Dumbledore
...
- Член од
- 24 октомври 2013
- Мислења
- 12.333
- Поени од реакции
- 27.461
And kids, this is how i lost my vacation. 
Со оглед на тоа дека, пополека, навлегуваме во празничката атмосфера, ќе одам со една поведра, повесела тема...човештвото не треба да постои!
Од Гледа-месечина, па се до ден денес, хоризонталната историска линија е полна со војни, крв, смрт. Плакетата ја носат освојувачите, кои спијат на планина изградена од тела. Човекот на оваа планета се однесува како странец, како оваа планета да му е привремена постојка, каде може под својата чизма на апсолутизмот да го стави под целосна контрола секој еден животен сегмент.
И пишаните и материјалните историски извори ни говорат за тоа, со доаѓањето на човекот на „новите“ континетни значело истребување на цели видови животински свет. Не само за прехрана, туку и за воен трофеј и козметика. Средбата меѓу културите резултирала со реки крв поради стремежот на екслоатација на ретките метали, ширењето на империјата и верувањата за кои истата се залага. Стариот континет бил навикнат на црвените реки, каде во континуитет, со векови, се слуша звукот на челикот. Истото се случува брагодарение на религијата, поточно преку нејзината злоупотреба, која исклучително служи за контрола на поведението на човекот.
И модерните времиња не се светла историска точка. Иако имаме прогресивно движење на хуманистичките идеи, потпишување на конвенции за унапредувања на правата, социјални стремежи, политики на отворен пазар, како и константен технолошки и научен прогрес со кој треба да се олесни и подобри животот на човекот, сеуште чувствуваме глад за експанзија. Ги уништуваме белите дробови на планетата, ги загадуваме водните пространства, а животните сеуште ги користиме во експериментални цели за некоја надморална цел. Светот сеуште е полн со војни, со очај, со глад. Алатките за самоодбрана ги користиме за туѓа штета, од година во година рушиме негативни рекорди во убиства, насилства и силувања. Правниот поредок пушта корења во секој општ животен сегмент, имаме преураменост на општествениот живот која ни го диктира начинот на живот. Човекот сеуште има извесен степен на слободна волја, но истата е значително потиштена и ограничена.
И сеуште сме во борба за ресурси, кои можеме да ги добиеме со хартија која има номинална вредност. Таа номиналност има одредена куповна моќ која ја контролира институција над која немаме контрола. Дури и да воспоставиме контрола, не можеме да влијаеме на надворешните фактори, како рецесијата. Животот ни поминува во трка со времето, кој ќе добие односно стекне повеќе хартија за да преживее. Веќе и хартијата стана нематеријален сегмент, виртуелна, која не полежи на регулација.
Човекот прави и просторна експанзија, која креира значителни еколошки проблеми. Градовите се шират на сметка на природата. Лошото просторно планирање резултира со непроценливи здравствени последи по секој од нас. Она што го издвоило Гледа-месечина од сите останати суштества, интелектот, претежно плодовите од истиот ги користиме да штета, отколку за корист.
Дали човештвото, во оваа форма, треба да постои?
пи.ес. По мене е @мкд владе , уредно тагнат, ИО ќе пресече кога да даде тема.

Последно уредено од модератор: