19. Лолита - Владимир Набоков - 8.518. На полковникот нема кој да му пишува - Габриел Гарсија Маркез - 7.5
После толку книги од “средно-тешка“ категорија (по бројот на страни секако), време беше и за една “перо“ категорија од по 80 страни. Нека не ве буни оцената, книгата ми се допадна и оцената е максимална за еден ваков тип на книга. Мене лично малку ми се 80 страни за да се внесам во приказната, па затоа и најчесто на литература од 250+ страни одам, но секако има исклучоци. Уште еднаш се уверив дека Габриел Гарсија Маркез ми е на самиот врв на топХ автори, едноставно уживам во неговите книги и стил. Книгава е со доста слична порака како “Чекајќи го Годо“, само што тука фокусот е на човековата тврдоглавост, упорност и достоинство, но и двете се базирани на вечна надеж, чекање на нешто што никогаш не доаѓа. Убаво ми дојде книгата малку да ме разниша и да ме потсети колку често во животот цврсто се држиме за нешто и не сакаме да го пуштиме и да се адаптираме, па макар постојано ја плаќаме цената за истото преку наша несреќа и/или несреќа на блиски. Полесно ни е да веруваме во надеж и покрај тоа што знаеме дека е лажна. Атмосферата беше доста интересна иста, навидум ништо конкретно не се случува, а од сите страни, секој момент се очекува да пукне нешто/некој. Во еден ден се чита така да нема што да му ја мислите, може да и дадете шанса.
Книга која дефинитивно не е за секој и воопшто не е лесна за читање. Огромна храброст требала своевремено кај Набоков да ја издаде истата, крајно контроверзна за тоа време (па и за сега), во поговрот беше и напишано дека многу издавачки куќи одбиле да ја издадат, пред конечно да биде издадена во 1955. Главна тема на книгата е педофилијата, главни ликови се Хумберт и дванаесетгодишната Лолита. Преку записите на Хумберт и делото раскажано во прво лице, тој пробува да најде оправдување за неговите неморални постапки и однесувања. Почнувајќи од тоа дека Лолита наликувала на негова трагична љубов од тинејџерските денови, па потоа дека и Лолита со самите детски постапки самата иницирала интимни физички контакти, па завршувајќи до тоа дека со тоа што ја злоупотребува и го спасува и олеснува животот, да не заврши во дом со лоши воспитувачки итн. Низ наративот се ова е прикажано во некоја невина верзија од гледната точка на Хумберт, а реалноста е хорор верзијата на Лолита која не ја читаме и последиците што целите настани ги имаат врз неа. Изгубено детство, изгубена доверба, одземена слобода, уништена судбина и уништен живот. Патем да нагласам дека нитуеден сексуален чин во книгава не е опишан во било какви детали, истата не е порнографија, целта е да ги видиме искривеното гледиште и што се низ главата минува на тие луѓе - нелуѓе. Мене книгава длабоко ме потресе, огромна морална тежина си носи, ја препорачувам на секој што би сакал да се нафати да чита вакво нешто. Патем открив малку повеќе детали околу содржината од вообичаено што откривам, но мислам дека може да е клучно за некој што ја нема прочитано да одлучи дали да ја чита или не.