или едноставно со денешна Македонија. Не се добредојдени луѓе кои истражуваат, кои си го пикаат носот “каде што не треба“ и бараат одговори за нештата, кои сакаат да знаат нешто повеќе, добредојдени се покорни луѓе, кои се слепи послушници на режимот. Дали носат господата турбан или одело или пак дали градот е Скопје или Истанбул, всуштинските работи не се сменети, џабе се поминати векови и џабе имаме илузија на слобода. И сега паметните луѓе се најголем проблем во општеството, и сега имаме злоупотреба на моќ, и сега нелогични пресуди... Ми се допаѓа кај Андриќ тоа што опфаќа историски преданија, но и ликови кои вистински постоеле, а нивниот живот и дејствување се во голема мера плод на имагинацијата и литературната слобода на авторот. Го забележав тоа и во “Мостот на Дрина“, го забележав тоа и тука, константно пловење меѓу минатото и сегашноста, интересни приказни кои не оставаат рамнодушен. “Мостот на Дрина“ ми беше подобра, повеќе магија имаше целата атмосфера, но и “Проклета авлија“ е квалитетно дело.
15. Дервишот и смртта - Меша Селимовиќ - 8.5/10

Иако на делови се мачев, особено првиот дел ми беше доста тежок за читање, сепак книгава е ремек дело. Како што веќе спомнав, книгата е поделена во 2 дела, првиот дел ги опфаќа настаните кога Ахмед пробува да го ослободи својот брат и верува во некој систем, вредности, правда. Вториот дел е кога Ахмед (дервишот) се соочува со реалноста. Всушност “смртта“ во насловот најмалку алудира на физичка смрт, многу повеќе го претставува процесот на губење на личноста, на се во што се верува, гаснење на надежта, гаснење на моралните начела, соочување со реалноста во која се е изгубено. Една од главните идеи на книгата според мене е “Животот е круг“, главниот наш јунак дочека да е од двете страни на законот. Исто така, уште една идеја која ми се јави читајќи ја книгата е онаа “бетменовата“: "Either you die as a hero or live long enough to become the villain". И трета идеја која ми се провлекува низ книгата е онаа “Батерфлај ефект“, како ако во минатото сме избрале некој друг пат, се ќе било поразлично и ништо од ова моменталното немало да се случи, па и целиот процес на мечтаење и “what if“ прашања, оваа идеја се јавува во завршните моменти на романот. Книгата сама по себе бара внимание, лесно може да се зазгуби човек во неа, бидејќи имаме чести размислувања, дијалози со самиот себе, мисли кои поминале и требало да се кажат во дијалогот но не се кажале, минато, сегашност, мечтаење, јавување на совеста, морални расудувања итн. Топла препорака, ова е на самиот врв на југословенската литература.
 
Последно уредено:
Back
На врв Bottom