Кајганџиски книжевен предизвик за 2025 година

  • Креатор на темата Креатор на темата Zlatikevichius
  • Време на започнување Време на започнување

Колку книги сметате дека може да прочитате во 2025?

  • Вкупно гласачи
    34
  • Гласањето е завршено на .
18. На полковникот нема кој да му пишува - Габриел Гарсија Маркез - 7.5
После толку книги од “средно-тешка“ категорија (по бројот на страни секако), време беше и за една “перо“ категорија од по 80 страни. Нека не ве буни оцената, книгата ми се допадна и оцената е максимална за еден ваков тип на книга. Мене лично малку ми се 80 страни за да се внесам во приказната, па затоа и најчесто на литература од 250+ страни одам, но секако има исклучоци. Уште еднаш се уверив дека Габриел Гарсија Маркез ми е на самиот врв на топХ автори, едноставно уживам во неговите книги и стил. Книгава е со доста слична порака како “Чекајќи го Годо“, само што тука фокусот е на човековата тврдоглавост, упорност и достоинство, но и двете се базирани на вечна надеж, чекање на нешто што никогаш не доаѓа. Убаво ми дојде книгата малку да ме разниша и да ме потсети колку често во животот цврсто се држиме за нешто и не сакаме да го пуштиме и да се адаптираме, па макар постојано ја плаќаме цената за истото преку наша несреќа и/или несреќа на блиски. Полесно ни е да веруваме во надеж и покрај тоа што знаеме дека е лажна. Атмосферата беше доста интересна иста, навидум ништо конкретно не се случува, а од сите страни, секој момент се очекува да пукне нешто/некој. Во еден ден се чита така да нема што да му ја мислите, може да и дадете шанса.
19. Лолита - Владимир Набоков - 8.5
Книга која дефинитивно не е за секој и воопшто не е лесна за читање. Огромна храброст требала своевремено кај Набоков да ја издаде истата, крајно контроверзна за тоа време (па и за сега), во поговрот беше и напишано дека многу издавачки куќи одбиле да ја издадат, пред конечно да биде издадена во 1955. Главна тема на книгата е педофилијата, главни ликови се Хумберт и дванаесетгодишната Лолита. Преку записите на Хумберт и делото раскажано во прво лице, тој пробува да најде оправдување за неговите неморални постапки и однесувања. Почнувајќи од тоа дека Лолита наликувала на негова трагична љубов од тинејџерските денови, па потоа дека и Лолита со самите детски постапки самата иницирала интимни физички контакти, па завршувајќи до тоа дека со тоа што ја злоупотребува и го спасува и олеснува животот, да не заврши во дом со лоши воспитувачки итн. Низ наративот се ова е прикажано во некоја невина верзија од гледната точка на Хумберт, а реалноста е хорор верзијата на Лолита која не ја читаме и последиците што целите настани ги имаат врз неа. Изгубено детство, изгубена доверба, одземена слобода, уништена судбина и уништен живот. Патем да нагласам дека нитуеден сексуален чин во книгава не е опишан во било какви детали, истата не е порнографија, целта е да ги видиме искривеното гледиште и што се низ главата минува на тие луѓе - нелуѓе. Мене книгава длабоко ме потресе, огромна морална тежина си носи, ја препорачувам на секој што би сакал да се нафати да чита вакво нешто. Патем открив малку повеќе детали околу содржината од вообичаено што откривам, но мислам дека може да е клучно за некој што ја нема прочитано да одлучи дали да ја чита или не.
 
Ја почнав книгава и јас пред некое време. Ама ја прекинав. Некомфортно се чувствувам додека ја читам, доста е психопатска.
 
20. Сонцето одново изгрева - Ернест Хемингвеј - 8.5
Со ова ја достигнав предвидената бројка од предизвикот, но секако ќе продолжам со истиот и ќе гледам максимално да го искористам слободното време вложувајќи го во некоја нова книжевна авантура. Патем со ова дело си комплетирав некој зацртан круг на дела на Хемингвеј што ги имав таргетирано (Старецот и морето, За кого бијат камбаните, Збогување со оружјето, Сонцето одново изгрева + збирка од раскази). Можам да заклучам дека уживав читајќи ги неговите дела, истите не беа во секој момент интересни, но стилот на авторот е крајно симпатичен и многу ми се допаѓа тоа што дејствата во книгите се во голема мера пресликувања на неговиот живот и тоа не само на местата и настаните, туку и дамите со кои бил женет во одреден период (вкупно 4 на број) може да се најдат пресликани во некој лик во книгите. И таа легендарна "iceberg" теорија, каде што 1/8 е само “на површина“ и откриена од Хемингвеј преку јасни факти и описи, а останатите 7/8 ние ги поврзуваме во нашата глава, преку симболика на настаните, преку поврзување на логичкиот тек на истите, преку постапки на ликовите и нивни дијалози, мене ми е феноменална и ептен е убаво искуството да поминуваш низ тоа, мозокот и имагинацијата работат до бескрај. Накратко главен лик во книгата е Џек, кој има последици од војната (чест случај во многу дела на Хемингвеј), патем и за истите тие последици е применета ајзберг теоријата, никаде експлицитно не се нагласени кои се, ниту се зборува за нив, но може да се сфатат од дијалозите, шегите упатени кон него, како и кон размислувањата, гледиштата негови. Џек е заљубен во Брет, меѓу нив има голема почит, љубов и разбирање, но тие не можат да бидат заедно поради споменатите последици од војната. Џек е сопатник и сведок на Брет низ сите нејзини потамошни љубовни авантури. Најголем дел од дејството се одвива во Памплона, Шпанија на фестивалот со бикови Сан Фермин, кој сеуште постои и се оддржува. Книгата е за изгубената генерација после првата светска војна, како се поместени моралните вредности, како една цела генерација е уништена и пробува да го најде спасот во алкохолот, брзиот живот, заборавот, блудот. Во поговорот и имаше убаво напишано “Можеби книгата не е само за неговата генерација и неговото време, можеби книгата е за секоја генерација и секое време“. Уште една моја препорака.
 
6. Рибарите - Чигози Обиома (3,8/5)

Некако 3,5 ми е ниска, а 4 висока оценка за оваа книга. Прв пат давам оценка која што е некаде измеѓу. Им давам шанса на писатели од понеобични земји. Можеби прв пат читам книга од афрички писател, поточно нигериец кој ако не се лажам целосно е школуван и живее во Америка од млади години.
Интересна приказна за едно многудетно нигериско семејство од Акуре, родното место на писателот. Сторијата е прикажана низ очите на четвртиот син во фамилијата, во која заминувањето на таткото на работа во друг град и неговото доминантно патријархално однесување доведува до испуштање на конците во воспитувањето на постарите неразделни синови. Приказна за нигериското општество во 90-тите години. Граѓанска војна, продорот на христијанството и влијанието на западната школа, но и најважното, племенската култура, сиромаштијата и суеверието. Токму суеверноста на браќата и општеството ќе направи предвидувањето на еден локален лудак да им навлезе во психата на дел од главните ликови што ќе доведе до психочко растројство, предизвикување на судбината и трагичен крај. Носење на семејството со трагедијата, грижата за останатите деца, нивната одмазда и казна. Приказна за силината на братските односи, неостварените соништа, политичката сцена во Нигерија во 90-тите и тамошните обичаи, скоцкана во брзочитачка книга од 300+ страници.

7. Град во облаците - Ентони Дор (5/5)

Или поточно 10/10 за Cloud Cuckoo Land :D
Прекрасна книга, мило ми е што и дадов шанса, иако периодов немам толку време за книги со толкав број на страници.
Дел од книгата ме потсетува на приказната за Сараевската хагада, бидејќи и таму имаме фиктивна приказна за "патот" по кој хагадата се зачувала од нејзиното креирање до денес. Ентони Дор црпел инспирација од повеќе историски дела, а во основата е некое дело на старогрчкиот писател Антониј Диоген. Дело кое било копија од некое писание од војник од четата на Александар Македонски кој го препишал од 24 плочки кои ги нашол закопани под надгробна плоча со примамлив текст. Се следи текот на зачувувањето и препишувањето на приказната за еден овчар кој мечтае и тргнува по потрага за градот во облаците каде што желките на грбот носат медени колачиња, низ реките тече вино и никој не страда. Приказната се следи низ призмата на 5 различни личности кои живеат во различна доба од историјата и текстовите посветени на секој од нив се одвиваат наизменично по временски нелинеарен редослед. На некои им пречи тоа при читањето, бидејќи се движиме напред-назад низ времето и треба да се навраќаш по страниците и особено што чим дошло до интересен заплет на приказната на некој лик, се преминува на другите ликови и се враќаш назад по 30 страници :D
Ана и Омер се ликови кои живеат во 15 век, во времето на султановиот напад врз Константинопол. Ана е пргаво девојче кое живее од едната страна на градските ѕидини, заштитена во женски манастир, заинтересирана да се образува. Омер е момче грдосија, кое турците го сметаат дека носи несреќа. Благодарение на неговата љубов кон животните и неговите расни волови, завршува во султановата поворка која ита во освојувачки поход на Константинопол. Не можам да не уживам во сите историски детали кои се обидел да ги опфати Ентони во приказната за овие две млади деца, кои ќе ја откријат книгата во која некој ја запишал приказната.
Зино е старец во сегашноста (2020 година) кој по трауматичното заложништво во корејската војна, се враќа стихијно во својот град, гаејќи љубов кон свој другар од заложничките дни. Неуспешната љубовна приказна му завршува со раѓање на нова љубов, обид да преведува на сивремен јазик, старогрчки дела. Додека се обидува да изведе претстава за деца, со 5 ученици на кои им ја пренесува приказната, библиотеката е под терористички напад. Напаѓачот е Симор. Аутисточно сиромашно дете од самохрана мајка хигиеничарка. Разочаран од рушењето на шумите во градот и изградбата на елитни населби на нивно место, се навлекува на пропагандни групи за заштита на животната средина до степен што на 17 годишна возраст се обидува да постави бомба во библиотеката, бидејќи истата дели ѕид со агенцијата за недвижности која ги гради елитните населби. Планот, секако дека оди надвор од замисленото.
Петтиот лик е од иднината. Креирана е реплика на Ноевата арка, во форма на вселенски брод кој патува во вселената, за одбрана група на луѓе да насели нова планета на оддалеченост од над 4000 светлосни години, откако животот на земјата замира. Констанца и случувањата на вселенскиот брод е плод на имагинацијата на авторот.
За цело време приказната не' потсетува дека цело време треба да се надеваме и бориме за подобро, иако крајот носи малку поонаков заклучок.
Улогата на библиотеките е истакната како важен фактор за зачувување на мислите во минатото, сегашноста и иднината, чувајќи ги од најопасното оружје на уништување - времето.
 
20. Сонцето одново изгрева - Ернест Хемингвеј - 8.5
Со ова ја достигнав предвидената бројка од предизвикот, но секако ќе продолжам со истиот и ќе гледам максимално да го искористам слободното време вложувајќи го во некоја нова книжевна авантура. Патем со ова дело си комплетирав некој зацртан круг на дела на Хемингвеј што ги имав таргетирано (Старецот и морето, За кого бијат камбаните, Збогување со оружјето, Сонцето одново изгрева + збирка од раскази). Можам да заклучам дека уживав читајќи ги неговите дела, истите не беа во секој момент интересни, но стилот на авторот е крајно симпатичен и многу ми се допаѓа тоа што дејствата во книгите се во голема мера пресликувања на неговиот живот и тоа не само на местата и настаните, туку и дамите со кои бил женет во одреден период (вкупно 4 на број) може да се најдат пресликани во некој лик во книгите. И таа легендарна "iceberg" теорија, каде што 1/8 е само “на површина“ и откриена од Хемингвеј преку јасни факти и описи, а останатите 7/8 ние ги поврзуваме во нашата глава, преку симболика на настаните, преку поврзување на логичкиот тек на истите, преку постапки на ликовите и нивни дијалози, мене ми е феноменална и ептен е убаво искуството да поминуваш низ тоа, мозокот и имагинацијата работат до бескрај. Накратко главен лик во книгата е Џек, кој има последици од војната (чест случај во многу дела на Хемингвеј), патем и за истите тие последици е применета ајзберг теоријата, никаде експлицитно не се нагласени кои се, ниту се зборува за нив, но може да се сфатат од дијалозите, шегите упатени кон него, како и кон размислувањата, гледиштата негови. Џек е заљубен во Брет, меѓу нив има голема почит, љубов и разбирање, но тие не можат да бидат заедно поради споменатите последици од војната. Џек е сопатник и сведок на Брет низ сите нејзини потамошни љубовни авантури. Најголем дел од дејството се одвива во Памплона, Шпанија на фестивалот со бикови Сан Фермин, кој сеуште постои и се оддржува. Книгата е за изгубената генерација после првата светска војна, како се поместени моралните вредности, како една цела генерација е уништена и пробува да го најде спасот во алкохолот, брзиот живот, заборавот, блудот. Во поговорот и имаше убаво напишано “Можеби книгата не е само за неговата генерација и неговото време, можеби книгата е за секоја генерација и секое време“. Уште една моја препорака.
21. Моби Дик - Херман Мелвил - 6/10
Ова е исклучително тешка книга за читање. Во нитуеден момент не ми беше релаксирачко искуство, ме премори и исцрпи книгата. Читачкото искуство беше напорно од 3 причини: прво е напишана со многу архаични зборови, преводот на македонски е доста конфузен (патем во англискиот јазик и нејзиниот оригинал стотина зборови се спасени од заборав поради книгава), второ премногу длабоко е навлезено во тематиката со информации што се сомневам дека има многу луѓе што ги интересираат (видови китови, анализа на уметничките дела каде што има кит, органи на китови и нивна намена) и трето постојано има скокање од една на друга тема, приказни од религијата, сегашноста, приказни од минатото, размслувања. Бидејќи со мајка ми читаме исти книги, ова беше прва книга каде што она се откажа и не успеа да ја дочита, јас таков сум упорен секогаш и ја дочитав иако повеќе од месец скоро ми требаше. Е сега, книгата има и позитивни, едукативни и емотивни моменти, само бара големо трпение да стигнеш до нив. Многу ми се допадна постојаната симболика што се провлекуваше во книгата. Симболиката со птицата на крајот, симболиката со бродот Рејчел што на крај доаѓа по Исмаел, симболиката со ковчегот... Многу убави поуки може да се извлечат од книгата, главната е секако дека човекот не може да оди против природата и никогаш човекот нема да е владар на светот. Животот дава шанси да се предомислиме во нашите намери и постапки ако патот и изборот е погрешен, се додека не е предоцна и нема веќе назад. Накратко во книгата главниот лик Исмаел тргнува на лов на китови со бродот „Пиквод“, чиј капетан Ахав е опседнат со одмазда кон огромниот бел кит Моби Дик, кој му ја одзел ногата. Мешани чувства имам после книгава, доста е мачна за читање, не е за секој и воопшто не е за некој кој бара лесно четиво, но е богата и содржајна.
 
11. Murder at the vicarage - Agatha Christie (првата од серијалот на Miss Marple чинам), 4/5
12. Покана за пријателство - Танасис Химонас 2.5/5
13. Hiroshima - John Hersey 4.5/5
14. Кон езерото - Капка Касабова (Или-или издание) 5/5
15. The painted veil - W. Somerset Maugham 4.5/5
16. 1356 - Bernard Cornwell 4/5
17. The end of your life book club - William Schwalbe 3.5/5
 
16. Волга Волга - Миљенко Јерговиќ (Антолог, 2023 (оригинално објавен 2009))

1762978411012.png

Не знам што да напишам за оваа книга. Таа е повеќеслојна исповед на еден човек кој се обидува да остане човек, да го зачува својот идентитет, да не полуди... Џелал Пљевљак 15 години секој петок со својата Волга поминува по 116 километри, од Сплит до Ливно, каде ја посетува петочната молитва и потоа се враќа назад. Кога мисли дека ја знае секоја педа земја од патот, судбината по не знам кој пат си поигрува со него и во едно зимско утро кога снегот го завева, го носи во едно попатно селце каде едно семејство ќе му го смени животот засекогаш.

„Волга Волга“ е една трогателна животна сторија за потрагата по себеси, за идентитетот и за осаменоста, но таква во која испреплетени се и политичките случувања во Југославија, а на крајот и своевидна парабола за распадот на старата држава и за тој некој кој некогаш ти бил брат, а сега те држи на нишан со пушката во тилот. Извонредно напишан роман, во три дела од кои два се во прво лице, каде наратор е главниот лик, Џелал Пљевљак, а средишниот дел, срцето на романот е новинарска статија во која документаристички е опишан животот на Пљевљак и лицата кои се појавуваат на неговиот животен пат. Некако самиот тек на дејството, сите настани одеа во нагорна линија и очекував некој посилен крај, кој морам да признаам дека малку ме разочара. Но го разбирам изборот на Јерговиќ така да ја заврши оваа своевидна сага. Во секој случај добар роман! 4,5/5
 
09. Црна мајка земја - Кристиан Новак (ПНВ Публикации, 2021 (оригиналот издаден 2013))

Прегледај го приврзокот 450255

Јас сум човек кој речиси никогаш не плаче. Тврд како орев, некогаш и на тешки животни предизвици ми било тешко да пуштам солза. Но затоа имало случаи кога сум плачел како дете на неважни работи како филмови или епизоди од серии и навистина никогаш не сум успеал да најдам рационално објаснување за тоа. Но книга не ме натерала да пуштам солза... До сега! „Црна мајка земја“ („Črna mati zemla“ во оригинал, на чакавско наречје или подобро, по ново, чакавски јазик) ме скрши целосно, ме наежи, распарчи и ме натера не да плачам, туку да липам на последните реченици пред епилогот. Еве и сега, додека го пишувам ова јас сум наежен од глава до пети и не можам да се соземам по се ова што го прочитав. Не знам ни како да ги објаснам сите овие чувства кои ме запоседнаа без да влезам во спојлери, па затоа доколку не сакате да знаете ништо за романот пред да го прочитате, не продолжувајте да читате надолу. Иако, ќе се обидам да не откријам ништо од главниот тек на приказната освен од прологот и ќе запрам со cliffhanger кој секако ќе ве натера да го прочитате ова ремек дело.

„Црна мајка земја“ е интересно структуиран роман. Почнува со еден краток пролог кој е еден новинарски текст што зборува за еден необичен феномен кој се случува во областа Меѓумурје во денешна Хрватска во 1991 година: во таа година само во таа област се евидентирани дури 21 самоубиство, што е меѓу највисоките забележани стапки на суицид во Хрватска. Од нив, само во едно, неименувано село во Меѓумурје, со само 108 жители, и тоа во рок од само неколку недели, забележани се дури 8 самоубиства од кои само во еден случај е пронајдено проштално писмо во кое е објаснета причината за самоубиството - тешката терминална болест. За сите останати 7, интервјуираните жители на селото наоѓаат причина дел во депресијата која доаѓа со распадот на Југославија односно осамостојувањето на Хрватска, дел во немаштијата која почнува да ги погаѓа сите со бавната смрт на комунизмот, дел во сектата „Црна ружа“, дел во фолклорот и приказните, дел во наводната непозната личност која тајно ги посетувала луѓето и ги наговарала на самоубиство, но дури 89 испитаници како причина за самоубиствата го споменуваат лицето М.Д. кој бил во непосреден контакт со сите 8 луѓе пред да ги извршат тие самоубиства. И сето ова можеби нема да е толку чудно, доколку авторките на тој текст не продолжат дека М.Д. во тоа време, во 1991 година имал само 7 години!

Дејството потоа преминува во Загреб, каде младиот, но веќе афирмиран писател Матија Доленчец се мачи со две работи: првата - авторската блокада која настапува по огромниот успех на неговиот роман-првенец. И втората - врската со девојка која ќе почне полека да го губи и трпението, но и интересот за него кога сфаќа дека Матија лаже за многу работи кои се случиле во неговото детство и растење, дека измислува приказни што реално никогаш не се случиле и најтешко од се - што и самиот верува во нив. Но по нивното разидување, Матија сфаќа дека таа е во право, но тој не го прави тоа намерно, туку сфаќа дека навистина не се сеќава буквално на ништо од неговото рано детство. За подоцна, едно универзитетско предавање и еден единствен слушнат збор да му ги врати сите сеќавања...

Она што следува е еден толку збиен текст во кој нема ни нешто одвишок, ни нешто помалку од тоа што треба. Еден текст кој ќе ве насмее, ќе ве замисли, ќе ве натажи, ќе ве врати во времето кога вие сте биле деца, и реков - на крај ќе ве скрши на милион парчиња. Но не е само текстот, односно романот во роман тоа кое е импресивно тука, туку и еден вистински подвиг на преведувачот и издавачот (Сашо Огненовски, ПНВ Публикации). Имено, дијалозите во романот, исто како и неговиот оригинален наслов се напишани, како што спомнав погоре, на чакавски јазик (или наречје) кој во голема мера отстапува од нормите на хрватскиот стандарден јазик. За да го доловат и духот на руралното, но и да останат доследни до оригиналната структура на романот, одлучуваат деловите на чакавски да ги преведат на охридски дијалект, но не градскиот охридски, туку дијалектот од Велестово, за што ангажирале консултантски услуги од повеќе лица: професори, лингвисти, писатели... И навистина испаднало добро тоа што е направено! Јас би сакал да го прочитам ова и во оригинал, на хрватски и чакавски, но претпоставувам дека би ми било тешко, со оглед на тоа што читам дека чакавскиот е предизвик дури и за самите Хрвати, а не пак за мене.

И што уште да кажам за овој извонреден роман кој успеа целосно да ме растури, да ме натера да се вратам во моето детство, да се присетам на некои мои стравови, фобии, места и настани и да посакам да појдам јас во Меѓумурје во 1991 и силно, силно да го гушнам малиот М.Д? Ова е од една страна тежок и мрачен роман, но од друга - со многу хумор, гротескност, магичен реализам и фолклорни верувања - нешта кои го прават неверојатен.

A must read роман! Ова влегува не само во најдобрите романи од Балканот од она многу малку што го имам прочитано од тука, туку (да не претерам, но така е) веројатно во топ 3 романи кои сум ги прочитал во животот! Најтопла препорака до сите вистински љубители на книжевноста!

И едвај го чекам филмот кој ќе го режира сега веќе номинираниот за Оскар режисер Небојша Сљепчевиќ и кој, ако не се лажам, веќе е влезен во продукција.
___________________________________________________________________
Поминаа скоро 2 месеци откако го прочитав овој роман, а се уште ме лазат морници од него при првата помисла. Неверојатно, навистина неверојатно дело!
Se mavtav nis ovaa tema, go procitav cel tekst pa i jas zaplakav od tekstot samo a ne pa da ja citam knigata.... Dodeka ja citav Ringispil od Jelena B.A. 5 dena placev i napraviv i mala soobrakajka posto se osekas kako na tebe da ti se desil nastanot... ne si pri sebe, Zenata e fanatik za tragedii, ke gledam da i ja nabavam iznenaduvanje.....ovaa mirisa kako Ringispil go ima misterioznoto kako i filmot Toma, zivotot vo tie godini kaj raspadot na Yugoslavija. Tezok Mracen Bizaren, ne postoi po nehativen epitet sto bise opisal....to je to.
 
21. Моби Дик - Херман Мелвил - 6/10
Ова е исклучително тешка книга за читање. Во нитуеден момент не ми беше релаксирачко искуство, ме премори и исцрпи книгата. Читачкото искуство беше напорно од 3 причини: прво е напишана со многу архаични зборови, преводот на македонски е доста конфузен (патем во англискиот јазик и нејзиниот оригинал стотина зборови се спасени од заборав поради книгава), второ премногу длабоко е навлезено во тематиката со информации што се сомневам дека има многу луѓе што ги интересираат (видови китови, анализа на уметничките дела каде што има кит, органи на китови и нивна намена) и трето постојано има скокање од една на друга тема, приказни од религијата, сегашноста, приказни од минатото, размслувања. Бидејќи со мајка ми читаме исти книги, ова беше прва книга каде што она се откажа и не успеа да ја дочита, јас таков сум упорен секогаш и ја дочитав иако повеќе од месец скоро ми требаше. Е сега, книгата има и позитивни, едукативни и емотивни моменти, само бара големо трпение да стигнеш до нив. Многу ми се допадна постојаната симболика што се провлекуваше во книгата. Симболиката со птицата на крајот, симболиката со бродот Рејчел што на крај доаѓа по Исмаел, симболиката со ковчегот... Многу убави поуки може да се извлечат од книгата, главната е секако дека човекот не може да оди против природата и никогаш човекот нема да е владар на светот. Животот дава шанси да се предомислиме во нашите намери и постапки ако патот и изборот е погрешен, се додека не е предоцна и нема веќе назад. Накратко во книгата главниот лик Исмаел тргнува на лов на китови со бродот „Пиквод“, чиј капетан Ахав е опседнат со одмазда кон огромниот бел кит Моби Дик, кој му ја одзел ногата. Мешани чувства имам после книгава, доста е мачна за читање, не е за секој и воопшто не е за некој кој бара лесно четиво, но е богата и содржајна.
22. Кој го здипли моето сирење? - Спенсер Џонсон - 7/10
Генерално не сум фан на вакви книги, бидејќи сакам читачкото искуство кај мене да предизвика бегство од светот, да ми разгради ликови и релации во главата со кои ќе се зближам, а такво нешто не наоѓам во никоја од овие книги кои носат поднаслов “како да___“. Но книгава одзима само 2 часа, има 96 страни, но голем проред, големи букви, мисли - пораки кои зафаќаат цела страна како слика, така да реални се некои 50-60 страни, ништо повеќе. Интересна приказна за две глувчиња Душкало и Брзи и двајца луѓе Туцко и Муцко, кои имаат различен карактер, кој им користи или им одмага да стигнат до сиренцето (читај успехот, зацртаните цели). Убави пораки кои може да ни се најдат во секојдневието и да не замислат кој карактер од книгата сме всушност ние, дали можеби не сакаме да прифатиме некоја наша особеност, која итно треба да ја промениме ако сакаме да промениме на подобро нешто, reality check книга. Меѓу подобрите мисли да издвојам: “Побезбедно е да се талка низ лавиринтот отколку да останеш таму каде што нема сирење“, “Колку побгу ќе го преболиш старото сирење, побргу ќе го пронајдеш новото“, “Ако на време ги забележиш ситните промени, полесно ќе се приспособиш на крупните кога ќе наидат“. Јас дефинитивно не сум Душкало, а останатите тројца можам да бидам во одредена ситуација и во одреден момент од мојот живот. Ја препорачувам.
 
Ф. Скот Фицџералд - Убави и Проклети

Книга за животот на Ентони Печ и Глорија, а.к.а најлошиот пар во литературата.
Ако Ромео и Јулија се идеалот, ова е тоталната спротивност.
Луѓе кои се мизерни во секоја смисла на дефиницијата, и во карактер и во начин на живеење.
Секоја нова страница беше како работите одат на полошо за нив. И не ти е воопшто жал хаха.
Тапа крај, заслужуваа полошо.
3/5
Автоматски споено мислење:

Смртта на Иван Илич - Лав Толстој

На време не напишав рецензија, сега малку ми е избледнето сеќавањето, но е книга за бавното умирање на Иван Илич, сите мисли што ги има човек кога е соочен со крајот на својот живот, очајот и помирувањето.
4/5
 
Последно уредено:
Здраво друштво,
се надевам дека иако сме пред крај на годината и дека сум нов форумот, ќе можам и јас да се приклучам на предизвикот. Последната книга ја прочитав во 2020 за време на пандемијата и баш Кајгана форумов ме мотивира пак да се вратам на книгата и затоа решив да се приклучам и да пишувам.

1. На пат - Џек Керуак (Три)
471194111_10162231381999817_1146004443963090474_n.jpg
Автобиогравски роман на Џек Керуак и неговото друштво за нивните патувања низ Америка и мал дел низ Мексико. Романот иако е автобиогравски имињата на ликовите се сменати, но не е тешко да се најде за кој се зборува. Интересен за читање, полн со настани и случки ама без никаков развој, без никакво дејство. Можеби ликовите и романот е култен за некој кој е запознаен со Бит генерацијата и историјата на џезот, но за мене беа некако само книжевни ликови и ништо повеќе. Не ме заинтересира нешто повеќе да прочитам или проучам за нив.

2. Повикот на дивината - Џек Лондон (Ѓурѓа)

Сум ја читал повеќе пати и пак би ја читал. За мене повикот на дивината е мотивациска книга, каде преку Бак, ни кажува дека минатото е минато и никогаш нема да се врати и секогаш да гледаме кон иднината и што таа ни носи. На Бак иднината ништо добро не му донесе, туку живот на ладниот Арктик како влекач на санки под раководство на секакви сопственици/газди. И покрај тоа, тој успева да преживее и не само да преживее туку и да се пронајде самиот себе во тој свет. Тој рано научи дека, по македонски „кај што има сила нема правдина„ и брзо научи да се прилагодува на секоја нова ситуација, колку и да била тешка.
Целта на читањето на книгава уствари беше, да пробам да слушам аудио книга. Мислев прво ќе слушам, па после ќе ја прочитам, за да видам дали сум разбрал. Ама за слушање ми требаше повеќе концентрација, нон стоп се враќав назад и губев доста време, така да побрзо ја прочитав и никогаш не завршив со слушање на аудио книгата. Mission failed.

3. Тишини - Меша Селимовиќ (Антолог)
tishini_2d_a.png
Книгава воопшто не ми беше во план некогаш да ја читам. Сакав (и уште сакам) да ги прочитам „Дервишот и смртта„ и „Тврдина„, ама кога ги купив тие две „Тишини„ беше на понуда и попуст во Стокомак, па реков зошто да не. Кога сакав да почнам со Меша Селимовиќ, видов дека „Тишини„ е неговата прва книга и решив со неа да почнам.
Мене ми беше тешка за читање. Иако не е автобиогравска има доста елементи од својот живот. Се работи за повратник на војник од војна. Од Втора светска војна. Го следи животот на авторот во неговата борба да се навикне на цивилниот живот и да ги остави случувањата од војната позади себе. Тешко му е да оствари нормална врска со сите со кои се среќава, пред се со жените. По нашки, непогоден е, а по модерно има PTSD. Кон се е рамнодушен, ништо не го радува, ништо не го прави среќен. Иако книгата не е за братот на Меша Селимовиќ, постојано се повторува темата за братот на главниот лик, кој исто бил учесник во војната и не знае што се случило со него, но за кој вели дека сеуште не е подготвен да го најде.
 
22. Кој го здипли моето сирење? - Спенсер Џонсон - 7/10
Генерално не сум фан на вакви книги, бидејќи сакам читачкото искуство кај мене да предизвика бегство од светот, да ми разгради ликови и релации во главата со кои ќе се зближам, а такво нешто не наоѓам во никоја од овие книги кои носат поднаслов “како да___“. Но книгава одзима само 2 часа, има 96 страни, но голем проред, големи букви, мисли - пораки кои зафаќаат цела страна како слика, така да реални се некои 50-60 страни, ништо повеќе. Интересна приказна за две глувчиња Душкало и Брзи и двајца луѓе Туцко и Муцко, кои имаат различен карактер, кој им користи или им одмага да стигнат до сиренцето (читај успехот, зацртаните цели). Убави пораки кои може да ни се најдат во секојдневието и да не замислат кој карактер од книгата сме всушност ние, дали можеби не сакаме да прифатиме некоја наша особеност, која итно треба да ја промениме ако сакаме да промениме на подобро нешто, reality check книга. Меѓу подобрите мисли да издвојам: “Побезбедно е да се талка низ лавиринтот отколку да останеш таму каде што нема сирење“, “Колку побгу ќе го преболиш старото сирење, побргу ќе го пронајдеш новото“, “Ако на време ги забележиш ситните промени, полесно ќе се приспособиш на крупните кога ќе наидат“. Јас дефинитивно не сум Душкало, а останатите тројца можам да бидам во одредена ситуација и во одреден момент од мојот живот. Ја препорачувам.
23. Мрачни тајни - Микел Хјорт и Ханс Розенфелд - 6.5/10
Ова е една од книгите што ми се во категорија “веќе видено“ и за една година ќе заборавам за што била, а и воопшто дека ја имам прочитано, најверојатно самиот наслов “ќе ми испари“ од глава. Сепак свесно земав вакво нешто полесно да читам, за малку да се стабилизирам од “Моби Дик“, после ова ќе прочитам уште една од категориите “полесна литература“, па ќе се вратам на класиците. Книгата е класичен крими трилер “сетап“, каде што извршено е убиство, па цело време се наведува дека виновникот е една личност, па како тече истрагата влегува втор осомничен на радар, за на крај убиецот да биде сосема трет човек што само површно се спомнал, а причините да се сосема различни од тие цело време што сме смислеле. Притоа почнувајќи со неколку паралелни приказни, развивање на карактери и нивно пресретнување како што минува дејството. Не беше лоша за читање, држеше внимание, но нема што посебно да одвојам тука, Тес Геритсен или Линвуд Баркли тип на книга. Сум кажал неколку пати за нив, првите неколку ќе ви се феноменални, ќе ги голтате буквите со очи, но потоа се ќе ви биде репетативно и шаблонски напишано, бар јас лично така ги доживеав. Не памтам дали друг пат имам прочитано книга од шведски автори, за понатака ми е дефинитивно планирана “Девојката со тетоважа на змеј“ (од шведски автор). Ако ви е за да поминете време и да пуштите мозок на пасење, добра е, ако ви е за нешто посериозно да прочитате, прескокнете.
 
Бесови - Фјодор Михајлович Достоевски

Бесови е словенски назив за демони, како што може да се најде на англиски или во другите јазици.

Тешка и комплексна книга. Книгата е поделена на 3 дела. Би рекла дека книгата истовремено разработува неколку различни теми, општество, религија, психологија и идеологија.
Според мене оваа книга најдобро ги разработува движењата на масите, или револуциите, од психолошки аспект.
Првиот дел е запознавање со ликовите, и не е премногу впечатлив, но се нагласува важноста на два лика кои подоцна ќе станат главни ликови:
-Николај Всеволодович Ставрогин
-Петар Степанович Верховенски
Ставрогин е мистериозен и неразбран господин со мрачно минато(не би открила тука), додека Верховенски го гледа како идол и фигура на некаков месија или пророк.
Од средината на Вториот дел до крајот на третиот дејството брзо да се движи, се откриваат заплети, интриги, и сплетки, како да се уништи едно општество со лесна манипулација на прогресивните идиоти.
Сеуште ја процесирам книгата, но ми остави голем впечаток, единствена забелешка е освен што може да биде напорна, може да биде многу збунувачка поради руската номенклатура, така во ист параграф се зборува за истиот лик еднаш со неговото прво име, некаде со неговото презиме, некаде со татково име, некаде со првото и татково име, а не се малку ликови.
Ја препорачувам оваа книга како задолжителна.
4.7/5
 
Ко за женско многу си отишла у длабокото. Си требала да ја земеш "Ова завршува со нас" од Колин Хувер. Не улавај толко у длабокото. Ова беше задолжителниот "мизогиничен" коментар што по закон морам да го дадам.

Ама! Ама! Чим оваа си ја издржала, без проблем ќе ги издржиш и другите негови, па и не негови што се позаебани од оваа. Од сите оваа му е најнеженска. Не дека па другите му се женски, ама оваа дефинитивно му е најнеженска.

I'm proud of you!
 
Не ми е прва книга од Достоевски :)
Во кој смисол неженска?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom