- Член од
- 11 октомври 2010
- Мислења
- 7.415
- Поени од реакции
- 26.103
5) Виенски Гамбит - @Анде Јанков
Секогаш се спремав да му пишам на Анде еден единствен коментар за првите три книги од серијалот кои ги купив, ама ми испадна голем проект последниве 6 месеци кој ми го одзема сето време (освен она за гејмање
) па не успеав да ја завршам втората од серијалот со Виктор Николов иако една третина е веќе помината.
Разочарувачки од моја страна да се оставам само на 5 ама тоа е што е. Конечно завршив со проектов, да се олабавам периодов и ќе почнам полека да ја чистам полицата која е преполна со непочнати книги. Сигурно имам најмалку 10 кои се купени веќе долго време и не се воопшто отворени.
Во врска со Виенски Гамбит, би и дал една тројка на скалата до пет.
Според мене кругот на осомничени е многу мал па така и твистот на крај не е шокантен. Друга работа која не ме освои беше професијата на жртвата. Мислам дека убиство на слугинка во детективски романи припаѓа на некое минато време.
Иако барав наша верзија на Шерлок Холмс, првата книга од серијалот е сместена во Виена. Кога зборам за наша верзија на Шерлок Холмс мислам на дејствие кое ќе се одвива на скопските улици, скопските полициски станици и бетонските згради (ова го има во вториот дел) кои му даваат посебен шмек на криминалното дејствие особено ако си го замислиш Скопје такво магловито, темно како што знае да биде. Но, пред некоја година бев во Виена и имав можност убаво да прошетам па така ова не претставуваше проблем. Виена е модерен и убав град ама има темни улици. Ми се допадна и како Анде ги има поврзано сите карактери. Од жртвата до главниот осомничен до виенската инспекторка и главниот лик Виктор сите се одлично вклопени во приказната. Мислам дека и во првиот серијал Анде остава простор за Карен да се појави пак во некој друг серијал, или можеби веќе се појавила, но тоа ќе дознаеме наскоро затоа што имам план да ги прочитам сите 5 книги од серијалот.