Аоооо, и јас исто! Ко ќе лупне некој: „Денес ти е роденден“. WOOOOW, фала што ме просветли, јас не знаев. И не само тие, туку и оние што ставаат стикери или што испраќаат сликички за да честитаат празник некому - штом толку ги мрзи 3 збора да напишат: „за многу години“, не ни сакам да ми честитаат!
На темата - дефинитивно магариња не треба да слават роденден. Што славиш, што си една година поблиску до гробот? Па уште кафани, певаљки, пијачки, ко свадба да се десила, упм! Ај, разбирам да е некој јубилеен роденден, шо знам - 40, 50, 60... Ама да славиш во кафана 37 роденден и да се начукаш ко гојдо оти си една година поблиску да рипнеш в ковчег... Немам коментар. А имам блиски луѓе што прават така, дури и незгодно ми е да им одам на родендените. Јас си нарачувам секогаш само торта, за да можат децата да се радуваат, да дуваат свеќички. Секогаш ми цртаат честитки што ги обожавам и си ги чувам. И тоа е тоа. Последен пат роденден со журка, со славење мислам дека како студент беше, на 22, 23 години. Од тогаш не сум славел. Ама од друга страна пак - сакам да подарувам и сакам да добивам подароци. До душа тоа не мора да е само за роденден и со било каков повод, секогаш подеднакво се радувам на подароците, а најмногу на тие најмалите, како честитките на моите, зашто знам дека се од срце.