Invisible Force
Is with me
- Член од
- 29 јули 2021
- Мислења
- 6.290
- Поени од реакции
- 10.970
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
10. Тетка Хулија и скрибоманот - Марио Варгас Љоса - 6.5/109. Авантурите на лошото девојче - Марио Варгас Љоса - 9.5/10
Феноменална книга. Прва моја прочитана книга од Љоса, во многу аспекти ме потсети на “Љубов во време на колера“ од Маркес, книга во која исто така многу уживав. Дефинитивно има нешто посебно кај авториве од Јужна Америка, магични ми се сите патувања низ времето, опфаќање подолги периоди од детството до староста, главен фокус на љубовта, упорноста. Во романот главен протагонист е Рикардо - “Доброто момче“, од Лима, Перу, кој опсесивно се вљубува во една жена со безброј имиња “Лошото девојче“. На една страна го имаме Рикардо, романтичар во душата, човек кој е спремен се да направи за љубовта да му биде возвратена на истиот начин на кој ја пружува, човек кој е спремен да прости секогаш и човек кој целата среќа ја базира врз тоа дали е заедно со девојката. Од друга страна, ја имаме “Лошото девојче“, жена на која Рикардо и е специјално драг и и значи, но секогаш примарна цел во животот и е да биде богата и да избега од сиромаштијата, таа цел е пред љубовта и приоритетите не се менуваат и покрај силната упорност и пружена љубов од страна на Рикардо. Двајцата се наоѓаат на различна фрекфенција и имаат различни сфаќања за љубовта, среќата и успех во животот. Романот е за опсесијата, која често е скриена зад зборот “љубов“, за тоа како некогаш свесно сакаме и прифаќаме, па дури и уживаме во тоа да сме манипулирани. Приказната опфаќа период на герилските акции во Куба, диктатурата во Перу, хипиците во Париз и Лондон, така да навистина уживав во сите историски лекции, како и во сите пејсажни описи на градовите кои се споменети. Книгава ми беше особено драга, бидејќи Перу ми е меѓу омилените држави уште кога знам за себе, дали поради Мачу Пикчу, или лесното име на главниот град, можеби поради една песна “Кај има Лима“ што е тотално неповрзана со градот. После делово уште толку ми се зголеми љубовта за Перу, кој знае можеби и јас еден ден ќе се најдам во Мирафлорес и населбите, градовите спомнати во книгата. Топла препорака секому!
Цццц од коа се неам пишано тука...После решени неколкумина случаи со Поаро, се вратив на „coming of age" жанрот, поточно со насловот The outsiders на S. E. Hinton кој подоцна добива и своја екранизирана форма.
Прегледај го приврзокот 471930

) - Иво Андриќ 5/5 - у топ 3 прочитани до сега

11. Смрт на Андите - Марио Варгас Љоса - 7.5/1010. Тетка Хулија и скрибоманот - Марио Варгас Љоса - 6.5/10
Книга од која имав малку поголеми очекувања, која доста ветуваше, но на крај свесно го остава читателот со прашалници и без некој јасен заклучок, што не ми се допадна баш. Интересна е целата идеја, Љоса паралелно раскажува две приказни, една делумно автобиографска негова лична во која се заљубува во сестра на својата тетка, која е значително постара од него (и од главниот јунак во книгата Марио), а друга преку радиодрамите на скрибоманот Камачо, чии приказни се независни и ликовите не се поврзуваат меѓусебно, но понатаму како што напредува книгата истите се мешаат и испреплетуваат на чуден начин. Ми фалеше малку поетска, книжевна големина во книгата, ја немаше магијата што ја имаше во 'Авантурите на лошото девојче'. Освен тоа, книгата доста лесно се чита, држеше внимание, но и не беше некоја книга да ги голташ буквите и да те тера да размислуваш на неа секој миг дур не се дружите. Имаше многу интересни ликови со одредени крајности во карактерните особини, кои може да се сретнат во нашите секојдневиа, барем со по некоја иста навика или особина како ликовите од книгата. Исто интересен ми беше делот да читам за ривалствата меѓу Боливија и Аргентина, за чудните навики и обичаи во земјите во јужна Америка и такви споредни детали. После ова, од него би ја читал и “Смрт на Андите“ и би направил пауза, бидејќи најдобрите и најпознати негови дела не се преведени на македонски.
4. Кога цветаа тиквите – Драгослав Михаиловиќ (Темплум)3. Гордост и предрасуда - Џејн Остин (Арс Ламина)
Прегледај го приврзокот 471359
Не очекував дека ќе ми е интересна и ќе ми го задржи вниманието. Можеби по интересно ми беше да се следи односот меѓу ликовите и односот меѓу благородниците (или подобро кажано меѓу нијансите на благородништвото) и да се научи нешто за него во дадениот историски период, отколку главната тема, мажачките на сестрите Бенет. Дејствието ги следи сестрите Бенет (пред се Елизабет Бенет), кои се во потрага по вереник/момче, по можност богат за да можат да го продолжат истиот животен стил на висока нога, бидејќи имаат мало наследство.
За книгата да се разбере, или треба да имате големо познавање за историскиот период во кој се одвива (кое јас го немам), или после читањето да гледате многу Youtube видеа и да читате "есеи" за да ја разберете (кое јас го правев). Ако некој ја читал или ја чита ќе ви ја препорачам Ellie Dashwood на Youtube доколку сакате да ја разберете суштината и се што пропуштивме ние кои читаме превод и кои немаме никаква допирна точка со Англија во раните 1800ти.
ПС. Би сакал само едно недоразбирање накратко да разјаснам, бидејќи доста често го видов/прочитав, а се должи на тоа дека, такви закони/начини на наследство овде ние немаме, а со тоа ги немаме и зборовите и термините за тоа. Кај нас наследство е наследство и точка. Од тука сакам да кажам само дека, сестрите Бенет не можат да го наследат имото на татко им, бидејќи така одлучило семејството (најверојатно г-дин Бенет и неговиот татко). Имотот не е лично негов, туку е фамилијарен и може тој да го користи доживотно, но не смее да му ја намали неговата вредност. Во договорот за наследство е предвидено да го наследи неговиот син, кој никогаш не се родил и во тој случај ако нема син имотот ќе му припадне на г-дин Колинс. Немало никаква законска пречка неговите ќерки да го наследат имотот, како што често се пишува, затоа што биле женски, туку затоа што така било договорено од претходната генерација, како што напишав најверојатно меѓу г-дин Бенет и неговиот татко. Жените во тој период можеле да поседуваат и наследуваат имот. Пример леди Кетрин и нејзината ќерка. Едната во моментот е сопственичка на имотот и ги добива приходите, а другата ќе го наследи.


Прекрасен роман! Ова беше романот со кој сфатив дека многу малку читаме балканска/екс ју книжевност. Јас пред него освен по нешто од класиците: Андриќ, Селимовиќ, Ќопиќ... друго немав читано ништо. По него си зададов задача да читам многу повеќе и така ги "открив" Миљенко Јерговиќ, Кристиан Новак, Зоран Фериќ, Горан Војновиќ... Има многу добри автори на Балканот и многу добра литература која за жал честопати останува на страна.4. Кога цветаа тиквите – Драгослав Михаиловиќ (Темплум)
![]()
Книга без големи пресврти, но со сурова реалност која не се обидува да ги разубави работите ниту да ги оправда. Насилството, сиромаштијата и неправдата се прикажани без патетика, а ликовите се доволно реални за лесно да поверуваш дека навистина постоеле. Општество во кое силата често е поважна од правдата, во кое сликата што другите ја имаат за некого е поважна од вистинскиот човек, општество во кое системот лесно го крши поединецот и каде околностите знаат да го одредат неговиот животен пат.
Романот го следи животот на Љуба Сретеновиќ, млад боксер од белградски Душановац, кој расте во сурова средина исполнета со насилство и неправда. Низ неговата приказна се обработуваат теми како созревањето, пријателството, љубовта, но и судирот на поединецот со системот и последиците од погрешните избори.
Не е лесна книга за читање, но е една од оние што долго остануваат во мислите. Мене ми беше особено интересно што и покрај целата суровост, романот не ја губи човечноста и постојано потсетува колку околината и времето во кое живееме можат да го обликуваат човекот. Топла препорака за секој што сака реалистични романи со силна општествена порака.