Кајганџиски книжевен предизвик за 2025 година

  • Креатор на темата Креатор на темата Zlatikevichius
  • Време на започнување Време на започнување

Колку книги сметате дека може да прочитате во 2025?


  • Вкупно гласачи
    34
  • Гласањето е завршено на .
5) Виенски Гамбит - @Анде Јанков

Секогаш се спремав да му пишам на Анде еден единствен коментар за првите три книги од серијалот кои ги купив, ама ми испадна голем проект последниве 6 месеци кој ми го одзема сето време (освен она за гејмање :icon_lol: ) па не успеав да ја завршам втората од серијалот со Виктор Николов иако една третина е веќе помината.
Разочарувачки од моја страна да се оставам само на 5 ама тоа е што е. Конечно завршив со проектов, да се олабавам периодов и ќе почнам полека да ја чистам полицата која е преполна со непочнати книги. Сигурно имам најмалку 10 кои се купени веќе долго време и не се воопшто отворени.

Во врска со Виенски Гамбит, би и дал една тројка на скалата до пет.
Според мене кругот на осомничени е многу мал па така и твистот на крај не е шокантен. Друга работа која не ме освои беше професијата на жртвата. Мислам дека убиство на слугинка во детективски романи припаѓа на некое минато време.

Иако барав наша верзија на Шерлок Холмс, првата книга од серијалот е сместена во Виена. Кога зборам за наша верзија на Шерлок Холмс мислам на дејствие кое ќе се одвива на скопските улици, скопските полициски станици и бетонските згради (ова го има во вториот дел) кои му даваат посебен шмек на криминалното дејствие особено ако си го замислиш Скопје такво магловито, темно како што знае да биде. Но, пред некоја година бев во Виена и имав можност убаво да прошетам па така ова не претставуваше проблем. Виена е модерен и убав град ама има темни улици. Ми се допадна и како Анде ги има поврзано сите карактери. Од жртвата до главниот осомничен до виенската инспекторка и главниот лик Виктор сите се одлично вклопени во приказната. Мислам дека и во првиот серијал Анде остава простор за Карен да се појави пак во некој друг серијал, или можеби веќе се појавила, но тоа ќе дознаеме наскоро затоа што имам план да ги прочитам сите 5 книги од серијалот.
 
04. The Leftovers - Tom Perrota

Прегледај го приврзокот 464686


Мислам дека ова ми е првата книга која е послаба од својата екранизација. Серијата си беше 10/10, овде останав разочаран.
Во еден момент, ненадајно исчезнува 2% од светската популација. Романот опфаќа 2 семејства погодени од оваа трагедија. Градоначалникот Кевин заедно со неговите 2 деца и жена му - не губат никој но жена му Лора се приклучува кон секта. Нора Дурст која го загубила целото семејство - мажот и 2те деца. Сектата кон која се приклучува Лора е создадена со цел да припомни за несреќата. Имаат неколку правила од кои: мора да бидат облечени во бело, да пушат, да одат по двојки, прават заклетва за молк. Погодена од напуштањето на мајка и, ќерката Џил, се впушта во се обратно од она што го живеела пред тоа. Синот Том прекинува секаков контакт со домашните и постојано се мести од едно на друго место како член на движење, заедно со бремената девојка Кристин. Нора се обидува да го продолжи животот сосема сама, додека не го запознае Кевин. Двајцата бараат утеха во целиот тој хаос.
Книгава е многу лоша. Признавам дека последните страници ги читав површински. Иако идеата и насловот на книгата е да се занимаваат со мистеријата и изчезнувањето на луѓето, овде гледаме еден обичен љубовен роман со споредни ликови. Апсолутно разочарување. За разлика од неа, серијата, како што кажав, нуди секаква мистерија, интриги и слично. Гледајте ја ако ја немате.

2/5


Годинава во читателски план разочарав. Само 4 книги.
Штета ја тргнаа серијата од hbo.
 
5) Виенски Гамбит - @Анде Јанков

Секогаш се спремав да му пишам на Анде еден единствен коментар за првите три книги од серијалот кои ги купив, ама ми испадна голем проект последниве 6 месеци кој ми го одзема сето време (освен она за гејмање :icon_lol: ) па не успеав да ја завршам втората од серијалот со Виктор Николов иако една третина е веќе помината.
Разочарувачки од моја страна да се оставам само на 5 ама тоа е што е. Конечно завршив со проектов, да се олабавам периодов и ќе почнам полека да ја чистам полицата која е преполна со непочнати книги. Сигурно имам најмалку 10 кои се купени веќе долго време и не се воопшто отворени.

Во врска со Виенски Гамбит, би и дал една тројка на скалата до пет.
Според мене кругот на осомничени е многу мал па така и твистот на крај не е шокантен. Друга работа која не ме освои беше професијата на жртвата. Мислам дека убиство на слугинка во детективски романи припаѓа на некое минато време.

Иако барав наша верзија на Шерлок Холмс, првата книга од серијалот е сместена во Виена. Кога зборам за наша верзија на Шерлок Холмс мислам на дејствие кое ќе се одвива на скопските улици, скопските полициски станици и бетонските згради (ова го има во вториот дел) кои му даваат посебен шмек на криминалното дејствие особено ако си го замислиш Скопје такво магловито, темно како што знае да биде. Но, пред некоја година бев во Виена и имав можност убаво да прошетам па така ова не претставуваше проблем. Виена е модерен и убав град ама има темни улици. Ми се допадна и како Анде ги има поврзано сите карактери. Од жртвата до главниот осомничен до виенската инспекторка и главниот лик Виктор сите се одлично вклопени во приказната. Мислам дека и во првиот серијал Анде остава простор за Карен да се појави пак во некој друг серијал, или можеби веќе се појавила, но тоа ќе дознаеме наскоро затоа што имам план да ги прочитам сите 5 книги од серијалот.
Фала лепо на мислење. Тука сме со мнение за книгава, од оваа гледна точка и јас не и давам повеќе од 3.5 хехех. Баш ме интересира скопскиот дел од приказната (Сигурен ризик, Само Бог простува и Кобајаши Мару како ќе ти легнат). Мементо Мори е претежно во Загреб сместена.
 
...
Разочарувачки од моја страна да се оставам само на 5 ама тоа е што е. Конечно завршив со проектов, да се олабавам периодов и ќе почнам полека да ја чистам полицата која е преполна со непочнати книги. Сигурно имам најмалку 10 кои се купени веќе долго време и не се воопшто отворени.

....
Најмалку 10 (со зборови - ДЕСЕТ)...
пфхахахахахахахахаха!

Прашај ме мене што експоненционално ми се шири купчето на купени книги наспрема прочитани ко анусот на @Византиецот кога ќе види како се делка краставец за таратор. Така да, да не ти е криво - ќе ги стопиш тие 10тина ко алва.

На темава:

14. Кон езерото - Капка Касабова (Или-или издание) 5/5
15. The painted veil - W. Somerset Maugham 4.5/5
16. 1356 - Bernard Cornwell 4/5
17. The end of your life book club - William Schwalbe 3.5/5

18. Ветрот ми го знае името - Изабел Аљенде.
Убаво книже но мислам дека Долгата реса ѝ е ненадмнинлива. 3.5/5
19. Dead man's folly - Agatha Christie.
Триесетиот роман со Поаро прочитан. Уште девет остануваат. 4/5
 
4. Тарас Буљба - Н. В. Гогољ (Мисла)
IMG_7440.jpeg
“Мотивиран” од случувања во Украина и моменталните борби во Запорошката област решив да ја прочитам “Тарас Буљба”. Приказна за машкоста, честа, патриотизмот, борбениот дух, но и за предавството. По завршувањето на школо во Киев синовите на Тарас Буљба се враќаат дома, но Тарас веднаш по враќањето ги поведува во Запорошката Сеча, да ги научи да се козачки борци и да ги воспита со козачки вредности. Од таму, кога се му се укажува можност, тие заминуваат во борба против Пољаците…
Интересна новела која вреди да се прочита, ако некому го интересера украинската историја, народите кои таму живееле, културата, верувањата, итн.
Додека ја читав, единствено не ми беше јасно зошто делото некогаш било лектира кај нас. Нема некоја историска поврзаност со нас (или со некој друг југословенски народ), и полн е со омраза кон несловенските и неправославни народи, како пољаци, евреи, татари, турци, итн…

5. Зора зад аголот - Димитар Солев (Арс Ламина)
IMG_7482.jpeg
Нема многу што би напишал. Хроника на едно Скопје кое сите ние, без разлика дали сме од Скопје или не, го романтизираме и го замислуваме со посебна носталгија. Ликовите прекрасно опишани, прекрасно опишано како тие едни со други се поврзани и преплетени. Must read според мене.
 
Веројатно мојата последна прочитана книга за годината, што ќе ги направи вкупно 7 книги за 2025 година.

Гордост и Предрасуда - Џејн Остин

Романтичен роман, кој сеуште е екстремно популарен и досега има неколку филмски адаптации.

Главниот лик е Елизабет Бенет и додека не е таа наратор, приказната ја следи неа, па така читателот на крајот на романот ќе разбере дека самата главна хероина не е толку веродостојна, всушност многу греши. Но, интересно е и да се следи нејзиниот раст во карактерот, покајание, и подобрување.
Таа го започнува романот запознавајќи не со нејзиното семејство, г Бенет кој е повлечен, но строг, г-ѓа Бенет која е нејзината напорна мајка, и нејзините 4 сестри, од кои најстара е Џејн.
Така, еден ден, нивните животи ќе се променат кога во нивното место ќе се населат љубезниот г. Бингли и неговите сестри, и со неговиот горделив пријател г. Дарси.

Љубовта која се јавува кај ликовите не е на прв поглед, не е идеална, но со време и со меѓусебно разбирање прераснува во вистинска нераскинлива поврзаност.

Во романот ми недостигаа подетални описи на физичкиот изглед на ликовите, тоа беше нешто на кое веќе навикнав кај претходните книги. Романот е исто така добар прозор низ минатото и социјалните норми на луѓето од тоа време.
Традициите се многу важни за сите, и нивно прекршување не значи срам само за една личност од семејството, туку за сите роднини значи идни намалени шанси за брак. Колку и да се напорни родителите мораат да се трпеливи децата со нив, но не само децата, и другите мораат да ги почитуваат и да бидат тивки без разлика колку и да не знаат што зборуваат.
4/5
 
Последно уредено:
7. Град во облаците - Ентони Дор (5/5)

Или поточно 10/10 за Cloud Cuckoo Land :D
Прекрасна книга, мило ми е што и дадов шанса, иако периодов немам толку време за книги со толкав број на страници.
Дел од книгата ме потсетува на приказната за Сараевската хагада, бидејќи и таму имаме фиктивна приказна за "патот" по кој хагадата се зачувала од нејзиното креирање до денес. Ентони Дор црпел инспирација од повеќе историски дела, а во основата е некое дело на старогрчкиот писател Антониј Диоген. Дело кое било копија од некое писание од војник од четата на Александар Македонски кој го препишал од 24 плочки кои ги нашол закопани под надгробна плоча со примамлив текст. Се следи текот на зачувувањето и препишувањето на приказната за еден овчар кој мечтае и тргнува по потрага за градот во облаците каде што желките на грбот носат медени колачиња, низ реките тече вино и никој не страда. Приказната се следи низ призмата на 5 различни личности кои живеат во различна доба од историјата и текстовите посветени на секој од нив се одвиваат наизменично по временски нелинеарен редослед. На некои им пречи тоа при читањето, бидејќи се движиме напред-назад низ времето и треба да се навраќаш по страниците и особено што чим дошло до интересен заплет на приказната на некој лик, се преминува на другите ликови и се враќаш назад по 30 страници :D
Ана и Омер се ликови кои живеат во 15 век, во времето на султановиот напад врз Константинопол. Ана е пргаво девојче кое живее од едната страна на градските ѕидини, заштитена во женски манастир, заинтересирана да се образува. Омер е момче грдосија, кое турците го сметаат дека носи несреќа. Благодарение на неговата љубов кон животните и неговите расни волови, завршува во султановата поворка која ита во освојувачки поход на Константинопол. Не можам да не уживам во сите историски детали кои се обидел да ги опфати Ентони во приказната за овие две млади деца, кои ќе ја откријат книгата во која некој ја запишал приказната.
Зино е старец во сегашноста (2020 година) кој по трауматичното заложништво во корејската војна, се враќа стихијно во својот град, гаејќи љубов кон свој другар од заложничките дни. Неуспешната љубовна приказна му завршува со раѓање на нова љубов, обид да преведува на сивремен јазик, старогрчки дела. Додека се обидува да изведе претстава за деца, со 5 ученици на кои им ја пренесува приказната, библиотеката е под терористички напад. Напаѓачот е Симор. Аутисточно сиромашно дете од самохрана мајка хигиеничарка. Разочаран од рушењето на шумите во градот и изградбата на елитни населби на нивно место, се навлекува на пропагандни групи за заштита на животната средина до степен што на 17 годишна возраст се обидува да постави бомба во библиотеката, бидејќи истата дели ѕид со агенцијата за недвижности која ги гради елитните населби. Планот, секако дека оди надвор од замисленото.
Петтиот лик е од иднината. Креирана е реплика на Ноевата арка, во форма на вселенски брод кој патува во вселената, за одбрана група на луѓе да насели нова планета на оддалеченост од над 4000 светлосни години, откако животот на земјата замира. Констанца и случувањата на вселенскиот брод е плод на имагинацијата на авторот.
За цело време приказната не' потсетува дека цело време треба да се надеваме и бориме за подобро, иако крајот носи малку поонаков заклучок.
Улогата на библиотеките е истакната како важен фактор за зачувување на мислите во минатото, сегашноста и иднината, чувајќи ги од најопасното оружје на уништување - времето.
Long time, no see :D

Ја завршувам годината со 8 прочитани книги и уште една до пола, која ќе остане за 2026. Мислев дека покрај ѓаволчево дома и мојата скоро фул тајм улога на домаќинка, нема да имам време годинава за читање, ама скрпив нешто задоволително.

8. Никој и ништо во Париз и Лондон - Џорџ Орвел (10/10)

Топ книга, ептен ме бендиса. Сакам да читам за депресивниот живот на младите по првата светска војна и периодот мешу двете светски војни :D
Ме потсети на една од книгите на Хемингвеј (Сонцето повторно изгрева). Ако таа го опфаќаше расипничкиот живот на високата класа, Орвел зборува за најниската класа. Наводно автобиографска книга, за периодот кога после Бурма оди да се испроба во Париз, но се разболува и тргнуваат работите во лош правец. Сепак, како што имам читано не се сите настани вистински и има преувеличувано за подобар ефект во опишувањето.
Преживување од ден за ден, изгладнување со денови, главна гозба со компири, бајати лебови, леб со маргарин и чај. Спиење по најефтини мотели полни тавтабити, секојдневно менување преноќувалишта, спиење со десетици луѓе во иста просторија, спиење на камени површини, заложување на последните парчиња облека за да се закрпат наредните 2-3 денови итн.
Убав опис за тоа како работат рестораните, колку се внимава на хигиената (дури и предизвикал масовни реакции со описот на угостителската индустрија во Париз) и како се третираат или третирале вработените. Со посебен акцент на мијачите на садови како најниска класа, кои работеле по 80 часа неделно во најмизерни услови.
Опис на Лондон, како град во кој се плаќа дури и ако седнеш да одмориш. Суровоста на прифатилиштата, неблагодарноста на просјаците при добивање милостина од религиските објекти (сиромашниот секогаш го презира оној кој му дава милостина и во првата прилика во која може да покаже надмоќ, ќе го направи тоа), интересни закони (пример, да има бар 23 метри растојание меѓу двајца улични продавачи/сликари) итн.


Неколку убави поенти, како и секогаш од неговите дела.
Оние од високата гласа и работодавците директно влијаат за мизерниот статус на оние кои работат за мизерна плата со часови секојдневно, но оние интелектуалците од средна класа кои можат да издејствуваат подобри услови за напатените, никогаш нема да им дадат поддршка, затоа што се плашат од нив, сметајќи ги за дивјаци. Им е страв дека ако имаат повеќе слободно време, ќе го искористат за да крадат или да им наштетуваат на интелектуалците на различни начини.
Опишување на психичката слобода шро ја добиваш кога ќе го допреш дното. Бидејќи, подолу не можеш да одиш, а и во такви услови си успеал да преживееш, па макар од ден за ден.
Валоризирањето на парите во општеството, како луѓето се ценат според тоа колку пари имаат и штом паднеш под некое ниво на примања/имања, веднаш ќе наидеш на осуда и милостина.
Прашање во што се разликуваат просјаците кои пробуваат да ти продадат банални работи или да ти направат бескорисна услуга, од оние што имаат легална работа преку која ти продаваат нешто пробувајќи да те заебат?

Вреди да се прочита, ако некој не ја прочитал досега, со оглед дека е доста позната :D
 
24. Збогум најмила (Night Road) - Кристин Хана - 9/10
Книгава е тежок емоционален ролеркостер, не е 10ка оцената бидејќи беше предвидлива во голем дел и имаше некои клише моменти, но приказнава е ежење... Од истата авторка ја имав прочитано и “Прекрасна самотија“, книга за случувања во Алјаска, која имаше многу моќни описи на пределот и убаво доловен амбиент, па затоа и се нафатив да ја читам “Збогум најмила“. Приказна за тоа како загубата на млад живот може да ги промени животите во целост, како човек се менува и заборава на се кога телото го преполнува тагата. Бес и енергија насочен на погрешно место, пукање на сите страни. Приказна за моќта на мајчинството, конекцијата на близнаците, саможртвувањето, простувањето, истрајноста. Сум се нашол во ситуација кога сум си викал “ова да не се случеше или бар тоа да не го направев или барем тоа и тоа..“, но сите тие низа на настани се случиле со причина, а енергијата место да бараме различен епилог на тие 'what if' сценарија во минатото, ќе мораме кога тогаш да ја пренасочме на сегашноста и иднината, на тоа на кое што можеме да влијаеме. Ја препорачувам на секој кој му е до лесно читлива, трогателна литература.
25. Источно од рајот - Џон Стајнбек - 10/10

Какво ремек дело од книга за крај на годинава. Во новата година секој со вакви книги да се дружи е мојата желба до сите вас. Ова е трета моја прочитана книга од Стајнбек, кога помислив дека не може нешто да е подобро од “Плодови на гневот“, ја читам “Источно од рајот“ и буквално сум преплавен од позитивни и топли чувства.

Прекрасна книга и приказна со суштинска паралела со приказната од Библијата за Каин и Авел. Пораката е многу моќна. Никој не се родил злобен само затоа што имал злобен предок, секој има избор и секој сам е на крстопатот на животот во изборот меѓу доброто и злото. Импресиониран сум од начинот на кој беа разработени ликовите кои припаѓаат на двете крајности, едни на страна на доброто наспрема другите на злото, едни на наивноста наспрема другите на лукавоста, на чесноста напсрема блудот. Омилени ликови дефинитивно беа кинезот Ли и Семуел.

Независно што сте прошле во детството, секогаш имате шанса да се изградите во квалитетна личност и да бидете најдобрата верзија од себе. Независно кој биле вашите родители или предци и што направиле, со што се бавеле и какво зло некому нанеле, вие не сте тие, вие немате ништо злобно наследено од нив, вие можете да сте штитот и да ја повлечете линијата која ќе ве дистанцира од нив. Вие имате шанса да направите да се прекине секој пренос на зло, немојте никогаш да си препишувате туѓи гревови, ниту пак да дозволите тие да ви го дефинираат животот. Книгава е најтопла препорака за секој.

Среќна нова година и ширете љубов и позитива, барем толку можеме, а и што повеќе ни треба.
 
Од следната година ќе се потрудам како читам така да внесувам тука со кратка рецензија, сега ми се насобраа што од неактивност на форумот што од моја страна па заборавени ми се некои впечатоци; затоа сега само ќе набројам што имам прочитано оваа година.

1. Големиот Гетсби - Ф.С Фицџералд

2.Човекот кој шета книги - Карстен Хен

3.Земјата што ја газиме - Хесус Караско

4. 9 Ноември - Колин Хувер

5. Сестрата на Зигмунд Фројд - Гоце Смилевски

6.Диссомнии - Игор Станојоски

7. Појадок кај Тифани - Труман Капоти

8. Тупаници - Пјетро Гроси

9. Ние децата од железничката станица ЗОО - Кај Херман и Хорст Рих

10. Авантурите на Артур Гордон Пим - Едгар Алан По

11. Canone inverso - Паоло Мауренсиг

12. На запад ништо ново - Ерих Марија Ремарк

13. Парфем - Патрик Зискинд

Прочитав и многу стрипови оваа година па ако се бројат и тие или ве интересира ќе ги пишам и нив:

Berserk manga 1-24 volume
Drifters manga 1-7 volume

Pulp - Ed Brubaker
Blacksad - Juan Diaz Canales
Tex: The lonesome rider - Claudio Nizzi
Asterios Polyp - David Mazzucchelli

Се читаме наредната година :)
14. Сибирка - Лидија Чарскаја
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom